Па ако за релативно здрава личност,без компромитирано здравје од системски заболувања како дијабетесот е препорачливо на секој 6 месеци да посетува стоматолог-за лице со дијабет секако би било почесто од тоа.Сега неможе точно да се каже,ама еве на 3-4 месеци да речеме да се оди чисто на контрола.
Дијабетесот покрај другите работи си остава и свои последици и врз забите.Сувата уста која честа меѓу дијабетичарите е доста голем проблем за забите.
Плунката има свој огромен физиолошки придонес во самочистењето на забите и во регулирање на киселоста/базноста во устата,па самиот нејзин недостиг(во случај со дијабетот) ќе предизвика и да изостане самочистењето и да се покачи киселоста во усната празнина а со тоа и да се зголемат шансите за појава на кариес.
Лицата кои имаат дијабет покрај самата редовна посета на забар,треба и да повеќе да обрнат внимание на домашната орална хигиена.Избегнување на многу кисела храна и газирани пијалоци(кои имаат МНОГУ киселина во себе и МНОГУ шеќери).Редовно миење на забите.Исто така и џвакање на мастики(без шеќери) со што би се стимулирало и самото лачење на плунката и колку толку би се намалиле оние штетни ефекти кои ги дава сувата уста како последица од дијабетот.
Поздрав