Јас неколку години по ред, кога ќе дојдев во Македонија, доаѓав со идеи, проекти и секогаш сум се враќал доста разочаран. Сите се негативно настроени за се што ќе им кажеш ново, сите климаат со глава во стил - тоа овде нема да помине (демек сите се експерти што направиле истражување на пазарот) и одма ќе те прашаат “ти ова можеш да го заштитиш??? Одма ќе те ископираат“ и сите пљукаат по Македонија, демек, овде бизнис не се прави, само ако си многу врзан, па рекет, па ова, па она, и да не се замарам да се враќам тука да правам бизнис со тие идеи. А кога ќе ги прашаш, што тогаш седат во Македонија кога имаат шанса и они да си одат... одговорот секогаш е “еее...па ти, не ме глеј мене, јас ова, јас она, врска овде, врска онде“, се некој бизнис тераат и Ауди возат, мислиш национална кола ни е станато Аудито, секој втор го има.
Јас на крај не ги послушав и си почнав да си терам бизнис по мое и сега терам, па ќе видиме.
Мој совет - ако сте убедени дека идејата е добра - само напред. Као поговорката: “Кога ќе остареме, не треба да се каеме за работите што сме ги направиле, туку за тоа што не сме го направиле“.