Мац и порано сме го праеле муабетов. Прво, кога се работи за филмови, музика, актери, пејачи, итн... нема објективни ставови, се е субјективно и зависи од перцепцијата на поединецот. Второ, што се однесува до убавината и тоа е субјективно, јас не реков дека е најгрд на планетава Земја, само едноставно не ми е по вкус. Трето, не е дека не можам да го смислам или сл., само не уживам додека ги гледам неговите улоги како што тоа го прават други. Исто како што не велам дека е анти-талент или дека не знае да глуми, само дека не ме воодушевува.
Нема врска тука општото мислење на луѓето. Има многу други актери кои исто се во центар на внимание, па се сложувам дека се добри или уживам да ги гледам. Бред Пит не е еден од нив.
П.С. Не ми го чачкај Колин Фарел, прекрасен е!