Ѕид на срамот

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Како и скоро секој втор месец , вчера ми стигна пакет од Македонија полн со наши производи на чело со домашно Ајверче, Лутеница и уште милион други домашни работи од тегла. Покрај неизбежните кикирики , семки и сончоглед добив и неколку сирења од повеќе наши производители.
Сабајле решив да го пробам Битолското овчо сирење. Го отворам , пробам и некако вкусот ми е чуден, некако саламурата ептен горчлива. Си викам ај да ја видам етикетата залепена од маркетот во кој се продава сирењето што ќе каже, кога таму гледам ПРОИЗВЕДЕНО НА 11.11.2013 и УПОТРЕБЛИВО ДО 11.11.2013 се чудам и забележувам дека одоздола има уште една етикета и тоа она оригиналната од производителот, внимателно ја тргам прелепената етикета и доаѓам до оригиналот и читам Употребливо до 20.09.2013.....
Инаку се работи за маркетите КИСИ ТРЕЈД од Струмица кои и не се толку мали за да поверувам дека преживуват од манипулации но очигледно е дека ова им е пракса зошто секогаш како демек ги прелепуваат налепниците со нивни етикети поради цената а всушност се работи за менување на рокот на трајност.
Незнам дали некој од вас имал слично искуство и дали некогаш како потрошувач сте превземале нешто поради оваа појава. И пред се дали има во Македонија институција која штити од вакви појави.
Мислам дека е сосема исправно ако ништо друго овдека со име и презиме да ги наведуваме ваквите преваранти кои можат да бидат многу штетни и по здравјето на потрошувачите.
 
шо ни кажуеш нас, имаш ДПИ јави се и пријави, покажи фискална и нека ги затворат педерите....

Па тоа и прашував кај да се јавам може ли некој да ми даде Маил или некаков друг вид на контакт??? Ќе направам Фотки и ќе им ги пуштам. После плачат казните биле превисоки а потрошувачите кој ги е.... Море клуч на врата ако не си способен да си покриеш трошковите и проиводите со поминат рок да ги отстраниш.
--- надополнето: 23 ноември 2013 во 12:59 ---
А вас ви кажувам затоа што мислам дека треба да се развие дискусија во правец на заштита на потрошувачите и да се развие малку свеста кај луѓето за вакви појави.
 
Океј е, ама тука ќе те драпаат повеќето, таков ни е сеирџиски форумот.
http://www.dpi.gov.mk/index.php?option=com_chronocontact&chronoformname=priava
еве на ДПИ на страната има кај да пријавиш, штета што мора цели информации да ставаш, не е анонимно.
Еве број од одделение на ДПИ во струмица 322-798. Јави се таму.
Ја досеа не сум пријавувал незнам како оди.
 
Еве ти санитарна инспекција за во Струмица, еве ти го бројот, слободно ѕвони им и информирај се за настанот. Тоа треба одма да се казни...
034 322983
 
вака требаше од поодамна да се обелоденат/обележат и стават јавно на тапет сите кои сакаат лесна заработка служејќи се со измами и врз плеќите на потрошувачите
Но, колку и дали би имало ефект во замја ко МКД?:unsure:
 
Па тоа и прашував кај да се јавам може ли некој да ми даде Маил или некаков друг вид на контакт??? Ќе направам Фотки и ќе им ги пуштам. После плачат казните биле превисоки а потрошувачите кој ги е.... Море клуч на врата ако не си способен да си покриеш трошковите и проиводите со поминат рок да ги отстраниш.
--- надополнето: 23 ноември 2013 во 12:59 ---
А вас ви кажувам затоа што мислам дека треба да се развие дискусија во правец на заштита на потрошувачите и да се развие малку свеста кај луѓето за вакви појави.

пријави ги бе,мајка им да ја ебеш.Гледај да им здрват некоја казна ! Инсистирај
 
Хах...па ова го имам сретнато(во континуитет) кај повеќето големи маркети,кои не се во строг центар на градот....поготово за Скопје зборувам...многу познат маркет...ако не и најголем....беа лепени до 3(со букви три) етикети за рок.

За пријавување не стануваше збор...бидејќи само луд и малоумен би поверувал дека таков газда некој би го казнил.:pos:
 
Јас имам слушнато за кашкавал, на кој му била залепена нова етикета за рок. И тоа во супер познат маркет во Скопје.

Веројатно секаде прават вака, не ме чуди, ич око не им трепнува изгледа.
 
Не се исклучок, такви има многу, тие се мали продавничиња и ги држи некој приватник кој чека да продаде се што има и што останало без разлика до кога е рокот.
И да не ги пријавиш тоа нема само ти да го приметиш, ќе го приметат и другите, а така продавницата ќе ги изгуби и купувачите :)
 
Ваква глупост Киси да направиле?
Досега не сум имал проблем со нивни производ со рок, можно зошто тие производи што ми ги носат се увезувани.
 
Да не излезе дека зборувам во празно.



Не сум со лоша намера можеби нешто стои зад сето ова што јас како потрошувач не го знам. Така ако има некој што работи во маркет и знае зошто вака се долепуваат етикети слободно нека објасни.
 
Да не излезе дека зборувам во празно.



Не сум со лоша намера можеби нешто стои зад сето ова што јас како потрошувач не го знам. Така ако има некој што работи во маркет и знае зошто вака се долепуваат етикети слободно нека објасни.

Да речеме дека и овие производи(супи,кечапи,еурокрем,кашкавал.салами,бисквити)
оди и инспекција ги запленува,и што потоа: ЕВЕ ГО ПАТОТ НА УНИШТУВАЊЕ.
(кога и ти би пријавил исто вака ќе биде, а може и да ги стави во канти па оди најди после кога е произведено не пишува во солилото.или пак на тезга отворено)
Еве вака:
Инспекција гфи остранува тие производи (многу ретко) а уште поретко ги зема а никогаш пак не ги уништува. Потоа го носи кобајаги во депонија ДРИЗЛА на пример,
но таму точно се обавестени за доаѓањето и тоа не се уништува туку се дава на одредени лица,ако веќе и по пат не има некаде тоа веќе дадено. Потоа тие артикли се продаваат на пазарите:Во Скопје на Зелен,Бит,Канта пазар. Секој ги ведел овие артикли таму. Сите се со поминат рок.На многу од нив им се залепени така тикети но на некој и професионално АПЛА за нашето здравје и долг живот.
И никој не реагира,инспекција си проваѓа покрај нив,а нив им е најпозната таа работа и ти сега сакаш за кило-две сирење да им кажуваш. Ништо-пропало.
Понекогаш и цели шлепери вака со некој производ со изминат рок се продава.
 
И јас сум од Струмица и ги познавам и сопствениците на Киси-Трејд. Сите се такви, би продале и ѓубре. Ептен се прости. Многу пати ми се има случено такво нешто: расипани колачиња, расипана риба. Еднаш, кога бев мала, сум била некаде четврто одделение, на големиот одмор отидов да купам кроасан. Но, бидејќи беше гужва, не приметив дека амбалажата е скината. Се вратив таму, а тие ми велат, „јади ја, не е важно“...Еднаш баба ми купи риба која внатре беше црна и гнила...
Исто така, сум слушнала дека ги бришат роковите со ацетон...
Сега продаваат и некои бели пецива, во маркетот (како што тие сакаат да се изразуваат за да изгледаат современо) кај основното „Никола Вапцаров“. Еднаш купив и се чувствував како да јадам трици.:sick: Грозно. Не ми се верува дека децата го јадат тоа секој ден...
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 18:06 ---
Еве ти санитарна инспекција за во Струмица, еве ти го бројот, слободно ѕвони им и информирај се за настанот. Тоа треба одма да се казни...
034 322983
Овој проблем не е за санитарна инспекција, туку за АХВ (Агенција за храна и ветеринарство).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom