"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Колку што знам, Павон во 2011 ја заврши кариерата.
Да не мислиш на Раул Браво ? Од поранешните мадридисти, тој настапуваше во Белгија :)

Можно е.. само знам дека еден играч од Реал играше во Белгија, а најверојатно е Раул Браво чим викаш така.
 
Статијава ме потсети на човеков!

http://off.net.mk/offside/fudbal/piromanot-kje-gi-uchi-mladincite-na-baern-minhen

Баш беше перспективен одбрамбен играч, се збореше дека е иднината на одбраната на Бразил и Баерн Минхен и види што направил...Искрено, прв пат слушам дека имал психички проблеми и е во затвор...
 
After a medical, David Odonkor will join new signing Anthony Ampaipitakwong (former San Jose Earthquake) at Bangkok United

еве ви го Одонкор

Статијава ме потсети на човеков!

http://off.net.mk/offside/fudbal/piromanot-kje-gi-uchi-mladincite-na-baern-minhen

Баш беше перспективен одбрамбен играч, се збореше дека е иднината на одбраната на Бразил и Баерн Минхен и види што направил...Искрено, прв пат слушам дека имал психички проблеми и е во затвор...

Мислам дека му следува депортација ако не се вработи па го вработиле. Така читав на еден сајт не знам дали е точно нека потврдат Баварциве.
 
3Zarate1507.jpg

Дефинитивно си направи место и за него тука... Мауро Зарате, посебно по враќањето во Арентина... линк
 
Craig Gordon, шкотот шо беше еден од кандидатите за наследник на Ванчо, помеѓу стативите на Јунајатед.Едно време знам се повреди и скроз го снема.
 
Craig Gordon, шкотот шо беше еден од кандидатите за наследник на Ванчо, помеѓу стативите на Јунајатед.Едно време знам се повреди и скроз го снема.

Слободен агент е цела година веќе, беше одличен во Сандерленд, ама после повредата Мињоле му го зема местото и најверојатно му падна формата ептен. :)
 
Луис Антонио Хименез

9k=



Беше на позајмица по една година во Фиорентина и Лацио, за тоа време покажуваше добри партии, и беше во најава на нова ѕвезда.
Манчини го побараа во Интер, го доби, под негова палка играше често,потоа се повреди, паузираше подолг период. Таман се опорави Мурињо го пушти 15 минути пред крај на натпревар да заигра и ко за несреќа усспеа да ја обнови повредата. Од тогаш почна да го праќаат по позајмици прво Вест Хем, Парма, Чезена и на крај да заврши во Ал-Ахли Дубаи.
 
Хавиер Шевантон - Во Монако му беше врвот на кариерата, потоа пропадна човекот... сега мести натпревари со Лече во Лига Про Прима Дивизионе

Енцо Мареска - Прееска кога барав играчи за Фантази Серија А налетав на него, во Сампдорија дреме. Мислев дека е пензиониран.Требаше да биде еден од најдобрите средни играчи на Јувентус во почетокот на новиот век, но остана просечен играч. Ќе му го памтам голот против Торино и кога почна да ги исмејува навивачите на тимот.

Николас Факинг Бендтнер - Шта речи...?
 
Бирофка :))) кај отиде човекот аххахаха
 
Хосе Ангел

images


Дојде заедно со Енрике во Рома, изигра едно 30 утакмици за Рома, мислев дека ќе го биде нешто повеќе од него ама очигледно не се снајде. Имаше брзина, добри пробиви, ама дупка беше во одбрана. А сега кај игра немам појма, ако и игра негде.

Алехандро Домингез

9k=


Со Рубин Казан беа вистинки хит сезоната 09/10, успеаа да поминат групи во Лш, Домингез им беше ударна игла во шпицот.
Направи трансфер во Валенсија, сите очекуваа да биде големо засилување за тимот од Местаља, но не испадна така. Се на се за Валенсија дали имаше изиграно 15 натпревари, најчесто влагаше од клупа.
 
Ви текнува на феноменалниот трансфер на Јунајтед наречен Бебе ? Е очигледно некои луѓе дефинитивно не го заборавиле играчов.
http://off.net.mk/offside/fudbal/bebe-bega-od-dolgovi-kriejkji-se-vo-bagazhnik
Дезинформација е ова, во Шкотска е играчов со резервниов тим. Гоал.ком заебанција беше тоа со бегството во багажник. Како и да е, овој играч никад не се ни очекувало да биде нешто големо, сеа тоа што беше матна зделка, беше.
 
Дезинформација е ова, во Шкотска е играчов со резервниов тим. Гоал.ком заебанција беше тоа со бегството во багажник. Како и да е, овој играч никад не се ни очекувало да биде нешто големо, сеа тоа што беше матна зделка, беше.

Добро не реков дека е вистина. Само мислам дека е за во темава. А од секој играч што екипа како Јунајтед ја прави а особено играч што е одбран од Фергусон би требало да се очекува нешто.
Така да за во темава е играчот а пред него е младоста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom