- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Како и скоро секој втор месец , вчера ми стигна пакет од Македонија полн со наши производи на чело со домашно Ајверче, Лутеница и уште милион други домашни работи од тегла. Покрај неизбежните кикирики , семки и сончоглед добив и неколку сирења од повеќе наши производители.
Сабајле решив да го пробам Битолското овчо сирење. Го отворам , пробам и некако вкусот ми е чуден, некако саламурата ептен горчлива. Си викам ај да ја видам етикетата залепена од маркетот во кој се продава сирењето што ќе каже, кога таму гледам ПРОИЗВЕДЕНО НА 11.11.2013 и УПОТРЕБЛИВО ДО 11.11.2013 се чудам и забележувам дека одоздола има уште една етикета и тоа она оригиналната од производителот, внимателно ја тргам прелепената етикета и доаѓам до оригиналот и читам Употребливо до 20.09.2013.....
Инаку се работи за маркетите КИСИ ТРЕЈД од Струмица кои и не се толку мали за да поверувам дека преживуват од манипулации но очигледно е дека ова им е пракса зошто секогаш како демек ги прелепуваат налепниците со нивни етикети поради цената а всушност се работи за менување на рокот на трајност.
Незнам дали некој од вас имал слично искуство и дали некогаш како потрошувач сте превземале нешто поради оваа појава. И пред се дали има во Македонија институција која штити од вакви појави.
Мислам дека е сосема исправно ако ништо друго овдека со име и презиме да ги наведуваме ваквите преваранти кои можат да бидат многу штетни и по здравјето на потрошувачите.