"Заборавени" екипи

Омилени ми беа во шпанската лига.
C%C3%A1diz_CF_logo.svg
 
Strazbur,potop im se desava od prva liga do treta dojdea :D

Sent from my C2105 using Tapatalk
 
Маџари Солидарност :) - играа 2-3 сезони во прва лига и во тој период стигнаа и во финале на фудбалскиот куп на Македонија каде што ја продадоа утакмицата на Башкими.
Middlesbrough - беа едни од екипите во Англија кои секогаш им крадеа бодови на големите екипи, посебно на Манчестер. Стигнаа на еден фантастичен начин со премногу пресврти во сите утакмици до финалето на Уефа 05/06 каде што беа декласирани од Севиља.
Wolverhampton Wanderers - пред неколку сезони беа во првата а сега гледам паднале во третата Англиска лига. Иначе во 1972 играле во финалето на Уефа каде изгубиле од Тотенхем.
Stade de Reims или само Reims - во педесетите биле една од најаките екипи во Европа. Во тоа време имаат освоено 6 француски првенства, 2 купа на Франција и играле во две финалиња во ЛШ против Реал Мадрид.
 
Моето прво мислење во Фудбал. Ever! Одамна фудбалот од најважна споредна ми прерасна во најспоредна споредна работа на светот.
Leeds United, беа во сам врв на Premier, втор ешалон веројатно....имаа една многу добра генерација со Rio Ferdinand, Alan Smith......(eee а City беше второлигаш)....сега се „малку“ поинакви состојбите...Leeds e и огромен град, чудо што нема премиерлигаш...

Лидс се првите на кои и мене ми текнува. Една сезона стигнаа до полуфинале на Лига на шампиони, се сеќавам дека изгубија од Валенсија, а пред тоа во првата група беа подобро пласирани од Барселона која не продолжи понатаму. Сега видов дека пред моето време имале дури и финале во Еврокупот (сега ЛШ) во 1975 и финале во Куп на победници на купови во 1973.
Вимболдон - И овие беа стандардни во Премиер Лигата, но клубот влезе во тешки долгови, па мораа да се распаднат... пред некое време пак се оформија, и сега играат во подолните Англиски лиги. Најпознат играч на Вимболдон им беше Вини Џонс крвникот (сега е актер) :sneaky:

Нотингем Форест - Освоија две ЛШ во 80-те години, потоа ги фати криза (мислам заради долгови), и онака во деветесетите години, ќе испаднеа од лига, па пак се враќаа наредната година :icon_lol:

Вимблдон немаа такви успеси во Европа како Лидс. Да, играа во Премиер лига и еднаш дури и освоиле FA куп. По испаѓањето од Премиер лига не се распаднаа па реоформија како што викаш, туку од не знам кои причини им беше дозволено од Лондон да се преселат во друг град, Милтон Кејнс, северно од Лондон. Продолжија да постојат, но под друго име и во друг град, и и денес постојат како Милтон Кејнс Донс (или МК Донс), ама поим немам во која дивизија се, сега не следам фудбал воопшто. Фановите на Вимблдон, разочарани од преселбата на нивниот тим во друг град, оформија нов тим со името Вимблдон кој почна да игра во подолните дивизии (не знам дали уште постојат и до кај се стигнати). Важно - стариот Вимблдон не се распадна па реоформи, само смени име и база.
Нотингем Форест - точно, освоиле две титули во Еврокупот (сега ЛШ), но јас не се сеќавам на нив дека во мое време играле во Премиер лига.

Понатаму, од тие кои не ги спомнавте, ми текнува на:

Glasgow Rangers - со Селтик скоро секоја година беа единствената екипа која се бореше за титулата во Шкотска. Поради недостиг на финансии тимот беше ликвидиран, за потоа да биде реоформен и вратен во последната шкотска дивизија. До кај се сега стигнати, не знам.

А за најдобро враќање од мртвите дефинитивно број 1 е Фиорентина. Престана да постои, па се реоформи под друго име во почетокот на 20 век и почна од најдолните италијански лиги, па секоја сезона се качуваше едно скалило погоре (мислам дека, ако се сеќавам добро) дури и дозволија да прескокне едно ниво на натпреварување, па и дозволија и да си го врати назад името и виолетовите дресови, и на крај се врати во полн сјај во Серија А. Претпоставувам дека и сега се добри, м?
 
Вимблдон имаа некоја финансиска арапска инекција 90-ти години и кратко само блеснаа, а Нотингем Форест, јас ги памтам по Психо, Stuart Pearce - некаде до почеток на 90-ти, средина, можеби беа просек екипа, а во седумдести имаат еднаш освоено ПЛ, а два пати Куп на шампиони...
 
Моето прво мислење во Фудбал. Ever! Одамна фудбалот од најважна споредна ми прерасна во најспоредна споредна работа на светот.


Лидс се првите на кои и мене ми текнува. Една сезона стигнаа до полуфинале на Лига на шампиони, се сеќавам дека изгубија од Валенсија, а пред тоа во првата група беа подобро пласирани од Барселона која не продолжи понатаму. Сега видов дека пред моето време имале дури и финале во Еврокупот (сега ЛШ) во 1975 и финале во Куп на победници на купови во 1973.


Вимблдон немаа такви успеси во Европа како Лидс. Да, играа во Премиер лига и еднаш дури и освоиле FA куп. По испаѓањето од Премиер лига не се распаднаа па реоформија како што викаш, туку од не знам кои причини им беше дозволено од Лондон да се преселат во друг град, Милтон Кејнс, северно од Лондон. Продолжија да постојат, но под друго име и во друг град, и и денес постојат како Милтон Кејнс Донс (или МК Донс), ама поим немам во која дивизија се, сега не следам фудбал воопшто. Фановите на Вимблдон, разочарани од преселбата на нивниот тим во друг град, оформија нов тим со името Вимблдон кој почна да игра во подолните дивизии (не знам дали уште постојат и до кај се стигнати). Важно - стариот Вимблдон не се распадна па реоформи, само смени име и база.
Нотингем Форест - точно, освоиле две титули во Еврокупот (сега ЛШ), но јас не се сеќавам на нив дека во мое време играле во Премиер лига.

Понатаму, од тие кои не ги спомнавте, ми текнува на:

Glasgow Rangers - со Селтик скоро секоја година беа единствената екипа која се бореше за титулата во Шкотска. Поради недостиг на финансии тимот беше ликвидиран, за потоа да биде реоформен и вратен во последната шкотска дивизија. До кај се сега стигнати, не знам.

А за најдобро враќање од мртвите дефинитивно број 1 е Фиорентина. Престана да постои, па се реоформи под друго име во почетокот на 20 век и почна од најдолните италијански лиги, па секоја сезона се качуваше едно скалило погоре (мислам дека, ако се сеќавам добро) дури и дозволија да прескокне едно ниво на натпреварување, па и дозволија и да си го врати назад името и виолетовите дресови, и на крај се врати во полн сјај во Серија А. Претпоставувам дека и сега се добри, м?


За Вимболдон не ја знаев таа приказна, инаку да постои тим со такво име во 3 или 4 англиска лига...
За Нот. Форест да во 90-те има онака 3-4 пати се има враќано во ПЛ, ама одма одпаѓале....

За Фиорентина, мислам дека целосно банкротирале... и морале да почнат од најдолната лига (Тогашна Серија C2), и настапувале под името Флорентина. Кога дошле до Серија Б, тогаш ги одкупиле правата за настап под нивното оргинално име. Интересното е што, единствениот играч што останал по банкротот на тимот, и потоа ги поминал сите лиги додека да се вратат во Серија А, беше Анџело Ди Ливио. Дечкото на стари години, успеа да го врати тимот во Серија А, и затоа сега го сметаат за Бог во Фиренца.

Исто тука требаше да биде и Наполи, кои после ерата на Марадона често испаѓаа од лига, ама пред неколку години воскреснаа од мртвите :icon_mrgr:
 
и морале да почнат од најдолната лига (Тогашна Серија C2), и настапувале под името Флорентина.
Фиренца 1890 (цифрава ја тропнав)....па дојдоа до серие А и ги откупија трофеите и името на Фиорентина, процесот им траеше неколку години, ама се вратија...
 
Фиренца 1890 (цифрава ја тропнав)....па дојдоа до серие А и ги откупија трофеите и името на Фиорентина, процесот им траеше неколку години, ама се вратија...

Associazione Calcio Fiorentina e Florentia Viola

Ова им беше целосното име, ама скратено ги викаа Флорентина Виола
 
GretnaFC_crest.png



Еве уште еден тим што ми текна. Тие што играат спортска од поодамна нема шанси да не го памтат. Пиши ги 2+пп и капата настрана. Интересно беше што мислам 4 сезони по ред напредуваа во лигите, и 2007 година стигнаа до првата шкотска лига. Една сезона изиграле таму, а потоа поради финансиски проблеми биле исфрлени во третата лига, и откако клубот не можел да најде нов газда, се распаднале.

најсигурни за на ливче беа:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom