"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Тука можеби би требало да стои и Rasmus Elm. Еден од најголемите скандинавски таленти пред 4-5 години, последните сезони го бркаше и Фергусон, додека играше за АЗ. Знам имаше многу позитивни критики за играчов, од што имав изгледано хајлајтси го биваше за изведување прекини. Но боледува од многу лош абдоменален синдром при што и при најмал замор му се јавува внатрешно крварење во абдоменот. Девет од десет луѓе умираат случајно и од најмало напрегање од овој синдром не па фудбал да играат. Сега гледам дека игра за локалниот Калмар од Шведска.
Расмус Елм за ЦСКА Москва едно време не играше ?
 
Марселињо што играше за Херта.
images

На 40 години уште игра фудбал.
 
гледам никој го нема пишано бекам и роналдо, па јас ќе ги пишам

бекам и роналдо!
 
Toa se penzionirani igraci a ne zaboraveni lepi
па коа марселињо за некој е заборавен играч што до 34 години играше у бундес лига и беше главна алка на тим од горниот дел на табелата што да се рече за бекам или роналдо или бекенбауер
 
И Марадона никаков го нема деновиве:D

Он топик: МАЛУДА :pos:
за овој јадев бан на темата за официјални трансфери, кој ја следи редовно темата, знае за шо станува збор :D
 
Тука можеби би требало да стои и Rasmus Elm. Еден од најголемите скандинавски таленти пред 4-5 години, последните сезони го бркаше и Фергусон, додека играше за АЗ. Знам имаше многу позитивни критики за играчов, од што имав изгледано хајлајтси го биваше за изведување прекини. Но боледува од многу лош абдоменален синдром при што и при најмал замор му се јавува внатрешно крварење во абдоменот. Девет од десет луѓе умираат случајно и од најмало напрегање од овој синдром не па фудбал да играат. Сега гледам дека игра за локалниот Калмар од Шведска.
јас би го споменал и понтус вернблум од кого се очекуваше многу подобра кариера
заедно играа во цска и мислам дека у исто време ги купија

други вака што ми текнува од кои некои и спомнати се сигурно у темава

вилсон паласиос - тотално се изгуби а еден период беше еден од подобрите играчи од средината
диманси камара - у фулам што играше
дарио цвитанич - солиден беше последно во ница знам али многу поголем потенцијал имаше сега гледам у пачука отишол
парк чу јанг - од монако у арсенал што отиде, сега игра во сеул после неколку неуспешни позајмици
маркус берг - играч од кој многу повеќе се очекуваше сега главен стрелец е во панатинаикос
фелипе матиони - тотално заборавен играч, едно време многу зборен и се тепаа милан и јуве за негов потпис додека играше во гремио. милан успеа да го потпише со надеж дека ќе биде замена за кафу но ништо не бидна од него после отиде у мајорка и еспањол и таму дупка се на се 50 настапи има во кариерата а 26 години е и нема клуб
огучи ониеву - америчкиот џин кој го згрешил спортот место рагби фудбал тренирал
качаниклич - го смена играчов пропадна а голем талент беше во фулам знам дека ливерпул им го даде за оној глупиот лев бек не ми текнува на името :D
фабрис олинга - ми текна и на овој еден период огромен талент го најавуваа иако има само 19 години али го отворив на википедија и нема ниеден настап на 4-5 позајмици во доста слаби клубови ширум европа а се прослави на една утакмица на малага кога даде гол во 90+ за победа на 15-6 години :)
марсело морено - едно време голем голем преголем талент, се прослави во шахтјор и набрзо почна надоле да му оде кариерата
сахар - еврејскиот роналдо игра таму негде у израел :D
јано анинидзе - слабо игра во спартак москва и тешко дека ќе биде 1/4 од тоа што го најавуваа
леван кениа - повремено голем талент од шалке (грузиец кога веќе ми текна на јано)
фран мерида - не знам дали уопште игра фудбал
кулибали - се мислам дека така се викаше го земаа во тотенхем пред неколку години (16 години беше) од чезена мислам блесна на некое јуниорско светско за брегот на слоновата коска и секаква трага му се губи од тогаш :)
кароцери - чудовиште од централен бек башка и гаден грд џин со еден збор играше за палермо падна на допинг тест многу шмркал кокаин и му дадоа бан од 2-3 години по што знам дека палермо му плаќаа годишно по 100 000 (може и помалце) евра во знак на солидарност додека му трае банот
исулин - се најавуваше како огромен талент додека беше во барса

кристијан немет - во ливерпул беше растури на едно првентсво до 20 или 21 година за маџарска и пропадна напаѓач беше
 
Александар Качаниклич. Го дадовме него и Лаури Дала Вале за да го купиме Пол Кончески од Фулам. Имаше добри настапи у Премиер Лига, али откако испаднаа Фулам почна и он да тоне. Гледам го шетаат по позајмици секоја година иако има 24 и веќе досега требаше да биде развиен во редовен стартер ако се планирало да го постигне потенцијалот. Плус беше по стрина од внука на сестрата братот Македонец :D
 
себастијан лел и диего контенто
алберт луке
денилсон од арсенал
кумало од јужна африка тотенхем го прибраа после светското во јужна африка
 
:pos::pos:И ебавте мајка на темава,работава е да се ставаат играчи,кој имале потенција,биле запазени у фудбалскиот свет, не некој анонимуси.Оној па погоре лупнал десет имиња,пола од нив просеци,пола од нив сигурно се у пензија,шта речи:facepalm:
 
Нема за заборавени форумски членови,па газираноив најдобро тука да стои - @RATM :toe:
 
па коа марселињо за некој е заборавен играч што до 34 години играше у бундес лига и беше главна алка на тим од горниот дел на табелата што да се рече за бекам или роналдо или бекенбауер
Читaј другaр...не е пензиoнирaн туку сеуште игрa aктивнo и зaтo гo пишaв.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom