"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
^ Сега мислам во Трабзон игра
 
Не игра во трабзон го пратија на позајмица во Победа од Валадново 1 месец. Денеска го претставија..
 
Lucas-Barrios-Liverpool.jpg
си газел во Спаркат Москва :D
 
Wes Brown во манчестер што играше кај е сеа бе?? Се изгуби човекот скроз.
 
Wes Brown во манчестер што играше кај е сеа бе?? Се изгуби човекот скроз.

Во Сандерленд.
Се измачи со повреди човекот. Се надевам дека сезонава ќе има повеќе среќа, и ќе добива почесто шанса за настап :)
 
Федерико Џунти? Џулиел Мунпиетро или како и да беше :)
 
Артуро Луполи.Кариерата ја започна во Парма,45 гола за 22 натпревари во младинската лига.Потпишува за Арсенал и дебитира за првиот тим со само 17 години.Веќе во неговиот втор натпревар двапати ја тресе мрежата на Евертон.Најдобар стрелец на резервниот тим на Арсенал во сезона 2004-2005,27 гола во 32 меча.Потоа оди на позајмица во Дерби Каунти.Потпишва за Фиорентина и од таму го шетаат на позајмици по Тревизо,Норвич,Шефилд Јунајтед за потоа да потпише за Асколи.Денес со свои 26 години игра за мадафакинг Гросето... Мојот омилен играч од ПЕС 2005 :notworthy:
 
Красич.. ееее кое играчиште беше у ЦСКА ццц ,отиде у Јуве и се испосра..многу го поштував порано.

Клео- газеше у Партизан,се мислев ќе го лапне некој клуб од Европа али незнам што се деси со него..

Мансини- Во Рома звер после се упропасти ,сега играл негде у Бразил.
 
Красич.. ееее кое играчиште беше у ЦСКА ццц ,отиде у Јуве и се испосра..многу го поштував порано.

Клео- газеше у Партизан,се мислев ќе го лапне некој клуб од Европа али незнам што се деси со него..

Мансини- Во Рома звер после се упропасти ,сега играл негде у Бразил.

Клео игра во Кашива Рејсол моментално. Во последниве 2-3 години најдобриот јапонски тим.
Стандарден напаѓач е, и пати знае да погоди.

2 сезони претохдно настапуваше во Кинеската лига, но според мене паметно направил со трансферот во Кашива :)
 
Имаше гласини оти клео ќе се враќа во партизан лани летото, ама не бидна ништо од тоа, а претседателот на партизан многу сака да го поврати клео, кој според мене е најголемата грешка на Партизан што го пуштија да оди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom