Што сте направиле бре.
Фор д рекорд.
Дедо ми е 84 години, жив и здрав нека е. На постари години фати и он да навива за Јувентус покрај мене, генерално гледа фудбал од многу млад, студирал во Скопје и од него се имам изнаслушано приказни за натпревари на Вардар и општо за југословенска лига.
Секогаш ми раскажува дека околу градски шетала полиција на коњи кога имало натпревари, па кога гостувале Партизан и Ѕвезда колку народ имало и што ли уште не. Со цимерите се карале, он бил за Партизан, а тие биле за Ѕвезда. Класика југословенска приказна
Остарен е малку последните години, падната му е силата, нормално со годините, па затоа многу му годи моето друштво. Знам да го разговорам, да ми раскажува за спорт, историја, географија, за разно разни држави, приказни и други интересни теми.
Сега веќе не ги знае новите фудбалери, но поранешните генерации на Јувентус му се омилена тема.
Дел Пиеро, Пирло, Буфон, Киелини, Канаваро, само да му споменам, веднаш се присетува и отиде 40 минути разговор на таа тема.
Староста е тешка работа и особено досадна за луѓе кои се навикнати на активен и самостоен живот. Затоа да ја искористам приликава, да поттикнам и други кои имаат дедовци, да ги дружат понекогаш
Бтв
@Sladoledzija јас имам 29 години, но што има тоа врска, познавам луѓе кои на 40 години имаат уште баби и дедовци на 80-85.
Доволно е еден во линијата да се мажи на 18-19 години и да има дете.