Македа тргнува по тој пат, и од него се чека/ше да се развија во нешто повеќе, ама слабо оди.Се добро темава ама има некој глупости што пишуваат. Како што викаат старите мешаат ,,баба и жаби'' . Едно е да биде заборавен играчот, а друго е на стари години веќе да отиде во некој послаб анонимен клуб. Гледам се заборавил Браун, па тоа може да го каже некој што не следи фудбал, или исто така за Јакубу. За Торес па ич да не зборам, човекот игра во Челзи, во финале на ЛШ даде гол, овде пишале заборавен играч, исто како да рече некој на пример за Солскер бил забореавен играч... Секоја чест за темева, ама за оние што ја разбираат. За Макси Лопез полека може да се каже дека се заборава, или па не стигна во кариерата толку високо колку што се очекуваше. На млади години играше во Барса и никогаш нема да му го заборавам голот во ЛШ против Челзи. После Барса само Милан може да се спомне како подбар клуб каде што настапуваше без да остави некој посебен впечаток. Тие што следат повеќе фудбал сигурно уште го гледаат и се сеќаваат, ама некако полека полека се губи... http://en.wikipedia.org/wiki/Maxi_Lopez
Кеирсон или Креирсон...И http://en.wikipedia.org/wiki/Kieron_Dyer мислам можеше да остави, и да биде запаметен многу повеќе... Не ми текнува уште играч моментално има околу 24-25 години мислам на К му почнуваше презимето го земаа Барса како големо засилување од Бразил како што памтам ама скоро ич не изигра, и не покажа ништо па отиде во Бенфика на позајмица мислам, па и таму некако слабо, после се врати пак во Барса па го дадоа негде и нз сега каде е. Баш ме интересира а ич не ми текнува како се презиваше...
Да, само што Македа даде два многу важни голови за Манчестер, за освојување на ПЛ против Астон Вила и тоа во стилот на Инзаги. Знам беше негде на позајмица во Италија, мислам дека во Сандорија ама некако не се развива баш како што треба, па може да заврши и он како Макси Лопез, за жал ...Македа тргнува по тој пат, и од него се чека/ше да се развија во нешто повеќе, ама слабо оди.
Да си ми жив и здрав еве го http://en.wikipedia.org/wiki/Keirrison, ама кариерава му стигна до боље да не го најдев ... Добро сум утнал млад е уште 23 години има ама слабо многу , беше најавуван како големо засилување за Барса ....Кеирсон или Креирсон...
Овај по постарите менаџери беше јак.Не знам дали го спомнавте Фреди Аду, американскиот вундеркид. Најмлад репрезентавец на САД со 16 години, потенцијален најдобар играч во свет, следниот Пеле, Јунајтед заинтересирани за него, и што стана со него? Од САД отиде во Бенфика, не го биваше таму, пројде во неколку клубови низ Европа и си се врати пак во САД како дури подпросечен нивен играч, иако има само 23 години.
Уствари, кој знае, може и овој лажел за годините.
еее каква левица имаше, топовски удариод постариве...карваљо од цска, имаше шпекулации за големи трансфери и нак рај се изгуби чоеков незнам ни кај игра сеа ни ништо.,
агбонлахор и дефинитивно припаѓа на темава!Незнам дали е спомнат John Carew, ама блескаше во дресот на Астон Вила, заедно со Агбонлахор. После некако се изгуби...
Исто и овој Јакубу, играше во неколку премиерлигаши, во Евертон се прослави, а каде е сега, никој незнае...
Kevin Kurányi, се сеќавате на напаѓачот на Шалке?
Класнич?
И не дека е заборавен, но Ибишевиќ ветуваше многу во шампионската сезона на Хофенхајм, но сега некако изгледа како бледа сенка на играчот кој му помогна на Хофенхајм да ја освои шампионската титула.
И уште многу други играчи се изгубија во последниве години, но не ми паѓаат други на памет во моментов.
Највеќе ме разочара развивањето на кариерата на Мвруари Бенџани и Обафеми Мартинс, но мислам дека веќе беа спомнати.
Ако некој од претходниве бил спомнат, се извинувам, но колку што проверив не најдов никој од овие.
лусијано/ериберто .... се врати во киево од интер и играше таму до предлани. шо се деси со него гуглај ебаго.Мене Раванели ми еше сомнителен за годините.
П.С. Се сеќава на тој играчот од Серија А, кој го лажираше името и презимето (не знам зошто, не знам како), едно време ко во Киево да го памтам, па го фатија, па не знам шо се деси со него.
А веројатно и оф топик е мислењево, а?