Тука можеби би требало да стои и Rasmus Elm. Еден од најголемите скандинавски таленти пред 4-5 години, последните сезони го бркаше и Фергусон, додека играше за АЗ. Знам имаше многу позитивни критики за играчов, од што имав изгледано хајлајтси го биваше за изведување прекини. Но боледува од многу лош абдоменален синдром при што и при најмал замор му се јавува внатрешно крварење во абдоменот. Девет од десет луѓе умираат случајно и од најмало напрегање од овој синдром не па фудбал да играат. Сега гледам дека игра за локалниот Калмар од Шведска.
јас би го споменал и понтус вернблум од кого се очекуваше многу подобра кариера
заедно играа во цска и мислам дека у исто време ги купија
други вака што ми текнува од кои некои и спомнати се сигурно у темава
вилсон паласиос - тотално се изгуби а еден период беше еден од подобрите играчи од средината
диманси камара - у фулам што играше
дарио цвитанич - солиден беше последно во ница знам али многу поголем потенцијал имаше сега гледам у пачука отишол
парк чу јанг - од монако у арсенал што отиде, сега игра во сеул после неколку неуспешни позајмици
маркус берг - играч од кој многу повеќе се очекуваше сега главен стрелец е во панатинаикос
фелипе матиони - тотално заборавен играч, едно време многу зборен и се тепаа милан и јуве за негов потпис додека играше во гремио. милан успеа да го потпише со надеж дека ќе биде замена за кафу но ништо не бидна од него после отиде у мајорка и еспањол и таму дупка се на се 50 настапи има во кариерата а 26 години е и нема клуб
огучи ониеву - америчкиот џин кој го згрешил спортот место рагби фудбал тренирал
качаниклич - го смена играчов пропадна а голем талент беше во фулам знам дека ливерпул им го даде за оној глупиот лев бек не ми текнува на името
фабрис олинга - ми текна и на овој еден период огромен талент го најавуваа иако има само 19 години али го отворив на википедија и нема ниеден настап на 4-5 позајмици во доста слаби клубови ширум европа а се прослави на една утакмица на малага кога даде гол во 90+ за победа на 15-6 години
марсело морено - едно време голем голем преголем талент, се прослави во шахтјор и набрзо почна надоле да му оде кариерата
сахар - еврејскиот роналдо игра таму негде у израел
јано анинидзе - слабо игра во спартак москва и тешко дека ќе биде 1/4 од тоа што го најавуваа
леван кениа - повремено голем талент од шалке (грузиец кога веќе ми текна на јано)
фран мерида - не знам дали уопште игра фудбал
кулибали - се мислам дека така се викаше го земаа во тотенхем пред неколку години (16 години беше) од чезена мислам блесна на некое јуниорско светско за брегот на слоновата коска и секаква трага му се губи од тогаш
кароцери - чудовиште од централен бек башка и гаден грд џин со еден збор играше за палермо падна на допинг тест многу шмркал кокаин и му дадоа бан од 2-3 години по што знам дека палермо му плаќаа годишно по 100 000 (може и помалце) евра во знак на солидарност додека му трае банот
исулин - се најавуваше како огромен талент додека беше во барса
кристијан немет - во ливерпул беше растури на едно првентсво до 20 или 21 година за маџарска и пропадна напаѓач беше