Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
Нема врска тоа што пишува, тоа важи доколку сите постетители ти се од USA. Еве како оди мојата заработка.
1Dyoe.png

Чекам 7ми нареден месец да видам дали ќе ме исплатат...
Браво. Мене после 200-300 клика и ми се блокира страната. Веќе никој неможе да ми стаи посета незнам зошто. И треба да чекам многу време за пак да можам да правам посети. Шит е тоа
 
Заинтересиран сум ако може да ми дадете некој предлог или начин за заработка на интернет. Имам кредитна картичка со сметка од која можам да испраќам пари или пак да ми пристигнуваат сретства на неа.. Доколку некој има било каков предлог, зборам за ситна заработка (1000 денари неделно ете нека бидат) нека сподели или пак нека ме контактира по пп... дневно 4-5 часа не би ми претставувале проблем да одделам и да се посветам на работата

Доколку имаш добро познавање на англиски јазик, покрени си блог на англиски јазик за одредена тематика, најдобро за она за што си стручен или имаш одредени познавања и што е најбитно да сакаш да пишуваш. Пишувај квалитетни текстови 300-500 зборови промовирај ги преку социјални медиуми, форуми, постави AdSense на блогот и полека ќе капи баш колку што ти треба. Но биди упорен не очекувај заработка преку ноќ. Ете тоа е нешто во кратки црти
 
Ајде уште 20 долари ми фалат на ПТЦ Банк да можам да направам withdraw.Баш ме интересира дали ќе ми исплатат 100$
 
Ме интересира дали некој од овде има напраено нарачка преку фивер. И дали во македонија лугето ја користат странава
 
Ме интересира дали некој од овде има напраено нарачка преку фивер. И дали во македонија лугето ја користат странава
Да јас имам купувано од Фивер. Ја користат и Македонци ама на прсти ми се чини се бројат.
 
Оф лошо сум го разбрал членот погоре мислев дали некој македонец купил нешто од фивер. Инаку има добар број македонци продавачи, и јас сум еден во нив со скромен просек од 200 долари месечно, само не сум со македонско знаме.
 
Страшно ме мрзи да барам по страниве, па ако не му е на некој проблем да ми каже како до пара на нет?
 
Страшно ме мрзи да барам по страниве, па ако не му е на некој проблем да ми каже како до пара на нет?
Абе ти сакаш се надробено и само да го голтнеш, е така само позади МТВ можи. :)
 
Многу сме заостанати за вакви работи. Тоа е многу бедно. Фивер е зверска страна! почнав да работам пред 1 недела. Се надевам дека ќе бидне нешто но не се брзам знам дека за 1 недела неможе ништо да се напраи
--- надополнето: 19 јануари 2013 во 14:45 ---
Оф лошо сум го разбрал членот погоре мислев дали некој македонец купил нешто од фивер. Инаку има добар број македонци продавачи, и јас сум еден во нив со скромен просек од 200 долари месечно, само не сум со македонско знаме.
А да прашам само. Јас сум со македонско знаме дали тоа влијае нешто? дали тоа може да ти донесе само помала заработка?
 
Многу сме заостанати за вакви работи. Тоа е многу бедно. Фивер е зверска страна! почнав да работам пред 1 недела. Се надевам дека ќе бидне нешто но не се брзам знам дека за 1 недела неможе ништо да се напраи
--- надополнето: 19 јануари 2013 во 14:45 ---

А да прашам само. Јас сум со македонско знаме дали тоа влијае нешто? дали тоа може да ти донесе само помала заработка?
Знамето не игра голема улога во заработувањето. Нема врска какво знаме имаш, битно е она што го нудиш.
 
Може некој да ми објасни нешто за profitclicking.com?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom