За значењето на свеќата

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Локација
Erusalim
sveki.stefan.jpg

Зад палењето на свеќата се крие длабока симболика. Светиот Симеон Солунски (+1429) ни кажува дека свеќата која ја палиме ги има овие значења:

- Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок. - Исто така и мекоста на душата, врз која можеме да напишеме било што. - Уште и Божјата Благодат, зашто восокот доаѓа од мирисни цветови. - Обожувањето, кое треба да го достигнеме, зашто таа се пали со оган и го храни. - И светлината Христова, која ја гори и осветлува темнината. - На крај, љубовта и мирот, особини на секој Христијанин, зашто, додека гори, таа со својата светлина го просветува и утешува човекот кој е во темнина.

Палејќи свеќа треба да се сеќаваме дека треба да живееме во светлината која сме ја добиле со нашето крштевање. Затоа крштевањето уште се нарекува и просветување. Затоа, за време на крштевањето држиме запалена свеќа. Оваа светлина е огнот на Светиот Дух и таа се пали во нашата душа секогаш кога учествуваме во Светата Литургија и се причестуваме. На крајот на секоја Света Литургија пееме: «Видовме вистинска светлина, Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на неразделната Троица ѝ се поклонуваме, зашто Таа нè спаси нас.» Свеќите се еден вид наш принос на Бога од материјалните добра, кои Он ни ги дава (Твои од Твоите, Тебе Ти принесуваме) и ја означуваат мекоста на нашата душа, но и соединувачката сила на Светиот Дух, зашто се произведуваат, по правило, од чист восок, направен од пчела, која собира полен од најразлични цветови за да го произведе. Затоа нè потсетува и на работливоста на пчелите, но и на тоа дека го собира само доброто. Исто така, восокот го симболизира и начинот на кој Огнот, односно Божеството, се соединува со душата и ја омекнува и просветлува и неа и оние кои се во нејзино опкружување.Свеќата, како што гори, ја просветлува околината. Така и совесниот Христијанин, кога се жртвува за Божјата љубов, ги просветува луѓето и им го покажува патот на спасението.Секогаш кога верниот оди во Храмот, треба да запали свеќи за живите и за покојните. Палењето свеќа секогаш треба да биде проследено со молитва. За живите да бараме милост и заштита, а за покојните успокојување и спасение на душите.Свеќата на крштението ја симболизира духовната светлина која ја прима новопросветениот и која треба да ја сведочи и покажува пред луѓето. Свеќите на погребот, гробот и поменот ја симболизираат светлината Христова, која се молиме да го просвети покојниот и да го упокои на место светло, блажено, каде нема тага, ниту воздишка, но живот бесконечен. Полиелејот во Храмот ја симболизира небесната црква, каде свеќите и кандилата ги претставуваат светителите. Затоа, во манастирите, во одредено време на богослужбата, полиелеите се нишаат, за да се покаже како и небесниот свет учествува во славењето на Бога.
❈ ❈
Така треба да свети пред луѓето


http://preminportal.com.mk/content/view/8710/54/
 
у бублијата не се споменува свеќа, така да.,.
 
Абе ок свеќи, цркви, религии....Верник сум, ама не до толку да се замарам секој ден со вакви работи. На форумов во последно време се дискутира само околу религии и слично. Терајте животот напред и остајте ги овие работи за кога ќе одите во црква, таму прашајте го попот за значењето на свеќата...
 
Среќата е убаво нешто додека свети.
 
Затоа нè потсетува и на работливоста на пчелите, но и на тоа дека го собира само доброто.

Многу ме интересира, не знам дали е вистина, ми имаат кажано дека во Црквите во другите православни земји свеќите се бесплатни во скоро сите цркви.

ПС
И освен на челите, ме потсеќаат и на работливоста на тетките кои едвај чекаат да си отидеш за да ја изгасат и фрлат во канта за да ги пратат на претопување. Нешто што многу често ми се случува и ме вади од такт.
 
Многу ме интересира, не знам дали е вистина, ми имаат кажано дека во Црквите во другите православни земји свеќите се бесплатни во скоро сите цркви.

во повеќето православни цркви е така како што кажуваш ти со таја разлика што самиот верник одлучува колку пари ќе донира на црквата во посебна каса наменета за тоа.
Богат или сиромав секој донира на црквата.


ПС
И освен на челите, ме потсеќаат и на работливоста на тетките кои едвај чекаат да си отидеш за да ја изгасат и фрлат во канта за да ги пратат на претопување. Нешто што многу често ми се случува и ме вади од такт.

да и мене ми смета тоа
али се додека не сватат владиците дека се за народот и само за него храмовите ќе ни се празни нужни се промени во самата црква и нејзината хиреархија, за да е уште поблиска до народот.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 16:22 ---
Абе ок свеќи, цркви, религии....Верник сум, ама не до толку да се замарам секој ден со вакви работи. На форумов во последно време се дискутира само околу религии и слично. Терајте животот напред и остајте ги овие работи за кога ќе одите во црква, таму прашајте го попот за значењето на свеќата...

молитвата пријателче е за секој ден спомнувај си ја секој ден
секој ден е божји ден :)
 
Свеќата е добра работа помага да се ослободиш од ситните парички и од гревовите такоге.

Луѓе дајте малце постудиозно околу овие работи не е ова мусака па си ставил кромид или не... ради тоа што меинстрим религијата во државава е доведена на прости рутини што може и папагал да ги научи сме на дерџето на кое сме.

Наместо агендата да биде: помагање на сиромасите, подршка за ближниот, програми за економска самоодржливост, обуки за самовработување и сл. жалосно е што Православието во МКД стана главниот генератор на простољудие после политичките партии.
 
Ако се лажеш на ефтини финти, би верувал дека е од вистински восок свеќата.
Обично тие што ќе си ги купиш од црква, се направени од недогорени свеќи, а ослободувањето од ситните денари , и визуелно од “гревовите“ значи автоматско зголемување на црковните каси. Помогнете, нека вози подобар џип.
 
Свеќата кај мене дефинитивно создава чувство на мир и будност. Најубаво ми е да медитирам со запалена свеќа.
 
Свеќата е бестелесна жртва која ја принесуваме на бога. До пред Христа се принесувале телесни, живи жртви, стока која се колела и со крвта се чистело оти само крвта имала моќ да чисти од грвовите. Бидејќи Исус страдаше и беше жртва за сите нас и со својата крв ги изми нашите гревови, како жирант го плати нашиот долг и не измири со Бога, нема повеке потреба од жртви заради крв, односно гревовите се просуваат само со покајание и верба во Исус, сега принесуваат бестелесни жртви.....
 
sveki.stefan.jpg

Зад палењето на свеќата се крие длабока симболика.

...






Да, симболиката на свеќата (и безброј други симболики) е прекрасна, но во споредба со огнот на Светиот Дух кој што лично Живиот БОГ го пали во своите чеда, таа е само бледа сенка, слично како што се самовозвишените (возгордеани и самопрогласени за единствени вистински) грчко/римски верзии на верата само бледа сенка во споредба со Христовата (и онаа на Неговите вистински Апостоли, кои беа сите до еден понижни и неегоистични евреи)!


Поздрав


п.с. Секое Чедо БОЖЈЕ кое што за Слава на БОГА преку Светиот ДУХ вистински љуби, верува и исповедува дека Исус е Господ, преставува “свеќа“ БОЖЈА безкрајно посвета од секоја восочна!


.
.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom