За што Владата ми ги троши парите? Видете сами!

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување
Едно е да известиш а сосем друго да се саморекламираш, на почетокот можеби и беше симпатично но сега веќе стана крајно нападно и вулгарно ова со рекламирањето.
Се рекламира бе производ наменет за потрошувачка а не активности на влада, владата не треба да се саморекламира, треба да работи, ако има резултати народот ќе и ја даде најголемата реклама......
Некој овде отвори тема 24/7......па сега имаме 24/7 некои лица на тв:kesa: малку малку па грујо на тв...ко шпанска серија стана веќе:pos2:...една видиш, си ги видел сите.
Ебате земјата во која вестите имаат најголема гледаност и спонзори:toe:
А како тргнала работата може и ќе дочекаме да како некогаш во Енверова Албанија првите зборови на спикерот бидат.....добар ден (утро) господине премиер:kesa:

Всушност на ист начин започнал Големиот Брат во Орвелова`84,најпрвин со реклами,за подоцна преку интерактивна телевизија мораш да бидеш 24/7 достапен,со тоа што одредени емисии мораш да ги гледаш или не ти гине казна.Во книгата убаво стои дека се казнува не само за плукање и кивање на јавно место,туку и за тоа што го зборуваш со партнерката при сексуални контакти за која владата и Големиот Брат ќе одлучат која ќе биде.Деновиве се очекува Владата да излезе со најнова програма за спортски активности,специјални дозволи за штрајкови кој нема веќе да можат така да се наречат,а ќе имаме и најново упатство како да мислиме и тоа објавено преку медиумите во ударни термини,за да не рече оној кој поинаку мислел дека не бил информиран од владата на Република Македонија која работи за доброто на сите,всушност ние и нема што да работиме кога владата работи за нас.:toe:
 
1125000100.jpg
 
Власта е сила, власта е моќ

Колку до вчера Владата не' убедуваше дека живееме во „ветена земја“ во која не допира светската финансиска криза, а демократијата цути. Требаше да почне генералниот штрајк на СОНК, па сите да се соочиме со реалноста. Одеднаш светската криза ни била длабоко присутна во општеството, па Владата нема доволно пари за да ги задоволи барањата на синдикалците од образованието. Реши со притисоци врз директорите и наставниците по партиска линија да го крши легалното право за штрајк. Во изминатите две и пол години, а ниту вчера, Владата не одговори колку ја чинат кампањите, особено таа „Знаењето е сила, знаењето е моќ“. Со тие пари, како и со хонорарите исплатени токму во ресорното министерство за редовни работни обврски, можеше да се затворат многу ставки во образованието. Особено што барањата не се од вчера. Но, за тоа треба добра волја, и пред се', отсуство на навиката да се покажуваат партиски мускули.

Стана повеќе од очигледно дека Владата во реформите во образованието тргна од сосема обратен правец. Со незадоволни наставници, со неподготвен план за компјутеризација, со притисоци врз наставниот кадар, со исплашени ученици, со родители под стрес, процентите и парите издвоени за подобрување на состојбата во образованието остануваат само на хартија. Желбата за наметнување перцепција пред меѓународната јавност дека нешто се движи напред се сведува на Потемкиново село. Кому и за каков „рејтинг“ му треба тоа, веројатно само Владата знае.

Значи, во оваа земја нема финансиска криза кога се во прашање садење дрвца, шетање на трговски патници, кои место инвестиции ловат празни писма на намери, разни кампањи за подигање на свеста, за отворање на срцето... Наместо да отвора нови јалови тезгиња, Владата нека ги затвори славините за непотребни расходи - од мебел до попоулистички кампањи и нека го насочи буџетот кон темелните вредности и потреби на општеството. Ако „образованието е сила, образованието е моќ“, редно е да видиме дека е така и во реалниот живот. Но, со демотивирани професори и со притисоците врз легалниот и легитимен штрајк на СОНК, Владата покажува дека во земјава само „власта е сила, власта е моќ“. Посветено, 24 часа, седум дена неделно.

Извор денешен Дневник
 
Хехе, Дојчин убаво ги насанка директорите, со сесрдна помош на сдс;)
Колку се тапа сдс-овциве, сега еден директор ќе немаат по училиштата.
Плус ќе се искористи приликата и да се излуфтира малку застоениот наставнички кадар.
И така има превработеност во таа сфера, уште ова им требаше.
Добро изиграно од страна на владата+Цветановски.
 
Ke gi nasankaat sea ushte nekoj den pred sobranie...nekoj debelo kje si go odnesi...ama koj kje bide neznam...vo Prilep pochnaa efektite...mercedesi i slichno demoliranje...kaj da e nekoj kje go vidi narodot a po se izglea prv ke ja ima chesta Dojchin Cvetanovski a po nego shlaknatiot premier i prerodbata :helou:


СОНК и МОН имаат спротивни ставови дали вчера имаше штрајк и во колку училишта наставата се одвивала нормално. Според СОНК, од над 600 училишта во државата, редовно работеле само 14, од кои 11 во Скопје, главно од општините Ѓорче Петров и Карпош.
 
- Граѓаните многу убаво се сеќаваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ го фалеше и го избра за свој партнер СОНК и Дојчин Цветановски. СДСМ не е виновен што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го излажаа и него. Сега се отвора дилемата од кога СДСМ има моќ да ги организира директорите во училиштата во Прилеп, Битола, Валандово, Радовиш, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел и во другите градови во Македонија што вчера штрајкуваа, а чии градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ - се вели во соопштението на СДСМ. :tv:
 
владата да ме информирала... па кој денес не е информиран бре интернет има насекаде ... изгледа само Грујо не е информирн што му се случува со народот ..... пари за бранителите нема... за професорите нема ,ама за РЕКЛАМА ИМАААААА
еднаш светската криза ке не заобиколела ,амакога им треба не не заобиколува ...
сите негови соопштенија наликуваат на они болшевичко сталинистички ...исти се ...... и замисли главна вест работеле 32% од училиштата .... па сега ке има црн бумбар бел бумбар.. па латас педерчето ке кажува колку е штетен штрајкот ,па разноразни експерти за светската криза( ја има по потреба на владата) и се така ,ЗАСРАМЕТЕ СЕ БРЕ ,, И НАЈ ИНФОРМАЦИЈА НА ВЛАДАТА РАБОТЕЛЕ 24 ЧАСА 7 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА тоа е многу важно да се знае ,,,,,,,,,,,,,,,
 
Da rabotea pomalku kje beshe polezherno vo drzhavata,i bar da gi namalea konzervativnite metodi na vladeenje i zaplashuvanje nemashe da se sluchi SONK i ona so Dostoinstvo.
 
Секој има право да си бара, но ајде да видиме што добива.
Вработените во образованието имаат 40% покачени плати и тоа е добро, но сега тие бараат повеќе. Ајде да видиме зошто бараат повеќе:
- Работат по 4-5 саати на ден (јас работам 8-10)
- Имаат летен распуст од 2 месеци
- Имаат зимски распуст од 1 месец
- Им следува одмор од 21 ден (јас имам 10)

Е сега, кога државата почнува да застанува на здрави нозе, некој го поткопува тлото под нозете. Па до сега тие професори работеле со многу ниска плата, непокачена цели 15 години и толку биле деградирани, што никој ништо не рекол, а сега со покачена плата и бараат поголеми патни трошоци и поголема сума за хранарина
 
Всушност на ист начин започнал Големиот Брат во Орвелова`84,најпрвин со реклами,за подоцна преку интерактивна телевизија мораш да бидеш 24/7 достапен,со тоа што одредени емисии мораш да ги гледаш или не ти гине казна.Во книгата убаво стои дека се казнува не само за плукање и кивање на јавно место,туку и за тоа што го зборуваш со партнерката при сексуални контакти за која владата и Големиот Брат ќе одлучат која ќе биде.Деновиве се очекува Владата да излезе со најнова програма за спортски активности,специјални дозволи за штрајкови кој нема веќе да можат така да се наречат,а ќе имаме и најново упатство како да мислиме и тоа објавено преку медиумите во ударни термини,за да не рече оној кој поинаку мислел дека не бил информиран од владата на Република Македонија која работи за доброто на сите,всушност ние и нема што да работиме кога владата работи за нас.:toe:

Многу сте ми интересни..ај да не кажам и чудни!!!
Сакате (брз) влез во ЕУ и НАТО..а тамо вака неприпремени и распашани ..гледано како нација и држава не не примаат..а тоа насекаде и секојпат (ни) го потенцираат.
Е сега кога мораме да станеме такви какви не очекуваат (да станеме) ете ..типично закерање македонско..па зашто вака бе..па многу е брзо..и т.н.
Ни се водите..ни се терате..кажано селски (како стоката де...хахаха).
Нешто лично и мора да се жртвува...или целта го оправдува средството..како што (некојпат) рекол сињор Макијавели...
:toe:
 
imam dosta priateli stranci koi ziveat vo makedonija,ednostavno lugeto se cudat na nacinot na koj SONK sakat da dojdat do svojata cel,ako imat cel ili rabotava e politika a zrtva se decata
 
Многу сте ми интересни..ај да не кажам и чудни!!!
Сакате (брз) влез во ЕУ и НАТО..а тамо вака неприпремени и распашани ..гледано како нација и држава не не примаат..а тоа насекаде и секојпат (ни) го потенцираат.
А демек овој твојот гледам нозете си ги окапа брзајќи накај ЕУ и НАТО.
Ни се водите..ни се терате..кажано селски (како стоката де...хахаха).
Коа поубо ќе размисли чоек, ќе увиди дека токму тоа е и најголемиот приоритет на "овчарот".
Од сиов народ, да напраи едно големо стадо од околу два милиона овци.....обградени во едно бачило, за да не можат никаде да побегнат, и нормално за да може што полесно да ги командува.

А внатре (во бачилото), секој ден ќе им чита приказни, за тоа како тој (овчарот) е единствениот "избран" кој може да ги спаси кутрите овци од лошиот волк.

И притоа доколку се послушни и добри, и доколку беспрекорно му веруваат и се покоруваат на нивниот избран "овчар", ќе им приушти и по некоја бала сено за да се прехранат......колку да не испуштат душа и цркнат од глад.

Е. А од време на време, доколку некоја овчичка собере храброст, и дигне глас за да се побуни за условите кои владеат во бачилото, овчарот веднаш ги пушта истренираните за набивање дисциплина овчарски пци, за да ја растргнат, и однесат во друштвото на непожелните......................црни овци.
Нешто лично и мора да се жртвува...или целта го оправдува средството..како што (некојпат) рекол сињор Макијавели...
:toe:
Па си можел и поадекватно место да најдеш за мудроста.

Во ситуацијава, средствата се применуваат во име на некоја цел, која никој не може да ја види.:toe:
 
И знаете што ме нервира?

Овој министерот за образование пак ТРОШИ државни пари да прави обиколки по училиштата во Македонија да види кои не работат па да ги бркаат директорите од работа!
:pop:

Замислете бе! Ееј! На што се трошат пари/време/ресурси! Министер за Образование и Наука ја шета Македонија и изигрува шериф!
:tapp::tapp::tapp:

Срамота е ова бе!
 
И знаете што ме нервира?

Овој министерот за образование пак ТРОШИ државни пари да прави обиколки по училиштата во Македонија да види кои не работат па да ги бркаат директорите од работа!
:pop:

Замислете бе! Ееј! На што се трошат пари/време/ресурси! Министер за Образование и Наука ја шета Македонија и изигрува шериф!
:tapp::tapp::tapp:

Срамота е ова бе!

Споредено со тоа што ...а и на што троши прецедникот ФИРОМСКИ..ситница би рекол...
или мала штета...
:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom