"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде уште некои имиња да споменам :)

Валери Божинов
Се залета на почетокот Фиорентина, Јувентус, Сити... па после тоа ајде надолу Парма, Спортинг, Лече, Верона, Виченца :D

Хусин Карја
Дојде во Италија, смени неколку тимови, виде не оди работата па бегај од таму :D
Моментално игра во Ал Араби во Катар

Матео Ферари и Нелсон Ривас
Двајцата настапуваат во Монтреал Импакт, а најголема популарност стекнаа во Италија. Првиот како играч на Рома, вториот на Интер

Ииииии... Шабани Нонда :D
Се сеќавате ли на играчов ? Беше дел и од Монако. Доби шанса да настапува во финалето против Порто.
Кариерата ја заврши 2010 во Галатасарај.
 
Себастијан Фреј - Голем и крупен голман... море каков голман, голманиште беше додека беше во форма. Фиорентина од неговото продавање па наваму немаат квалитетен голман, тој им вредеше за тројца. Потоа се пресели во Џенова, и форма му падна и се. Сега ги начука над 33 години и од нареднава сезона ќе игра во Бурсаспор, штета што никогаш не доби повик од Француската репрезентација додека беше во форма. Уште еднаш ќе кажам... ГОЛМАНИШТЕ :cuc:

 
Да пишам и јас некои имиња

Макси Родригез: Играше во Ливерпул, Атлетико Мадрид ама гледам сега игра во Аргентина, да останеше во Европа ќе беше нешто од него.

Сејду Кеита: После трансферот од Барселона во Кинески тим целосно се заборави играчов, има место и за него во темава.

Маркус Розенберг: Беше одличен во Ајакс и Вердер, ама потполно се заборави од кога отиде во ВБА.
 
Марк Гонзалес е човекот. Чилеанец играше во Ливерпул, сеа е во ЦСКА, мислам дека игра таму, а и тимот не е воопшто лош, ама тешко дека некој се сеќава на него. А кога дојде во Ливерпул мислев оти ќе биде играчиште. :)
 
Едуардо Да Силва. Сега на ФБ некој имаше постирано за играчов и стварно имаше потенцијал да бидне нешто ама..
 
Едуардо Да Силва. Сега на ФБ некој имаше постирано за играчов и стварно имаше потенцијал да бидне нешто ама..


ама Martin Taylor не го бендисаше :icon_lol:
Жално што таков играч кој имаше потенцијал да биде межу Топ5 напаѓачи и штотуку почна да го покажува тоа,заврши така.
 
ама Martin Taylor не го бендисаше :icon_lol:
Жално што таков играч кој имаше потенцијал да биде межу Топ5 напаѓачи и штотуку почна да го покажува тоа,заврши така.
едвај ногата му ја спасиле докторите, се сеќавам на тој натпревар дури и од противничката екипа дојдоа доктори да помогнат.Му пропадна кариерата оти ногата не му заздрави правилно,глуждот не можел да го движи слободно.
 
Пабло Пиати најавуван како голем талент, потфрли во Валенсија.... во наредните денови се сели во Рен
 
Миланезите сигурно го памтат Гансо... Не дека некогаш бил премногу познат, ама како што добро памтам пред некоја година Милан се палеа на него демек ќе дојде ова она, па не знам што бидна... Ене го сега не е стандарден ни во Сао Паоло.

Адријан Муту.. Има 34 години да, ама сепак се очекуваше многу повеќе од него... Ако ги видиме Ди Натале, Тоти и т.н. Он моментално игра во Ајачио.

И нашиов, многу ми е жал што мака мачеше со повредите... Алексанадр Васовски
34348_32.jpg
 
Мидо го памети некој? Играше во Миделзборо кога беа во премиер лигата. Потоа потпиша за Тотенхем ако не се лажам и го снема.. Играше напад, проблематичен играч, пргав..

ахмед мидо мислам дека се викаше ..
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Dado_Pršo играчов едно време во монако парче правеше но после се изгуби .. па мн рано ја заврши кариерата ... на вики не пиши дали е тренер негде ..
--- надополнето: 28 јули 2013 во 21:10 ---
Aјгбени Јакубу,шо бидна со играчов?

http://en.wikipedia.org/wiki/Yakubu_Aiyegbeni eve
 
јасно си кажа дека отиде по пари овој барем искрен беше :D

Па така и треба. :D
Иначе гледам дека растура во новиот тим. Има постигнато повеќе погодоци отколку што има изиграно натпревари. Изгледа многу е висок квалитетот на таа лига во Емиратите. :D
 
Роман Павличенко, ѕвезда на еуро 2008, направи трансфер во тотенхем го продадоа по некоја година и го снема, сега игра у Локомотив Москва:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom