Индустријата за правење игри, во која постојано се вложуваат средства со тенденција да се надмине и Холивуд, има потреба да привлече што поголемо внимание и на тој начин да заработи што повеќе пари. Што поскандалозна, побизарна и пошокантна е играта толку повеќе народ ќе зборува за неа и ќе сака да види за што се работи. За да може да се пофали дека, ете, ја играл играта, и дека нему не му е ништо посебно (или пак ќе почне да завива колку добра игриште е тоа, сеедно).
Таква е човечката психологија - што поморбидно толку поинтересно, позагадочно. Мајка Тереза ќе беше многу попозната ако снимеше домашен порнич со Далај Лама (и Далај Лама ќе беше многу попопуларен).
Нема забегувања, ниту штета. Барем не таква која би навела на потреба од сериозна загриженост. Наводното лошо влијание на игрите врз психата на децата е изнасилено и преувеличено. Проблемите се должат на други нешта. Игрите можат да бидат вентил и евентуално повод (никако причина), иницијална каписла за невообичаено, неретко насилно однесување. А во тие случаи повод може да биде буквално се - некажување добар ден, лоша фризура, облачно време, неочекуван крај на некоја серија, обраќање од Господ, единица во школо - на одлепените навистина не им треба многу. Ова со игрите и нивното лошо влијание е лов на вештерки.
Недостатокот на креативност и на идеи е сосем друга работа. Има сериозен застој и репетитивност. Се се сведува на неколку жанрови и нивни комбинации и ретко сосем ретко на нешто ново, колку толку оригинално и посебно добро. Имаме одлична графика од која застанува здивот и приказни, игривост и атмосфера од која исто така застанува здивот но поради сосем други причини. Но бидејќи, од финансиска гледна точка на индустријата сосем добро и оди, таа не чувствува потреба од промени.
Пред 10-тина години имаше повеќе „големи“ игри што излегуваа во период од 12 месеци, отколку денес.
Буквално пораснав со хорор филмови. Повеќе од деценија играм игри. Некои од нив беа прилично насилни

Ниту од хоророт, ниту од игрите не сум добил некој порив да проверам дали комшијата што ме нервира навистина има мозок.