Закон за поводник и заштитна маска

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Како и кој ќе одреди (декларира) кое куче е агресивно?

Ти ќе платиш за редовни и задолжителни прегледи на секое куче? Што правиш ако подоцна се развие агресија, да се воведат прегледи секоја година?
Потоа тоа треба да се документира некако, за да знаат редарите кој да казнуваат. Дозвола за неносење маска да се уведе? ;)

Пред да кажеш нешто, размисли малку како и дали е можно тоа практично да се спроведе.
Законот треба да важи за сите, едноставно и чисто за спроведување.

Кучето нема маска и поводник? Сопственикот ќе плати казна.
Ако навистина почнат да го спроведуваат законот, за релативно кратко време сите тврдоглави ќе се научат да ги почитуваат правилата.
Моето мислење е дека треба задожително само за големите раси, кај средната група треба поедини раси ... еве ќе променам мислење тука, поедини раси и кај малата група.
Имаш закони во Британија, или пак во Скандинавија, кога се преселуваш, какви раси само можеш да одгледуваш, кои раси се забранети ... истата практика и тука, да се селектираат кои раси кај средната и малата група е задожително маска.
Еве од малата група, чивава, мислам навистина глупо е маска, еве за пекинезер, викате агресивна, ок ставете за таа раса задожително маска да се има.
Ти не можеш да негираш за големите раси не смее маски, тие се со поголемо тело и сила, и може и возрасен човек да нападнат ... затоа треба дебата.

Мене ме нервира што кога ќе се подготува закон, нема никаков одзив од народот, само се кука и плаче по медиуми и интернет, а наместо да реагираат во акција каде треба по правна постапка ... еве нека се потикне Полиција за Животни идеја ... ова го добив од Анимал Планет емисиите ... ем ќе има сила што ќе реагира и оддел институција што ќе реагира, наместо нормален полицаец кој мора да казнува луѓе за гомната што му направило миленичето ... ги гледам Анима Мунди, кукаат, плачат, отруено во тој реон, пазете, намерно напуштени животни ... па покренете за Полиција инцијатива, реков, ем ќе се реши проблемот со професионалните војници на АРМ, да не кукаат, ем проблемот со ветеринарите поради тоа шо викаат дека имало малце работа и изгледале напуштени, без внимание за нивното поле ... :cautious:
 
@Vori како што напишав и во претходниот пост, кој и како ќе одредува кое куче да носи, а кое да не носи маска? Задолжителни прегледи на секоја година за секое куче, за давање на дозвола за неносење маска?
Велиш по раси да се делат? А што правиш во случај на некој мешанец/џукелче, не сите чуваат расни кучиња со педигре.

Второ и уште поважно, кој би плаќал за тие дозволи за неносење маски, за сите редовни годишни прегледи? Сопствениците? Не сум сигурен дека и самите сопственици би се нафатиле на такви давачки.

Премногу компликации и проблеми, непотребно е сето тоа. Маска и ланец за сите.
Ако може поголемо или средно куче да носи маска, може и помало, си има помали и полесни маски за нив ... не е дека еден број маска има само. ;)

П.С. „Полиција за Животни„ е многу ступидна идеја, во државава има места каде стандардна полиција не може да стапне, а не па некаква „Полиција за Животни„.
Исто така, кој би ја плаќал таа полиција, Ти? (пошто јас и повеќето плаќачи на данок секако нема да сакаме).
Тоа си е работа на стандардните органи за спроведување на ред и мир, а ти или било кој совесен граѓанин може и треба да пријави злоупотреба на животни и непочитување на законите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Еве од малата група, чивава, мислам навистина глупо е маска, еве за пекинезер, викате агресивна, ок ставете за таа раса задожително маска да се има.
Ти не можеш да негираш за големите раси не смее маски, тие се со поголемо тело и сила, и може и возрасен човек да нападнат ... затоа треба дебата.
Глупости на квадрат.
Јас навистина незнам кога ќе сфатите дека непостојат агресивни раси ?
Непостои агресивна раса, туку постојат кучиња кои што не се правилно воспитувани и затоа станале агресивни, расата сама по себе неможе да биде агресивна.

Од друга страна, еве јас ја шетам мојата Доберманка со маска, и сега некое мало несоцијализирано агресивно куче да се залета и да ми го касне моето куче ... па друже кој те е*e ти кога не си способен да си го контролираш кучето, јас нема да дозволам моето куче да биде каснато од некое мало несоцијализирано и исфрустрирано куче.
Штом ти не си свесен и одговорен за твоето куче, јас па уште помалку сум должна моето куче да претрпува стрес ... и во таква ситуација ја вадам заштитна маска, па нека го направи мелено месо малото куче, воопшто не ме интересира.
 
Така е, извини, погрешно се изразив ... нека биде само за големата и средната ... бидејќи тие се посилни ...
 
Така е, извини, погрешно се изразив ... нека биде само за големата и средната ... бидејќи тие се посилни ...

Значи ако добро те сватив, ти сметаш дека маска треба да носат само големите и средни раси, а малите раси да не носат ?

Тогаш дали сопственикот на мала раса би бил повеќе среќен доколку му стави маска на своето мало куче, или би бил повеќе среќен да му биде неговото мало куче осакатено за цел живот ?

Бидејќи јас кажав, во случај моето куче да биде каснато од мала раса, јас веднаш ја вадам маската, па нека си го решат проблемот кучињата на свој кучешки начин ;)
 
Па мене баш пред пола саат ми се случи таква "чивава ситуација".
Еден пар ни приоѓа со мешанче, буквално со големина на чивава - да се подружат малку.
Моево на поводник и со маска, па "нормално нели" ме прашаа прво да не е агресивно. И штом го пуштија до моето, ситново веднаш го нападна, а ова моево стои и го игнорира - а па на луѓево им беше и слатко тоа!
Не е поентата мала раса куче дали носи маска или не, туку дали го контролираат сопствениците.
Ако знаат дека е агресивно, нека не го пуштаат кај други кучиња, ако немаат маска, нека си го носат во раце, битно нека си го контролираат и нека си земат одговорност за неговото однесување!
Ако одиме според западните закони, сега веќе секое куче кое претставува опасност кон други животни или луѓе, се смета за опасно без разлика на големината и расата.
Баш пред месец-два имаше случај на едно полуулично куче чувано пред зграда кое нападнало 5-6 луѓе меѓу кои и трудница.
Кучето беше малку поголемо од кокер шпаниел, и беше мислам и некоја таква мешавина, дури симпатично на изглед.
Велам полуулично бидејки "наше е ама всушност не е наше, сите тука го хранат" - поради избегнување кривична одговорност.
Изгледот и големината не се репер за опасноста на кучето.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Теорија нема на тринасет годишен пекинезер со половина испаднати заби да му ставам маска. Отсекогаш бил воден на каиш, за тој дел целосно се согласувам, ама ова со маска е претеризам.

ПС. Има улични кучиња големи ко магариња, ни каиш, ни маска, ни бутур, ама битно на чивавите и пекинезерите ќе им ставиме маски :facepalm:
 
А што ќе се случи ако некој Пекинезер (и слична мала раса) случајно се испушти од поводникот, или ја измкне главата од огрлицата, и касне некое мало детенце или друго куче ?

Во случајот со детенцето, тоа детенце ќе има траума за цел живот (или барем одреден период).
А во случајот со кучето, другото куче ќе има маска, и ќе неможе соодветно да му возврати на нападот, тоест да се одбрани.

Во таков случај или ја вадам маската за да се одбрани, или толку силно ќе го рогам, што ќе летне назад кај сопственикот.

Во овој случај ќе има жесток проблем.
Сопственикот на малото куче ќе се буни зошто сум му го шутнала кучето, или во другиот случај зошто сум ја извадила маската, и одеднаш неговото слатко мало кученце се претворило во мелено месо ;)

А од друга страна, мојата совест нема да биде мирна доколку преќутам таква ситуација и доколку не изреагирам соодветно, бидејќи колку што му е мило неговото куче, толку ми е мило и моето куче, и нема да дозволам да биде каснато и притоа да не изреагирам соодветно, и во никој случај нема да си го оставам моето куче незаштитено.

Секој сопственик си е одговорен за постапките на своето куче, ако можам јас да бидам одговорен сопственик и да ги почитувам законите - можат и другите :)
 
Теорија нема на тринасет годишен пекинезер со половина испаднати заби да му ставам маска. Отсекогаш бил воден на каиш, за тој дел целосно се согласувам, ама ова со маска е претеризам.
Теоријата е дека ќе платиш казна, ако те фатат како шеташ куче без маска (без разлика колку е стар, или колку заби има, или колку е сладок и мирен).
Праксата, е тоа ќе видиме каква ќе биде ... јас нешто не го задржувам здивот во очекување на чудо во кое во оваа држава ќе почнат неселективно и секогаш да се спроведуваат закони.
 
Јас се сложувам во потполност со предложените измени на законот. Како сопственик на мало куче се сложувам да му ставам маска (на поводник и така и така го шетам) прво како заштита од други кучиња и заштита на луѓе, иако не е воопшто агресивно.
 
А што ќе се случи ако некој Пекинезер (и слична мала раса) случајно се испушти од поводникот, или ја измкне главата од огрлицата, и касне некое мало детенце или друго куче ?
Ако успее да се измкне од градникот (не е огрлица) ќе го прекрстам во Худини. Кога не ја искористил шансата во овие 13 години да касне некого (или нешто) тешко дека ќе стаса да го направи тоа во остатокот од животот.
Ај ако ја имаш статистиката за каснувањата, баш ме интересира колку од нив се од малите раси (чивава, пинч, пекинезер и сл).
Теоријата е дека ќе платиш казна
:pos: Yeah right
 
Kaква граѓанска непослушност, ќе одбиеш да ја платиш казната (и ќе одиш на суд)?
 
Го подржувам законов, али нема сите да се придржуваат строго на ова, така да ќе бидам изненаден ако овој закон успее да се спроведе како што му е редот.

Првото излегување у град одам да купам заштитна маска. (y)
 
Не мора да се придржуваат сите на законот де - само треба полицијата ревносно да казнува, па и најголемите теоретичари ќе почнат да практикуваат маска ;)
Некој спомна 200 евриќи :D Кај нас за моменталното 80-90% носење маска финансискиот "стимул" од ланското лето беше 400 евриќи и тоа без претходна опомена.
Познавам и некои поупорни кои за да се "убедат" им беа потребни 2 "корекции" па на крај си легнаа на брашното.
Е сега кој не сака да носи маска не мора - може и да не го шета кучето на јавни површини.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom