Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
здраво,
најдов работа на оДеск 40саати неделно и кои се правилата за работење по саати да не знае некој поздрав. и да ми дадете некој совети за работењето по часови. фала однаппред.


Најде работа и те прифатија? Ако работата е платена по час симни ја нивната програма (https://www.odesk.com/downloads) и инсталирај ја. Кога ќе се инсталира ќе ти побара јузер и пас (истиот од оДеск нормално) ... вклучи се и ќе го видиш проектот во листата на проекти. За да почнеш да мериш време за проектот кликаш старт (пред тоа бираш за кој проект ако имаш повеќе) и тоа е тоа.
Е сега ... како програмата прави мониторинг на работењето. Во просек на секој 10 минути по еднаш прави слика од твојот екран и ја испраќа на сервер за твојот работодавец да може да види што си работел. Со сликата може да испрати и снимка од веб камера ако му дозволиш. Кога ја прави сликата дава звучен сигнал и порака кај таскбарот во која може да се види и сликата.
Покрај сликата се прави постојано надгледување на број на кликови на тастатура и на глувчето со прецизност во минута.
Врз основа на овие две евиденции работодавецот може во секое време да види колку сте активни на проектот (иако нормално не значи дека само тоа и го правите). Мој совет ... за почеток, додека работодавецот нема доверба во вас направените слики од вашиот компјутер кои не се поврзани со работата тргајте ги (имате опција кај пораката кога се прави сликата) со што ќе ви летнат 10 минути, но барем ќе останете чисти дека сте земале пари за работа а не за скајп или кајгана.
 
А зашто payza? Зошто се ограничуваш на само еден систем на банкарство кој не е воопшто распространет? Знам дека си убеден оти пејпал е невозможна мисија да се добави во Македонија, но ете јас имам 4 пејпал акаунти, сите примаат и праќаат пари без проблем. Ако јас сум успеал 4 да добавам, ти сигурно можеш баре 1 ако ги познаваш вистинските луѓе.

А дури и да не можеш да добавиш пејпал, зошто не се здружиш со некој што веќе има акаунт? Можете да остварите бизнис соработка, тој ќе ти ги повлекува парите за некоја ситна провизија. Ова ти е најчиста работа. На секои 100 евра дај му по 10 и глава нема да те боли со лимитирања, банки, трансакциски и штознам што. Твојата работа е да ги направиш парите, друг нека му ја мисли за кеширање.

Се` се сведува на тоа колку си заинтересиран да направиш пари. И јас многу пати кога добро ми одело, сум се задоволувал со 400-500 ама после ми текна - зошто бе 400 кога може 800? Ионака 8 саати дневно сум пред ПЦ, нема никаков изговор да не вложам екстра 2 саати и да го дуплирам приходот. Ако не го дуплирам, барем ќе си ја зацементирам својата позиција со позитивен фидбек и тоа што го печалам месечно ќе се претвори во стабилна сума. Нема да биде 800, ама затоа ќе биде 400 сигурни месечно.

Мене ми се чини дека проблемот кај тебе е што не си во околина на луѓе кои активно се занимаваат со ова. Кој и да те научил да профитираш со кликање, или те излажал или ни самиот не знае подобро. Тоа е многу стар и потрошен метод. Единствен начин да заработиш на кликање е всушност да отвориш сајт како bux.to и да им плаќаш на амалите да кликаат.

Ама како што реков, има почисти и полесни начини.

Пејпал е +18? Ако не е тогаш слободно може исплатата да биде преку него.
Не ми кажа на кој начи можам да заработам. Што треба да правам?
 
Убаво ви објасни Ал.
Иначе ги знам тие дечките од Скопје, Beyond мислам се викаат праат разни флипови врз парче хартија на кое стои имe нa лице, фирма итн. Ако имате идеја ќе имате и многу пари. :)
 
И зашто би отварал четири пејпал акаунти ако како што викаш сите четири ти функционираат? Се изнафали а ништо не помогна?
Затоа што има годишен лимит од 2500 евра на тоа колку можеш да примаш и праќаш. Лимитот на еден пејпал не ми стига. Реално последниве 4-5 години трошам 2 до 3 лимити годишно, а едниот пејпал ми е за резерва, во случај да ми скинат некој.

И ако сакаш со мене да дискутираш, обраќај ми се човечки. Таа иронија и дрскост за по дома чувај си ја. Бива?
 
Колку заработуваш, колку време трошиш и како? Купуваш реферали или сам ги носиш?

4.5 - 5$ на ден, ама дел од нив трошам за рентање на нови реферал пакет, а дел за нивно обновување. Кај Neobux е многу важно да имаш добра стратегија која најчесто е варијабилна во однос на ситуацијата. Моментално само купувам реферали додека не стигнам до 1000 купени реферали, а моментално имам 840. За време, отприлика едно пола саат дневно, во иднина планирам да вложувам повеќе. Ако те интересира уште нешто, слободно пиши ми ПП. :)
 
Не ги кријам туку твојот пост го видов откако го објавив мојот. Еве еден од начините како јас направив бизнисче со стабилна заработка.

1. Најпрво регистрирај се на fiverr.com.

2. Секој има талент некаков. Одлучи кој твој талент ќе го користиш. Програмирање, цртање, зборување, пеење, свирење - сеедно.
- Не е битно колку е глупав талентот, може да се монетизира. Има еден дечко од Скопје, си трча паркур. Си нуди услуга во која што снима видео во кое тој прави салто држејќи знак со натпис по желба на клиентот. Гадни пари си направи, гигот му е featured. Секој ден барем поо 7-8 гигови испорачува. Секој од нив нека е 5 долари (а ги има и поскапи), удрете му математика колку пари си прави.

Ако не ве бива за ништо, искористете ја околината. Ако сте од Скопје, понудете услуга на фотографирање или нарација на краток текст пред некој од спомениците. Ако имате џукела или друга животиња по дома, купете хартија за торта, напрскајте ја со smoke bbq сос (200 денари од веро), напишете ја пораката на клиентот на харијата со креон и дајте му ја хартијата на животното нека ја изеде. Works like charm.

Начини има милијарда, треба само една вечер да седнете и да смислите неколку (максимум 20) уникатни услуги кои би ги нуделе.

3. Создади нов gig таму во кој што ќе ја нудиш твојата услуга. 5 долари не се многу но кога ќе се собере количина, испаѓа еден куп. Во прво време дур да се стекнеш со позитивен фидбек, нуди повеќе од конкуренцијата. Потоа може да намалиш во границите на реалното.

4. Првите нарачки, зависно од видот на услугата, ќе почнат да стигаат во првите неколку дена, евентуално по недела-две. Како што минува времето, елиминирај ги неуспешните гигови и заменувај ги со нови свежи идеи. Тие што се успешни пак, барај начин како да ги автоматизираш и нивната изработка да ја направиш практична и ефикасна. Ако нудиш фотографии пред споменик, набави сталак и една плексиглас плочка врз која ќе го лепиш принтаниот натпис. Ако нудиш нарација, направи template фајл кој со еден клик ќе ти го прочисти и едитира гласот. Истото важи за фотошоп услуги - најди или изработи скрипти кои ќе го намалат времето на изработка на гигот. Запомни, колку пократко време на изработка, толку повеќе гигови дневно ќе можеш да доставуваш.

5. По некое време работите ќе си "легнат" и секоја услуга ќе почне да носи стабилни приходи на месечно ниво. Некоја повеќе, некоја помалку но нема да има големи девијации. Гледај профилот да си го специјализираш. Никој не ти забранува да отвориш повеќе профили. Јас ги имам 3. Еден профил за графички услуги, друг за програмирање, и така натаму.. Попрофесионално изгледа така.

6. Во меѓувреме регистрирај се на odesk, elance и сличните сајтови. Иако Fiverr носи стабилни приходи, истите не се големи. Реално докај 400-500 евра може да се очекува од Fiverr од сите профили заедно, за кои ќе трошиш 3-4 саати дневно, зависно од услугите. Сајтовите како odesk се за покрупни услуги, каде што имаш шанса да направиш голема пара. Таму услугите обично се над 100 долари а неретко достигнуваат и над 1000. Конкуренцијата е жестока па затоа поретко ќе добиваш задача од таму, но затоа кога ќе лапнеш една таква, по 2-3 месеци може да одмараш. За тие без техничко знаење, нека бараат internet research задачи каде што од нив ќе се бара да истражат одредена тема зададена од клиентот. Пример, некој ќе сака да знае колкава е посетеноста на онлајн продавниците за козметика во Австралија. Треба да посетите неколку сајтови за статистики и да извлечете финален заклучок, и истиот да го запишете во текст фајл. Data entry задачите бараат од вас да внесувате повторливи операции, како на пример да внесете бројки од еден документ во друг. Досадно, напорно но битно се плаќа.

7. Ако знаеш англиски, најлесна заработка е со пишување статии. 500-600 збора = 5 долари. Еден куп работа има со ова, кој и да почнал едвај можел да постигне. Со денешниот spell checking, не мора да се владее англискиот совршено, самиот word ги поправа грешките. Јас едно време пишував статии. Пример, ќе ти дадат тема да пишуваш за оџаците во некоја провинција на Амстердам. Ќе најдеш на нет 3-4 статии, ќе ги прочиташ и ќе ги препишеш во една, по твои зборови напишана.

Ова е само сосема мал дел на методите, се што треба е воља, креативност и еден компјутер. И ова се само легалните начини, за тие другите да не ни збориме ич..
Пиши на ПП за овие другите...
 
Браво, гледам ти си еден од оние што заработуваат, ама гледам и дека си вложил :)
Фала друже :). Па да, искрено треба одредена инвестиција која најчесто се враќа на подолг рок, ама нели ништо не бидува преку ноќ :).
 
Затоа што има годишен лимит од 2500 евра на тоа колку можеш да примаш и праќаш. Лимитот на еден пејпал не ми стига. Реално последниве 4-5 години трошам 2 до 3 лимити годишно, а едниот пејпал ми е за резерва, во случај да ми скинат некој.

И ако сакаш со мене да дискутираш, обраќај ми се човечки. Таа иронија и дрскост за по дома чувај си ја. Бива?
Добра ти е идејата со вадење на пари преку некој друг кој има неограничен пејпал. Ќе му дадеш некој процент и готово а вака ти е ризично може да ти останат парите блокирани на пејпалот.
 
Никој не ти ја дава својата златна кокошка. Јас можам само да ти го покажам патот (како што направив) ама не и да те водам по него чекор по чекор оти никој нема да ти ги оддава своите трговски тајни. Малку вклучи го мозокот сепак, и веднаш ќе ти падне жетонот и ќе ти текне како да дојдеш до пари. Не е така комплицирано.
 
Jugop Па барем ако си решил да се занимаваш со PTC, регистрирај се на neobux. Од кај го најде Bux.to се чудам, прастара страна и во повеќе наврати докажан scam. Ако сакаш да се замараш со срањава, оди на neobux, на форумот има македонци (или бар имаше пред 4-5 години), заработуваа некои доларчиња.. Нормално ќе мора да направиш инвестиција, од 100 долари па нагоре, и да изнајмиш пакет реферали, иначе без да вложиш ништо нема да заработиш.

Па имам и на Neobux, bux3, buxp, cashtream и др.
 
Вадење пари од Fiverr иначе не е ограничено на Пејпал. По првите 100 долари во просек, може да си поднесете барање за Fiverr дебитна картичка. Истата ќе ви стигне дома и може парите од банкомат да си ги вадите. Малце длабоки се провизиите, на 20.000 денари од прилика 600-700 е провизија, ама битно СЕКОЈ може да си работи и без пејпал.
 
Никој не ти ја дава својата златна кокошка. Јас можам само да ти го покажам патот (како што направив) ама не и да те водам по него чекор по чекор оти никој нема да ти ги оддава своите трговски тајни. Малку вклучи го мозокот сепак, и веднаш ќе ти падне жетонот и ќе ти текне како да дојдеш до пари. Не е така комплицирано.

Едно време се бавев со пишување на статии на Factoidz, Bukisa и Triond ама некако не ми се исплати. Би сакал ли да ми препорачаш некој од сајтовите што ги имаш користено за пишување статии? Фала однапред :).
 
Јас на fiverr и на odesk ги пишував. На Fiverr е добро што ќе имаш еден тон нарачки, така да ако ти треба брза пара, тоа му е мајката. Ќе се скинеш од работа ама 150-200 долари неделно се прават ептен лесно, дури и покрај фактот што откако ќе ти ги земат провизиите, една статија ја пишуваш за 4 долари.

На oDesk е добро што може да си земеш цели пакети на статии. Пример, на некој му треба 50 статии и ќе ти ги плати на купче. Може исто така да си најдеш редовно вработување, секоја недела да пишуваш по 10-20 статии и тоа да ти се плаќа. Нешто како втора работа му доаѓа. Стабилен приход.
 
4.5 - 5$ на ден, ама дел од нив трошам за рентање на нови реферал пакет, а дел за нивно обновување. Кај Neobux е многу важно да имаш добра стратегија која најчесто е варијабилна во однос на ситуацијата. Моментално само купувам реферали додека не стигнам до 1000 купени реферали, а моментално имам 840. За време, отприлика едно пола саат дневно, во иднина планирам да вложувам повеќе. Ако те интересира уште нешто, слободно пиши ми ПП. :)
Проблемот што се јави последен пат кога пробав да купам реферали од neobux преку пејпал ми го лимитираа акаунтот и ми побараа документи. Ти преку што ги купуваш рефералите?
 
Проблемот што се јави последен пат кога пробав да купам реферали од neobux преку пејпал ми го лимитираа акаунтот и ми побараа документи. Ти преку што ги купуваш рефералите?
Јас ги купував преку Neteller, таму имам верификуван акаунт. Им испратив документи, т.е. копија од лична карта и сега акаунтот ми е ограничен на некои 2000 евра месечно или така нешто. Ама во последно време не ми ги прифаќаа депозитите, па се префрлив на Payza. Сега разгледувам некои начини за привлекување директни реферали, ако си заинтересиран/а, можам по ПП да ти пратам некои сајтови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom