Прашањето е малку покомплицирано отколку што изгледа ама ќе пробам да ти одговорам најдобро што можам. Прво, колку ќе ти се исплати инвестицијата во Neobux во голема мера зависи од стратегијата, или пристапот што ќе го користиш. Не е толку едноставно колку што изгледа. Прво треба да го проучуваш однесувањето на рефералите, односно нивните навики на кликање.
Навиките на кликање на рефералите ти се битни затоа што имаш опција, доколку рефералот е неактивен, истио да го рециклираш (замениш) со нив, за многу мала сума на пари, 0.07$ мислам дека беше. Сето ова влијание на просекот на сите кликови што ги добиваш од рефералите. Тука на сцена настапува прагот на рентабилност, или Break Even Average. Се додека просекот од кликовите на рефералите ти е над прагот на рентабилност, акаунтот ти е во профит. Доколку акаунтот ти е под прагот на рентабилност, треба да најдеш стратегија на рециклирање, односно заменување на старите реферали за да се вратиш во профит.
Исто така, за да добиваш пари од кликовите на рефералите мораш да кликнеш по одреден број на реклами дневно, најчесто од 4, до 9, во зависност од видот на членство што го имаш, пример јас имам Golden, а сите почнуваат со Standard. Рефералите имаат рок на траење од 30 дена, што значи дека треба да имаш во предвид, дека ќе треба да одвоиш дел од парите за нивна екстензија. Екстензијата може да биде од 15, па до 240 дена. Колку поголема екстензија, толку поголем попуст добиваш.
Со Standard акаунт можеш да имаш 300 реферали, со Golden, 2000. Golden членството те кошта 90$ годишно. Што се однесува на тоа колку реферали можеш да купиш, 100 реферали во пакет коштаат 20$, а нормално имаш и помали пакети. Груба пресметка, со 2000 реферали и Golden членство, можеш да имаш профит од околу 100-150$ месечно.