"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Четврток вечер, прва асоцијација Лига Европа.
Првенство кое постои, меѓу другото за да не потсети од време на време на некоја заборавена легенда :D
Целосно го имав заборавено играчов, а каква надеж беше. Дефинитивно пред десетина и повеќе години му се предвидуваше малку поразлична кариера, барем јас очекував да потпише за доста позвучни клубови.
Не знам дали е спомнат досега на темава, а можно е, бидејќи е како измислен за овде.

Рики ван Волфсвинкел.

Седиме со дедо ми, барам било каков фудбал да гледаме, ми излезе нешто Полска лига - Горник против Легиа.

Кога гледам од сите на светов Лукаш Подолски ми излегува пред очи, ист како пред 20 години :cuc:

Појма немав дека има теорија уште да игра овој активно.
 
Таму во Погон и Гросицки игра, да му се плукнам у намќорот.
 
Лука Јовиќ

После една бомбастична сезона во Ајнтрахт, Реал лупна 60-65 милиони за него.

Посчедниот тим што се отараси од него е Милан, пред тоа една мизерна сезона во Фиорентина.

Моментално сериозен интерес за него има од екипи од Мексико и Бразил.
 
Типот е Инзаги тип на играч у ера на фудбал кај што таков играч не може да постои. Сосем солиден играч.
 
Го гледам ова и освен Кеита сите други знам каде играат сега.
Отварам резултати, зимово потпишал за Ференцварош. :facepalm:
Што е најтрагично па не е ниту прва постава во Ференцварош.
Со Лудогорец последнава ни минута не добил.
 
Тој уште кога потпиша за Пул изгледаше дека за брзо време ќе заврши како свештеник во некое село во Нигерија, така да фактот што се уште игра е импресивен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom