Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека секој треба да има 32 заби, а јас имам 26. Значи, сите заби ми се здрави, идам редовно на заболекар.. ама имам 26 заби. :confused: Има некој со сличен проблем како мене?
 
Знам дека секој треба да има 32 заби, а јас имам 26. Значи, сите заби ми се здрави, идам редовно на заболекар.. ама имам 26 заби. :confused: Има некој со сличен проблем како мене?
колку години имаш?
 
почекај до 30 :)

сериозно, кај некои луѓе до 30 години искачаат осмици и седмици, но (не се плаши не е нешто чудно ова) можно е кај тебе да нема ни зачетоци кај умниците и воопшто да бе ни израснат. Не се плаши пак ќе кажам, ништо чудно не е ова, не си ни прва ни последна. Најдобро направи рендген види дали воопшто ги има :)) ама пак ќе кажам до 30 години никогаш не викај никогаш.
 
Знам дека секој треба да има 32 заби, а јас имам 26. Значи, сите заби ми се здрави, идам редовно на заболекар.. ама имам 26 заби. :confused: Има некој со сличен проблем како мене?

4 што ти фалат ти се умниците кои ќе ти израснат подоцна најверојатно,а другите два провери кои ти недостасуваат.Понекогаш се случува да едноставно не израснат некои од забите,појава позната како анадонција
 
Колку време крвари заб од кога ќе го извадиш?
 
Некој да не бил од тука или да не знае некој што бил на ласерско белеење на забите, дали е задоволен од ефектот?
 
ден, максимум два, зависи и дали имаш дрен ставен.

Трет ден веќе, сеа ми е паднат надоле коо бонбонче да имам во уста.
Мислам дека уште 2 ќе го имам. Али тешко вадење заб на коска бил, секунда пред онесвестуење ми го извади и минута пред да ме пратат на хирургија оти и лекаров пред откажување беше. Преживеав али фала :)
--- надополнето: 4 јули 2013 во 18:01 ---
Како оди процедурата за менување на матичен заболекар?
Треба да одам кај новиот кај што сакам да се запишам или да одам кај стариот и да барам да ме отпише?

Одиш кај матичниот шо сакаш да ти биде ти дава сам он напишана изјава, одиш во фондот ја потпишуваш и толку.
 
Нешто за намалување болка на расклатен заб?

Многу е расклатен, веројатно е за вадење. Забарот и пред една година сакаше да го вади, јас не му дозволив и го натерав да го исчисти и се среди малку, но еве го сега ептен се клати, мислам дека со рака би можел да го извадам. И на најмал притисок многу ме боли, не можам да јадам, почнува да се кочи вилицата.

Денеска не работи забарот, па што предлагате за до утре?
 
оди на дежурен, не вреди да трпиш болки :)
 
оди на дежурен, не вреди да трпиш болки :)

Направив нешто слично, се чув со докторот и ми кажа што да правам.

Не кажувам што затоа што за секого е различно (на овој заб имаше правено операција/ласерско чистење).
 
откако ќе се стават навлаките дали после тоа може да се стави мобилна протеза ? во мој случај навлаките се на единиците горе а тројките ми се криви и дали може да ставам протеза откако ќе ставам навлаки? :mad:
 
Не. Побарај со навлаки да ти ги корегираат тројките (ако е можно).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom