"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам дали е спомнат John Carew, ама блескаше во дресот на Астон Вила, заедно со Агбонлахор. После некако се изгуби...
Исто и овој Јакубу, играше во неколку премиерлигаши, во Евертон се прослави, а каде е сега, никој незнае...
Kevin Kurányi, се сеќавате на напаѓачот на Шалке?
Класнич?
И не дека е заборавен, но Ибишевиќ ветуваше многу во шампионската сезона на Хофенхајм, но сега некако изгледа како бледа сенка на играчот кој му помогна на Хофенхајм да ја освои шампионската титула.
И уште многу други играчи се изгубија во последниве години, но не ми паѓаат други на памет во моментов.
Највеќе ме разочара развивањето на кариерата на Мвруари Бенџани и Обафеми Мартинс, но мислам дека веќе беа спомнати.
Ако некој од претходниве бил спомнат, се извинувам, но колку што проверив не најдов никој од овие.
Легендо кога зел Хофенгајм Бундес лига?
А и дечково не е толку забораен игра редовно за Штудгард,ланска полусезона имаше 8гола на 15утакмици,сеа барем со интернето е лесно да се види до кај се играчите...
 
Мене Раванели ми еше сомнителен за годините. :icon_mrgr:

П.С. Се сеќава на тој играчот од Серија А, кој го лажираше името и презимето (не знам зошто, не знам како), едно време ко во Киево да го памтам, па го фатија, па не знам шо се деси со него.
А веројатно и оф топик е мислењево, а? :D
Лусијано. Требаше да направи трансфер во Лацио во 2002год. заедно со Манфредини ама трансферот прпадна бидејки открија дека има лажен пасош

http://en.wikipedia.org/wiki/Luciano_Siqueira_de_Oliveira
 
Цела екипа може да се направи од заборавениве. :D

Хилдербран
Сисињо
Павон
Раул Браво
Висенте
Џемба-џемба
Клеберсон
Даниел Карваљо
Мансини
Алиадер
Белион
 
Легендо кога зел Хофенгајм Бундес лига?
А и дечково не е толку забораен игра редовно за Штудгард,ланска полусезона имаше 8гола на 15утакмици,сеа барем со интернето е лесно да се види до кај се играчите...
Уф, голема грешка, сакав да кажам дека тоа беше навистина ветувачка сезона, и беа есенски шампиони, сум помешал нешто. И реков не дека е заборавен, но не е истиот од таа сезона. Уште еднаш извинување за грешката :oops:

едит: Да додадам уште некои на листата, на пример, Габи Милито, Сарагоса, Барса, сега некаде по Аргентина изгледа е...
И кога сме веќе кај Сарагоса, Рикардо Оливеира? Една сезона блескаше, кога беше на позајмица од Милан, а потоа некако се изгуби.
 
и у бети блескаше, уствари прво блескаше у бетис, а после милан го прати на позајмица во сарагоса, па изигра сезона - две таму и замина во арапските земји да печали.
и кога беше во милан сестра му ја киднапираа во бразил ....
а баш сеа го отворив на википедија, одлични статистики има цела кариера, освен во милан
 
Калид Буларуж и Графите ....:icon_mrgr:
Буларуж е дрво цел живот бе.. Не знам зошто уопште го држаа тие 2-3 сезони во Челзи.. А овој Графите стварно една сезона распали, сеа кој го знае каде е.. xD
 
Цела екипа може да се направи од заборавениве. :D

Хилдербран
Сисињо
Павон
Раул Браво
Висенте
Џемба-џемба
Клеберсон
Даниел Карваљо
Мансини
Алиадер
Белион
Лани немаше тим,па тренираше со Арсенал да се врати во форма.
Сега игра во Лориент,го гледав против ПСЖ,им ги скрши кичмите :/ само на нив паднав :(
 
Сега ми текнува дека многу одамна јас, татко ми и братучед ми гледавме преглед на колото од Англиска лига, коло во кое Алиадиер даде некој гол за Арсенал, а истото го направи Кристијано Роналдо за Манчестер. Млади беа тогаш, само што се појавуваа на фудбалската сцена.
Имав кладба со братучед ми и татко ми. Они викаа дека досега не виделе талент како Роналдо и дека еден ден ќе биде еден од најпознатите играчи во светот. Јас истото го тврдев за Алиадиер :D Викав ќе бил далеку подобар играч во иднината од ЦР :icon_mrgr:
Кој промашај човече, среќа што не ја памтат кладбата :icon_mrgr:
 
Дмитро Чигрински за мене...беше најавуван како огромно засилување за Барселона. Го купија околу 20-25 милиони како новиот Пујол или шо знам....знам дека се врати во Шахтар,ама на спотклуб кога чат-пат даваат украинско првенство го неам забележано во составот..
 
Од 2010 до сега има изиграно само 25 натпревари... Ств човеков како да пропадна во земја после трансверот во Барса...
 
Оној Раџа Нианголан (така мислам дека беше) шо го бараа минатото зимо пола екипи во Италија.Си остана во Каљари за џабе го пумпаа
--- надополнето: 9 септември 2012 во 17:21 ---
Ги прочитав последниве 7/8 страни и гледам никој не го спомнал Рајан Бабел,додека играше во Ајакс го сметаа а за многу надежен напаѓач имаше и доста настапи за Холандија.Имаше понуда од Арсенал ама отиде во Ливерпул.Таму го играа како крило и не се снајде најдобро,после во Хофенхајм отиде и таму се изгуби сега гледам на википедија се вратил во Ајакс.Моментално има 25 години ако си дојде присебе може повторно да ја стартува неговата закржлавена кариера.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom