Скоро пензионирани, но заслужуваат место во темава.
Сите имаат богата кариера, но во последните години се изгубија...
Емил Мпенза...
Белгијанец, напаѓач
Долго време помина во Германија (во Шалке, а подоцна и во Хамбург). Со Шалке успеа да освои лига, и два пати куп на Германија.
Беше дел и од Манчестер Сити. Мислам дека во почетокот кога ги купија арапите.
Кариерата ја заврши минатата сезона во Нефчи.
Нванкво Кану...
Нигеријец, исто напаѓач
Настапуваше за големи тимови како Ајакс, Арсенал, а имаше и некој настап за Интер.
И тој кариерата ја заврши минатата сезона, но во далеку послабо рангиран тим - Портсмут.
Има освоено голем број титули. На 19 години успеа да освои ЛШ со тимот на Ајакс
Јеспер Гронкјер...
Данец, среден ред
Го носеше дресот на Ајакс, Челзи, Атлетико Мадрид, Штутгарт... но најдобро помина во Копенхаген, каде што и ја заврши кариерата со 4 титули првак на Данска
