До кај да бидам, уште од ноември 2012 е изѕидана и ставена горната плоча, во 2013 ставив привремен кров од поцинкуван лим и си живеам во неа без да ставам фасада, блокот нема никакви промени. Слики имам закачено
овдека одамна.
Минатата есен/зима внатре го преградив салонот(од надвор има два надворешни ѕида х 30см, и еден внатрешен од 25см) остана уште еден внатрешен ѕид со 20см итонг.
Потоа продолжив зад салонот имам соба 4,5 х 4, до собата купатило 3,5 х 3, и до купатилото спална 4,8 х 4, сите со 15см. Сегашниот дел кај што седам го поминавме само со обичен малтер: цемент, песок и вар со дебелина 1см. За останатите простории салон од 45м2, ходникот и 2-те соби позади ќе ставам лепак/мрежа/лепак/абрип, здравје кога ќе имам чаре. Неколку пати веќе кажав, за разлика од куќа само со 25цм блок, и куќа со 25цм блок и стиропор, мене вака ми е многу подобро, зиме потопло, летоска посвежо.
Единствено што се каам е што не ставив бела таваница. Од лимот горе дека е на две води низок 1,5м, претопол е таванот летоска, сигурно и плочата се загрева.
Со белата таваница ем добиваш рамен плафон спремен за глетување, ем добиваш 25см изолирана плоча.
Здравје во план сум да дигнам 2 бетонски столба и врз нив бетонска греда(околу 2 метра) на сред куќата за било(највисокиот дел од кровот) и да си ставам подлога за кров од бела таваница со ферт греди и итонг монти, кровот ќе биде четвороводен(пирамида) со едно прекшување над салонот, да ја покрие терасата пред салонот. Врз белата таваница ќе заштрафам греди, даски/летви/контралетви и секако керамида.
Ако ми испаѓа премногу скапо, сепак е 240м2 кровот, ќе морам класичен дрвен кров, а од внатрешноста наместо тервол меѓу гредите ќе ставам 10см мултипор.
Бидејќи ми е мерак да цртам со програми за архитектура, куќата и дворот ги имам планирано вака(секојдневно менувам по нешто, додавам/бришам):