Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Колку е од прилика трајноста на еден метал керамички мост? Тука се подразбира и негледањето на металниот дел што оди под гингивата.
Прецизен одговор на прашањето за трајност на мостот неможе да се даде од повеќе причини. Квалитетот на самата изработка, Планот на нејзино изведување, хигиената на забалото и слично. Според статистичките податоци, се смета дека мостот е успешен доколку доживее над 3 години, но во реалноста тој период е подолг. Просекот се движи околу 7 години. Денес се среќаваат лица со мостови стари и по 20 годинии.
 
Што после тие 7-8 години?
ако се здрави корените дали може да се постават метални надградби и да се стави нов мост на истото место?
Пред некој месец ми испука филмот од постојано поправање и расипување и ставив 12 порцелански горе. Си се обожавам самата себе во моментов, ама за неколку години ќе треба да сум спремна незнам дали за обична смена или за импланти
 
Прецизен одговор на прашањето за трајност на мостот неможе да се даде од повеќе причини. Квалитетот на самата изработка, Планот на нејзино изведување, хигиената на забалото и слично. Според статистичките податоци, се смета дека мостот е успешен доколку доживее над 3 години, но во реалноста тој период е подолг. Просекот се движи околу 7 години. Денес се среќаваат лица со мостови стари и по 20 годинии.
Мене ми е само забите што ќе се истужат да бидат заштитени, затоа што се здрави, а и не сакам после одреден број на години да ми се познава метален дел во пределот на вратот на забот. Како најдобри и најскапи ми ги спомнаа мостовите изработени од циркониум, т.е. безметални мостови. Ваквите мостови цел живот ќе траат и ќе ги заштитуваат иструганите заби?:)
 
На колку време е пожелно да се менуваат пломбите?
 
Колку што сум истражувал досега, околу 10-тина години, колку што и трае една просечна пломба. Секако доколку отпадне порано, мора да се среди во најбрз можен рок. Не ме фаќај за збор, сепак сум еден обичен лаик ;)
 
На колку време е пожелно да се менуваат пломбите?
Зошто да се менуваат пломби ако нема проблеми со нив?
Сето тоа е механички стрес за забите.

Се разбира освен ако немаш амалгамски пломби. Тие траат малтене бескрајно (со соодветна нега), но пошто во составот имаат ЖИВА - и затоа се сметаат за ризик по здравјето. Да, ова нема официјално да ти го кажат, но прочитај повеќе достапни ресурси и ќе видиш и самиот. Постојат ред научни студии кои го докажуваат штетното влијание на изложеност на жива, и иако кај пломбите зборуваме за мали количини, тие количини сепак се акумулираат и можни се подоцнежни проблеми (кои не сакаш да ги наведувам).
 
Се е тоа маркетинг пропаганда на компаниите што ги произведуваат новите композитни (попознати како бели) пломби, со цел да се исфрлат од употреба амалгамските пломби. А ова им одговара и на стоматолозите со цел да имаат повеќе работа а со тоа и повеќе профит.
Амалгамските пломби освен од естетски причини (ако се блиску до фронтот и се гледаат) или ако пукнат и се одвојат од забот не се менуваат. Таков став имаат еден куп стоматолози, кои впрочем и ги имаат и самите на своите заби
 
За белите пломби ме интересира...
 
Се согласувам за се @Cannon, но што правиме со испарувањата (живата не е сосема стабилна дури ни во легурата на амалгамот), и со механичкото трошење на пломбата - парченцата од што завршуваат во организмот.

Како што верувам дека сите знаеме, живата е во редот на тешките метали кои се акумулираат во организмот и не се исфрлаат надвор преку дигестивниот систем. Кога таа акумулација ќе достигне одредено ниво, почуваат здравствени проблеми (од кои, некои се и терминални болести).
 
За белите пломби ме интересира...
Доколку пломбата во случајов белата пломба, не се оштети механички во смисла не пукне, не се одвои по рабовите на забот, не смени боја, не би требало да се менува без разлика дали поминале 5, 10, или 15 години.[DOUBLEPOST=1462619814][/DOUBLEPOST]
Се согласувам за се @Cannon, но што правиме со испарувањата (живата не е сосема стабилна дури ни во легурата на амалгамот), и со механичкото трошење на пломбата - парченцата од што завршуваат во организмот.

Како што верувам дека сите знаеме, живата е во редот на тешките метали кои се акумулираат во организмот и не се исфрлаат надвор преку дигестивниот систем. Кога таа акумулација ќе достигне одредено ниво, почуваат здравствени проблеми (од кои, некои се и терминални болести).
Сеуште нема медицински докажано дека живата од пломбите е доволна да предизвика заболувања.
Затоа и сеуште се користи, и е одобрена и од министерството за здравство и од ФЗОМ.
 
Тоа и го кажав. Официјалното објаснување е тоа.
Но тие својот став не го поставуваат врз основа на студии за дологорични последици по здравјето. На пример после 20-30 години користење неколку такви пломби. Не заборави го акумлациониот аспект, мали количини жива после доволно години - може да резултира со количина на жива доволна за здравствени проблеми.

Преземање ризик за да се заштеди менување на амалгамски пломби со бели?

Паметен човек ќе ги смени тие пломби. Па макар и по ризик на правење на профит за „индустријата за бели пломби“. ;)
 
Kако може да не се прават долгорочни студии за користењето на амалгамските пломби???
Па тие се користат со децении (не ме фаќај за збор, ама сигурно преку 50 години)
Сепак изборот е индивидуален.
 
Kако може да не се прават долгорочни студии за користењето на амалгамските пломби???
Можеш ли да наведеш барем една студија за долгорочните последици од долготрајна изложеност на количините жива кои (краткорочно) се прогласени за „официјално безбедни“? :)
 
Ме мрзи да барам, сигурно има :D
А, можеш ли ти да најдеш студија од официјални институции како СЗО, ADA, и слични каде се докажува штетното дејство на амалгамот ?
 
кое штетно дејство дедо ми 93 ги накрца со три такви пломби, олабавете малку со конспираси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom