"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
- Ола Џон, блесна некаде низ Холандија и после памтам Бенфика го зема, имаше огромен хајп за него, се шеташе по позајмици и сега гледам дека игра за Виториа Гимараеш;
- Лусиано Нарсинг, уште еден од клапата холандски таленти, имаше едно 30тина асистенции во сезона и отиде на СП ли на ЕП не ми текнува ама од тогаш ни трага ни глас што се вели, денес е член на Свонси;
- Патрик Херман, овој нешто крило беше ако добро ми текнува, Баерн го бараа (стандард :icon_lol: ) и неколку премиерлигаши имаше во сликата за него, уште си седи во Менхенгладбах;
- Луис Холтби, со голем хајп дојде во Тотенхем, едвај ја изгура некако сезоната, сега е во Хамбургер;
 
Нолито. Последна измена во Севиља стана.
 
Баш идев на темата за Нолито да пишам на Џони играчот :) батето го снема на фудбалската мапа а стварно добар играч беше, оган беше во Севиља ама ете пропао


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Фернандо Торес.

Не дека е ептен заборавен, ама...заборавен е.

Го пишувам во темава дека игра некое време во Јапонија. Имам гледано еден или два меча на неговата екипа кога он играше и богами...типот е максимално изгубен. Ако сте го гледале во Челзи како играше..така игра и во Јапонија.

Сите играчи кога ќе отидат во ваква слаба земја си доминираат.....ама не и Торес.

Торес во 17 настапи има постигнато 3 погодоци.

Чисто за споредба, Иниеста што не е ни напаѓач, и ретко дава голови веќе има стигнато до 3 погодоци во 14 настапи во Јапонија.
 
Матје Дебуши, своевремено во Њукасл беше еден од подобрите десни бекови. Отиде у Арсенал, една повреда, Белерин му го зеде местото и после тоа го снема буквално. Денес игра у Сент Етјен.

Јаја Саного, еден од наводно најталентирани играчи на светот, отиде во Арсенал, се изгуби начисто, денес игра у Тулуз.

Марио Лемина, исто така еден од поталентираните играчи, отиде во Јувентус, не покажа ништо посебно и сеа игра во Саутемптон, ама и таму не покажува добри игри.

Хесе Родригез, му направи зз на Реал за нов договор, бараше првотимски статус и мислеше дека ќе го најде у ПСЖ, арно ама таму него му направија зз, се прошета во Лас Палмас и во Стоук, сега е во Бетис, ама со 10+ кг и голем - у брзина и експлозивност. Ќе се шета веројатно до крај на кариера по такви mid table тимови во Шпанија.

Хуан Кинтеро, исто така еден од новиот бран на Колумбиски фудбалери, пола Европа наводно се тепаше за него кога отиде во Порто, денес игра во Ривер Плата.
 
Хефрен Суарез во Барса што играше.
Каде е и што прави сега, врска немам.
 
Хефрен Суарез во Барса што играше.
Каде е и што прави сега, врска немам.
Леле овој не ли им даде гол на Реал кога ги тепаа 5-0 со Мурињо? :D
 
Леле овој не ли им даде гол на Реал кога ги тепаа 5-0 со Мурињо? :D

Барса секоја втора утакмица си ги тепа реал со по 3, 5, 7 гола. Стални пациенти се.
 
Дмитро Чигрински, дефинитивно.

Dmytro_2365896.jpg
 
Баш идев на темата за Нолито да пишам на Џони играчот :) батето го снема на фудбалската мапа а стварно добар играч беше, оган беше во Севиља ама ете пропао


Sent from my iPhone using Tapatalk
Како да го снема, Џони го пофали :D
 
Хефрен Суарез во Барса што играше.
Каде е и што прави сега, врска немам.

Ау како пропаднал овој....

Сега побарав на Гугл. Игра во АЕК Ларнака во Кипар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom