За Ресен

  • Креатор на темата Креатор на темата асфалт
  • Време на започнување Време на започнување
хахахах да беше толку планирано да пеј можеше и во спортската сала ама ... :pos2: ај надередна година :pos2:
Да бе во спортската сала и после да ја фатат синусите или да се разболи па да ја носиме на душа:pos2:
Да ти кажам право поарно шо не пееше, се спасивме:pos2:
 
Да бе во спортската сала и после да ја фатат синусите или да се разболи па да ја носиме на душа:pos2:
Да ти кажам право поарно шо не пееше, се спасивме:pos2:

Поштовање за ова :pos2::pos2:
 
Деновиве ќе се одржи концертот, не се секирајте:vozbud:

Eпа кога неаме салам организатори..кои неможат да предвидат дека во цела дождлива недела можно беше да врнит за време на концертот..и наместо да предвидат алтернативно решение, и да најдат друго соодветно место....то е...ќе чекаме да угрет сонце ..за да дојт каролина (за која, и да не врнеше дожд ,тешко дека некој ќе одеше да ја гледат во недела,ден посветен за берба.... :) )...па сеа како што кажвит Чомбе -се спасивме.. :pos2::pos2:

А најзаебано е што ресенската јавност не беше нити информирана дека доколку заврни дожд концертот ќе биде одложен.....али то е то..
 
Пријателе имате во Прилеп многу добри организатори:tapp:
 
Каролина Гочева, како што последно сум информиран ќе одржи концерт во петок на 10 октомври 2008, со почеток во 20 часот, информацијата се уште не е официјална, да почекаме за официјална информација која ќе биде истакната на локалниот и општински веб портал ПреспаСкај.:smir:
 
Настапот на Каролина Гочева, веќе официјално е закажан за 10.10.2008 во 20 часот и ќе се одржи на градскиот плоштад во Ресен.

хаха ама ако врни пак ќе се откажи хахаха
 
Спектакуларен концерт на Каролина Гочева во Ресен На Градскиот плоштад синоќа се одржа можеби еден од најголемите концерти во историјата на Ресен.

Пред огромен број на присутни точно во 20 и 30, Каролина го започна концертот со евровизискиот хит "Мојот свет".

Во текот на концертот беа испеани и повеќе песни од нејзините постари албуми, за потоа да бидат отпеани и антологиските "Јовано Јованке", "Македонско девојче" и "Ако одам во Битола".

Отпеана беше и песната "Од нас зависи" со која Каролина прв пат настапи на Евровизија и ја претставуваше Македонија во Талин, Естонија во 2002.

Каролина, концертот го заврши со своите најнови хитови "Птицо малечка" и "За кого" од последниот албум кој беше издаден оваа година.

На преполниот плоштад концертот го следеа голем број на граѓани кои дојдоа од целата Преспа, имаше и многу гости од соседниот град Битола.

Концертот беше во организација на Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Димитар Бузлевски, а беше подржан од спонзорите на Преспанскиот јаболкобер.

Концертот претходно требаше да се одржи на 28 септември, но како што е познато поради силните врнежи беше одложен за 10 октомври 2008.

Се на се концертот донесе позитивна енергија кај Ресенчани, кои одамна не се имаат насобрано во толку голем број, а на едно место, на ваков настан од забавен и културен карактер.

Каролина Гочева важи за една од најпопуларните македонски поп пејачки и досега има присуствувано неколку пати во Ресен, последен пат таа ги забавуваше матурантите од ланската генерација на Доделувањето на дипломите.

Karolina_koncert_sl1.jpg

Karolina_koncert.jpg

Karolina_koncert_sl3.jpg

Karolina_koncert_sl5.jpg

Karolina_koncert_sl4.jpg

Karolina_koncert_sl2.jpg

Karolina_koncert_sl7.jpg

Karolina_koncert_sl6.jpg

Не бев на концерт, ама ми коментарот на другите беше "САМО БИНАТА ВРЕДЕШЕ"(без Каролина) :pos2::pos2::pos2:
 
Влатко Лозановски момчето кое триумфираше на 23. по ред Макфест со песната Времето да застане, чиј целосен автор беше ресенчанецот Хари Котларовски има големи шанси да стане број еден на македонската естрада.

Победничкиот тим предводен од Хари Котларовски, комплетен автор на песната "Времето да застане" со која Влатко Лозановски го освои првото место е составен целосно од ресенчани и тоа од Живе Кремшовски, АнаМарија Котларовска, Роберт Кереместевски и Ана Трајчевска,(сите од Ресен) кои беа пратечки вокали во победничката композиција.

makfest_vlatkolozankovski_sl3.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom