Тоа ваше вистинко куче може комотно да задави или осакати човек.
Сепак е животно и се води од животински инстикт, а неговата големина му го дозволува тоа, за разлика од некое куче со мал раст кое може само да џафка и ништо повеќе.
Сега дали луѓето треба да си гледаат на ноктите дека газдата добро го воспитал или не?
Искрено зошто некој би чувал магаре дома без некоја поголема потреба, освем да покажи статут, демек видете ме мене, јас имам расно куче, и тоа големо расно куче.
Какво сака нека е сепак е куче. Расно не расно сепак е куче, и се однесува во глобала како и сите обични улични кучиња.
Ако не ми верувате пуштете го на слобода, и ке видиш дека одма ке си се вклопи со неговите нерасни другарчиња.
Тоа дека е расно ви значи само во вашите глави, него ништо не му значи и да биди работата потрагична не е ни друга раса.
После вие велите дека сте големи љубители на животните или ајде специфично на кучињата, а од друга страна ги делите на раси. Ова е повредно пошто било расно (што најчесто значи дека некој негов предок бил парен со некој роднина за да се зачува некоја одредена карактеристика на надворешниот изглед), после се парени според вашите критериуми, а не природно како што си се парат сите нормални кучиња, што би рекле не се со природна селекција туку вештачки.
Е тоа се тие ваши расни кучиња со специјални карактеристики, најчесто издвоени по желба на човекот.
После за да си олесните, физички ги осакатувате своите миленици. На машките му ги сечите мадињата, демек да не трчале кога ке им дојди време за парење.
Тоа е за негово добро или за ваше?
Него природата го тера да се пари, ама на некој тоа не му одговара, па ајде да не се мачи кучето ке му ги скастрам.
На женските незнам што му правите за да не се парат, ама сигурно има нешто. И сето тоа за да вашиот миленик не ви го нарушува комфортот на живеење.
Е па драги мои љубители на животни веке кога сте решиле да имате миленик кој толку многу го сакате, треба да знаете дека тој миленик си има свои потреби и неговото чување значи и обврски, а не само фалење пред другите.
Тој можи е ваш миленик, ама сепак прво е животно, а после куче, и неговите потреби треба да бидат пред вашите желби и комфорт.
Тоа е ако сте вистински љубители на животни и ако го сакате вашиот миленик, ако не тогаш најверојатно ке подлежи на разни психички и физички третмани за “негово добро“.
А за се останато се согласувам, и сакам нешто друго да додадам, ова се однесува повеке на членот мкд владе пред тебе, НЕМА опасни кучиња се зависи од тоа како ке го воспиташ.
А решението кое го предложуваш јас би му го дал на секој кој сака да се пресмета со некој миленик на таков начин. Нема ништо полошо и по нечовелно од твојот предлог. По ова што го напиша незнам како ти се нарекуваш љубител на животни и како имаш миленик дома, ако воопшто имаш.
Баш и имам миленик, додуша џукела ама сепак ми е миленик во правата смисла на зборот. И освем што е вакцинирано и заштитено од болви, не е подложено ама на никаков друг психофизички третман за “негово добро“.
Јас кога го зедов да го чувам, го зедов пошто сакам куче и добро знаев што можам да очекувам и какви одговорности идат во пакет со него.
Постот со отровот е колку да ви ја доловам поентата дека без разлика какво куче имате, големо, лошо, агресивно, расно, вакво такво, сепак ако некој реши или на некој му нанесе зло многу лесно ке му го најдат крајот.
Тоа е затоа што сепак ние сме на врвот на синџиорт на исхрана и не сме таму затоа што сме силни, туку дека сме паметни.
Ете искрено ако некое такво расно милениче го растргни мојот пикавец, можам да ви гарантирам дека тоа ке му биди последното куче што ке го чува до крајот на животот. И тронка жал нема да имам.
И да те поправам. Јас не сум љубител на животни, туку сум љубител на животните кои се под моја одговорност.
За другите око не ми трепнува, посебно ако ме загрозат мене или моите миленици.
Инаку ете го и пикавецот уствари и пикавката пошто е кучка.