"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
http://en.wikipedia.org/wiki/Dado_Pršo играчов едно време во монако парче правеше но после се изгуби .. па мн рано ја заврши кариерата ...


Дадо Пршо не е заборавен играч, Дадо Пршо беше late bloomer и тоа е тоа, на стари години изигра добри сезона-две во Монако и толку беше. 30 години имал 2004-та, што сакаш
 
Дадо Пршо не е заборавен играч, Дадо Пршо беше late bloomer и тоа е тоа, на стари години изигра добри сезона-две во Монако и толку беше. 30 години имал 2004-та, што сакаш

Кога стегна 4 гола на својот роденден во ЛШ.Мислам дека беа Ла Коруња противниците.8:2 или 8:3 заврши,страшен натпревар беше.

Жили како струја беше,тогаш тој направи име од себе.(y)
 
^ Тоа беше ЛШ за паметење. Многу играчи се прославија тогаш.

Кога ќе се сетам кои тимови играа тогаш 1/8 финале, сега такво нешто ми е незамисливо.
Депортиво - Милан... каков ли двомеч беше тоа :D

Кои играчи ги имаа Реал, Милан, Баерн, Арсенал, Јуве, Јунајтед... а финале Монако - Порто (не дека тие беа лоши, но неможеа да се споредуваат со овие првиве)

Таа сезона бевме мнооогу блиску и ние да имаме претставник во ЛШ.



...извинете за офтопиков :)
 
Македа пополека можеме да го сметаме како заборавен,дур беше во Јунајтед имаше доста потенцијал и можеше многу да биде од него,како што гледам бил во Сампдорија,во КПР и сега во Штутгарт. ( на позајмица )
 
^ Кај ти текна... Овој едно време дури за репрезентација го зимаа сега до кај стигна...
Ај за да не бидам офф ќе го пишам Нене, играше во ПСЖ пред 2 години, од лани е во Катар... Левак, и многу ми се свиѓаше како игра, сигурен сум дека комотно ќе играше 1 тим во некој клуб од топ 4 лигиве.
 
Керлон
Барав дали е пишан, но најдов само во фан клубот на Интер, ако е пишан извинете ме. Блесна со видеово и за брзо од Крузеиро премина во Интер каде што се мачеше со повреди незнам ни дали изигра натпревар. Одеше на позајмици во Киево и Ајакс ама кога не иде не иде. Чудо од дете бла бла го нарекуваа ама од едно јутуб видео не се прави кариера. Сеа игра во Јапонија.
 
Посејбон... Од Манчестер.
Важеше за голем талент и само коа почна да игра и добива шанса му скрши нога оној коњот Погатец.. И се врати мислам у Бразил сеа појма неам кај е, а ме мрзи да го барам :icon_mrgr:
 
Посејбон... Од Манчестер.
Важеше за голем талент и само коа почна да игра и добива шанса му скрши нога оној коњот Погатец.. И се врати мислам у Бразил сеа појма неам кај е, а ме мрзи да го барам :icon_mrgr:

Баш вчера имаше дека потпишал за 4то лигашки клуб во Бразил.
 
Вашингтон (сега кога гледав МЃП ми текна на него) :cool:


Заедно со Де Брито и Оса беа тоа опасно трио во Ѓорче. Си лапнаа убави пари за него од Партизан а гледам слободен е сеа. Ваљда не е толку лош за нашава лига па да го земе некој...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom