Ф
Флеш
Гостин
Моето мислење е дека треба задожително само за големите раси, кај средната група треба поедини раси ... еве ќе променам мислење тука, поедини раси и кај малата група.Како и кој ќе одреди (декларира) кое куче е агресивно?
Ти ќе платиш за редовни и задолжителни прегледи на секое куче? Што правиш ако подоцна се развие агресија, да се воведат прегледи секоја година?
Потоа тоа треба да се документира некако, за да знаат редарите кој да казнуваат. Дозвола за неносење маска да се уведе?
Пред да кажеш нешто, размисли малку како и дали е можно тоа практично да се спроведе.
Законот треба да важи за сите, едноставно и чисто за спроведување.
Кучето нема маска и поводник? Сопственикот ќе плати казна.
Ако навистина почнат да го спроведуваат законот, за релативно кратко време сите тврдоглави ќе се научат да ги почитуваат правилата.
Имаш закони во Британија, или пак во Скандинавија, кога се преселуваш, какви раси само можеш да одгледуваш, кои раси се забранети ... истата практика и тука, да се селектираат кои раси кај средната и малата група е задожително маска.
Еве од малата група, чивава, мислам навистина глупо е маска, еве за пекинезер, викате агресивна, ок ставете за таа раса задожително маска да се има.
Ти не можеш да негираш за големите раси не смее маски, тие се со поголемо тело и сила, и може и возрасен човек да нападнат ... затоа треба дебата.
Мене ме нервира што кога ќе се подготува закон, нема никаков одзив од народот, само се кука и плаче по медиуми и интернет, а наместо да реагираат во акција каде треба по правна постапка ... еве нека се потикне Полиција за Животни идеја ... ова го добив од Анимал Планет емисиите ... ем ќе има сила што ќе реагира и оддел институција што ќе реагира, наместо нормален полицаец кој мора да казнува луѓе за гомната што му направило миленичето ... ги гледам Анима Мунди, кукаат, плачат, отруено во тој реон, пазете, намерно напуштени животни ... па покренете за Полиција инцијатива, реков, ем ќе се реши проблемот со професионалните војници на АРМ, да не кукаат, ем проблемот со ветеринарите поради тоа шо викаат дека имало малце работа и изгледале напуштени, без внимание за нивното поле ...
