За пуштање „бомби“ 4 години затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе видиме. Ќе го повикаат на распит, и ќе видиме што ќе излезе. Доволно е што како глушец ќе одговата пред истражен судија. А имаше Миле на снимките и други индиции за кривични дела, како на пример примање поткуп од Кинезите.

Кои се тие индиции?
 
Нас народот нѐ гласал!
И со тоа ни дал за право да го ебеме у гз и да се богатиме на негова сметка. И у принцип, тоа што народот нѐ гласал сеа ни дава за право шо кур сакаме да му праиме.
Ако некој јавно посочи на овие наши активности - добива затвор.
 
Види, тоа го дефинира системот се монополот врз употреба на сила и можноста да изврши присила. Значи, ако јас не го гледам, истиот паралелен систем треба да ме удри по глава со што би ми покажал дека постои. Во спротивно, исто како да не постои. :)

Така е, тебе не те удира. Но ти не си народот. Мене ме удира (Можам да ти го потврдам со пишани докази, снимки, и официјални одлуки за и од тој систем). Иако јас сум едно обично микронче од народот. Затоа што тој паралелен систем можеби е проектиран како начин на работа на една партија, но резултатот е сосема различен. Резултатот е еден систем без дефинирани правила кој прави р'шум низ животите на обичните луѓе.

Немој со таква Антоанетска игнорантност. Не сме ние сто милиони. Еден ебан милион сме. Сите знаеме кој е кој, и колку лесно се стига до горе, и колку сме всушност мали, мизерни и одважни.
Ако се навратиш поназад, јас барам правда и достоинство. Ништо повеќе и помалку. А кој ќе биде тој што ќе ги расчисти лајната? Тој што ги покакал, или некој друг?
 
И имам секаков сомнеж во намерите на Заев, но Миле и сите што правеа криминал мора да одат во затвор.
Не сакам да звучам како Vanlok, kano или останатите (лоши се ДПМНЕ, ама и СДСМ не се подобри затоа нека си останат првите...), но се согласувам со тебе.
Јас Мијалков најмногу сакам зад решетки да го видам.
 
Значи да се вратиме на законот за бомби, никој не го коментираше делот дека казна ќе добијат тие што прислушувале.

Со оглед дека во овој случај веќе имаме осуден и се знае како се набавени материјалите, дали тоа значи дека сега може осудениот да биде заштитен сведок против тој што неовластено прислушувал.

Се ми се чини дека законов за бомби е 180 степени поинаков од тој што предложи Талат, и е во целосна корист на опозицијата.

@Inglourious Basterd нешто пропуштам или правилно размислувам?
 
А кој ќе биде тој што ќе ги расчисти лајната? Тој што ги покакал, или некој друг?
Никој. Далеку сме од расчистување.
Со оглед дека во овој случај веќе имаме осуден и се знае како се набавени материјалите, дали тоа значи дека сега може осудениот да биде заштитен сведок против тој што неовластено прислушувал.
Секако. Само не заштитен, туку само сведок. Бидејќи му знаеме идентитет, а и во спогодбата во обвинителството веќе го има направено сведочењето.
Се ми се чини дека законов за бомби е 180 степени поинаков од тој што предложи Талат, и е во целосна корист на опозицијата.
Забраната за објавување постои, само казните се поразлични. Плус, приватни разговори кои се однесуваат на семејни и лични односи е многу растеглива дефиниција. Во нејзе без проблем може да влезат 95% од снимките што ги пушти Заев.

Ако им е целосно од корист, не би барале одложување на стапување во сила за 6 месеци и мислење од Венециската комисија, туку напротив, би барале да стапи во сила веднаш и со тоа би си засилиле преговарачка позиција за други точки.
 
Никој. Далеку сме од расчистување.
Јас се некако мислам дека ќе има нова чистка пропратена со судски разврски. Или барем некаков обид за расчистување.
 
Јас се некако мислам дека ќе има нова чистка пропратена со судски разврски. Или барем некаков обид за расчистување.
Ќе видиме. Ама ако треба да прогнозирам, мислам дека шумарот од примерите на Србија и Хрватска научи дека никаква корист нема од иссилени чистки.
 
а кога ќе се расчисти Телеком, Оилко и други ? јасни и докажани работи...
Нас народот нѐ гласал!
И со тоа ни дал за право да го ебеме у гз и да се богатиме на негова сметка. И у принцип, тоа што народот нѐ гласал сеа ни дава за право шо кур сакаме да му праиме.
Ако некој јавно посочи на овие наши активности - добива затвор.
спреми се да свиткаш кичма и да го примиш грчкиот
( губење на идентитетот) и албанскиот (федерализација)
 
Нели бараа независни експерти. Цел врв на сдсм се набута во владата
Мислам дека прво бараа експертска Влада. Откако беше јасно дека такво нешто нема шанси да се деси, ова е нешто измеѓу. А сигурно сдсм нема да кажат: „Абе овие ги оставаат министрите од нивна партија, ај ние да стаиме независни експерти“.
 
не мора министерот да е ехперт, советниците треба да се...ама министерот веднаш отиде во Гостивар и им вети на граѓаните релаксираност... само не знам на кој граѓани, не по национална опеделба туку во смисол на која страна на законот се ; тука е ии иницијативата за масовна амнестија, 300 наркодилери на слобода... очигледно ќе се бараат гласови и од кримосите а ќе им се вети релаксираност
 
Ова нигде го нема во светот. Министри да се назначуваат луѓе од партија што нема победено на избори
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom