Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Баш не те сфатив, но претпоставувам збориш за заб во кој докторката ти ставила лек за умртвување и на истиот сега треба да му се вади живецот. Ако е тоа јас имам такво искуство и ќе ти го кажам истото, а ако забот веќе ти е умртвен и сега повторно треба нешто да се чисти, во тој случај нека ти кажат нешто повеќе стоматолозите и поупатените на темава. Јас вадев живец и можам да кажам дека бев преплашен од тоа дека ќе боли, но уствари воопшто не боли. Прво го отворија забот, и го исполнија со лек за умртвување на живецот. Тој лек ми стоеше околу една недела колку што памтам и потоа отидов ми го исчисти. Го тргна лекот, и во каналите на забот влегуваше со едни тенки иглички на чиј врв има како запци и се движеше само горе доле. Ти чувствуваш дека ти прави нешто на забот, но нема некој болка, освен во моменти, но и тоа не е некоја голема болка. Во моменти додека чисти го прочистува/проплакнува забот со една течност за дезинфекција и откога ќе го исчисти забот го пломбира. И сето тоа го прави без анестезија. Така да не се секирај ич, не боли:)
Фала многу.Бев многу исплашена.Утре ке одам па ке видиме :)
 
Каде има конец онаков за чистење на забите?
Освен у аптеки има и у маркетиве веро, рамстор, тинекс...25 метри е колгејт / 125 ден. ама мислам најквалитетен е, не се кине лесно.
 
Дали може жлезди испод вилица да ти отечат од расипани заби?
 
Често на Јутуб наоѓам видеа за како се белеат заби и наидувам на видеа каде мешаат сода бикарбона со лимон и со тоа ги четкаат забите. Дали таа хемиска реакција може да биде штетна за забите или навистина без никаква штета ќе се обелат забите?:)
 
Често на Јутуб наоѓам видеа за како се белеат заби и наидувам на видеа каде мешаат сода бикарбона со лимон и со тоа ги четкаат забите. Дали таа хемиска реакција може да биде штетна за забите или навистина без никаква штета ќе се обелат забите?:)

Имам прочитано дека киселината од лимон или други цитрусни овошја ја нагризува глеѓта на забите. Затоа и се препорачува плакнење на устата со вода веднаш после јадење или пиење на сок од цитрусно овошје.
А еве ти одговор и од доктори: https://www.sharecare.com/health/teeth-whitening/baking-soda-lemon-juice-used-teeth-whitener
 
Колку од прилика кошта да ги сменам сите заби со импланти? Забите често ми се кршат и не ми се здрави (проблем кај сите во фамилија). Ако некој ставал импланти каде би препорачувале најдобро во МК?
 
Kako se spravuvate so fobija od zabolekar ima nekoj ?

Sent from my T07 using Tapatalk
 
Kako se spravuvate so fobija od zabolekar ima nekoj ?

Sent from my T07 using Tapatalk
Земи си диазепам од 2 мг пред да одиш на лекар и немаш проблем. И секако психички добро да се подготвиш


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Дали може од еден заб (катник)да се расипат сите заби или нешто инфекција да предизвика. Имало случај од еден заб сите да се расипат и да се вадат.Дали е вистина.[emoji50]

Sent from my T07 using Tapatalk
 
Често на Јутуб наоѓам видеа за како се белеат заби и наидувам на видеа каде мешаат сода бикарбона со лимон и со тоа ги четкаат забите. Дали таа хемиска реакција може да биде штетна за забите или навистина без никаква штета ќе се обелат забите?:)
Киселната од лимонот дефинитивно е штетна и ја оштетува глеѓта на забот, затоа уствари ја мешаат со сода бикарбона (база) за тоа да ја неутрализира киселината да не биде толку јака и опасна. Е сеа, генерално тоа сепак не е баш за препорачување и јас лично (иако знам дека тоа е као популарна метода) не би ја правел, ама ако ја правиш барем имај на ум дека што повеќе сода бикарбона ставиш, толку побезбедна/понеутрализирана е киселината.

Иначе имам едно прашање (оти не видов баш да има ваква тема): кои ординации/заболекари во Скопје би ги препорачале (по можност ако имаат и веб сајт)? Оти мој колега се интересира да иде за Скопје да ги прави забите (оти тука неколку илјади евра ќе го кошта такво нешто), проблемот е што ја оти не живеам во Мк па не ни знам баш многу заболекари и кои се добри ординации, башка рече прво сака да ги контактира да знае како им се цените точно да знае на што е и колку му се исплаќа да иде до таму (оти опција му е и во Унгарија оти е поблиску). Имате некои препораки за добри ординации?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom