- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.197
Не, кога знам какви говеда има на другата страна, луѓе кои како опозиција прават страшни намештаљки, преговараат со крајно сомнителни структури за да се доберат до власт и луѓе без никаков компас во своите животи освен желба за власт. Ако нивното уништување бара 2 пратеници плус од реалните, јас сум за.
И на крај прашање до тебе. Тебе како легалист или вистинољубец, не ти пречи што овие снимки ги пушта некој што самиот е фатен и снимен со аудио и видео запис како ветува вработување на партиски кадри, како бара мито и тн.? Немаш сомнеж во неговите намери, во неговите мотиви а и во нивната автентичност? Дозирана вистина не е вистина.
Јас никаде не ја бранам другата страна. Напротив, тие се најмногу виновни што овој народ е дотеран до ова дереџе, да може да биде корумпиран со сладолед и сендвич. И имам секаков сомнеж во намерите на Заев, но Миле и сите што правеа криминал мора да одат во затвор. Инаку никогаш нема да бидеме држава. А во автентичноста на снимките немам ниту најмалку сомнеж. Да не беа автентични, Грујо и компанија ќе ги повикаа и платеа најдобрите форензички служби да го докажат тоа. Да не се правиме малоумни, нема потреба од тоа.