Ytong искуства, има ли некој?

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кога пред некое време температуриве беа минус 15 пример, внатре без огин насабајле беше +15, некаде луѓето дури и со парно греење па едвај постигаат 18степени. На целата куќа немам се уште ставено пвц ни врати ни прозорци, така да кога се ќе се затвори сигурно ќе биде подобра изолацијата и секако температурата.
Целата куќа е изградена со 30цм ExtrA+ B2,0/D350 со коефициент на топлопроводливост 0,09 W/mK, кој е стручен во вакви работи ќе знае што значи ова, ќе знае кој материјал има ваков коефициент и со која дебелина треба да е за да го достигне овој коефициент. Куќа со ваквиот коефициент со сигурност добива енергетски пасош.
Скоро 4 години пред да ја градам куќата следев се на српскиот ксела сајт што се однесува за блокови и одлучив и не се каам. Читав и слушав секакви глупости од луѓе кои доаѓаа додека градевме за радиоактивност, како може такво нешто да излезе од ЕУ ако е радиоактивно, го произведува цел свет.
Внатре ѕидовите кои го делат ходникот од салонот од лева страна и дневната кај моите од десна е преграден со 25цм, и еден ѕид од салонот према спалната позади е изграден со 20цм, а останатите преградни ѕидови за купатила и спални е 15цм, сите со итонг.
Се каам што не ставив цела итонг бела таваница, бела плоча. Мислам дека поефтино ќе ми искочеше и во изработка и во подоцнежните средувања на плафонот.

Висината на собите секаде ми е 2,35, значи 9 реда по 25цм висина блок + 10цм во вид на L профил. Не одев намерно според прописи од 2,60/2,70 бидејќи сепак целта ми беше да не губам толку на топлина со високи соби.

Во врска со плочата, ако мислиш на итонг бепа таваница/плоча:
Се редат ферт-греди исто направени од итонг и монти од итонг, се потпира на 16м2 по еден потпирач. Се исполнуваат со бетон серклажите, ферт гредите, на 100м2 мислам дека беше потребно 1м3 бетон.
Се прават L шалони за да се опшие целата плоча наоколу да биде бетонот изолиран 5цм од надворешни влијанија. Јас таквите L профили ги правев од блоковите кои ми останаа со сечење со пила за тие блокови.
За сето ова има видео туторијали.

Парчињата што остануваат секако можеш да ги искористиш насекаде или да си изградиш шанк, или да опшиеш некој елемент во купатило, када, надвор скара да изѕидаш, се можеш. Ретко нешто што се фрла, па дури и правот можеш да го смелеш најситно и да го измешаш во малтер/бетон, бидејќи тоа е мешавина од кварцен песок, цемент, гипс, вар...

Јас правев нормална плоча со обични ферт греди и монти, ме чинеше сигурно како кога би ставил бела таваница, а сега имам нерамен таван со искривени монти и ферт греди, се гледавме да иде рамно во потпирање и дотерување, но кога производителите прават испокривени ферт греди и монти, џабе ти е маката.
Исто така и за кровна конструкција може да се направи со бела таваница, добиваш воедно и супер изолиран таван.

За животниот век дава потврда првата градба во Шведска мислам дека беше 1929г, не ми се бара сега. Во Скопје има доста градби со итонг и тоа има некои долги години што стојат така не-фасадирани, на гол блок и немаат гајле, не знам која беше, знаат овие од фирмава што ги увезуваат. Сити Мол и Кривичниот суд се исто така со итонг. Мојава 2 години е без фасада, нема никаква реакција од дожд/снег/мраз, нити се нагризува ни ништо.

Мојава можеше да се изгради целата со вкрстување на блокови кај што треба да има столбови, за еднокатна куќа може така без проблем.
Внатре просториите каде што живеам моментално ги поминавме со 1цм класичен малтер во една рака, бидејќи внимававме при ѕидање да биде рамно. Планот за останатите простории е да бидат со внатрешен абрип.

Околу цената заборавив да пишам, 30цм беше 215ден комад, 15цм беше 90ден, сега се доста поскапи, нема логика зошто поскапуваат ако сакаат да бидат некоја конкуренција на пазарот ама тоа е, за жал.
Исто ме интересира, зошто не стави бела таваница? Нели така плус и изолација добиваш?

И колку се на се те чини куќата како карабина? Колку е квадратна?
:)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
180м2 е приземје, 64м2 е подрум. Блоковите итонг за цела куќа со се лепак ме чинеа околу 4300евра. Не е довршена куќата целосно со сите пвц прозори/врати, саглам кров(сега е привремен кров со поцинкуван лим на 2 води) на 4 води со керамида. До сега е 23500евра. Кога би ставил кров како треба и пвц на сите отвори, мислам дека ќе ме фати до кај 30.000евра севкупно.
Не ставив бела таваница бидејќи мислев дека ќе ми излезе скапо, проблем беше што во Македонија немаше сеуште производство на ферт гредици(не верувам ни сега да има), а плус монтите требаше да се увезуваат или од Србија или од Бугарија, јадна наша држава ништо немаме.
Изолација е огромна, наместо цигла-бетон над глава, ти имаш 20-25цм изолационен блок и рамен плафон спремен за глетување.
 
N

nikola2004mkd

Гостин
И мене ми и изгледа како многу интересна варијанта за градење но имам слушнато прилично негативни работи, кои најчесто не ги споменуваат во проспектите и во рекламниот материјал.

Прво, дека Ytong-от барем за тоа што го нуди е прилично скап и има прилично големи пропусти односно проблеми, барем по различни коментари што ги имам слушано.

1м3 мислам дека бил околку 6000 денари, односно еден блок 0,625*0,2*0,3 бил околку 250ден а за 1м2 ти требаат 8 блокови односно 2000 денари, без лепак и без фасада.
Друже дали имаш пресметано колку те кошта еден блок? И колку м2 зидаш со една вреќа од лепакот? Дали овие бројки се реални?

Второ, иако самиот блок имал добри термоизолациони својства, можеби за нијанса подобри од термоизолационите својства на порозните глинени блокови од типот на Wienerberger Porotherm, Zorka Opeka Klimablock, Nexe Termoblok и сл. самата воздушеста структура била проблематична. Иако генерално самиот блок не можел да упие голема количина вода, можел да упие вода до 5-15мм по површината и доколку температурата е под 0 оваа вода/влага можела да замрзе и да го разронува/јаде блокот. Заради тоа фасада морало да се мести. Е сега тука имам слуштано за уште еден проблем, и тоа прилично скап проблем. Заради погоре споменатите карактеристики, морало да се мести фасада која не пропушта вода, но истовремено е парапропусна за да не се изгуби главната предност на Ytong-от, односно можноста зидот да дише. Значи морало да се оди на силикатен завршен малтер за кој имам слушнато дека бил поприлично скап (10 до 15 пати поскап во однос на минералните завршни малтери).

Другиот проблем за кој имам слушнато е дека е Ytong-от имал многу слаба способност за термоакумулација. Значи зидовите не примаат/акумилираат топлина, просторот брзо се загревал но и брзо се ладел.

Ме интересира дали предходно имаше некакви консултации со представници од Ytong/Xella и дали ти коментираа за овие потенцијални проблеми.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Ни мене не ми е јасна поентата со поскапување на блокот, кога јас го земав беше 210ден отприлика. 6 и пол блока ти требаат за м2. Блокот е 60см должина 25см висина 30цм ширина. На палета одат по 30 блока, односно 1.35м3. Таа палета е тешка 350кг/м3, затоа и носат ознака D350.

Мене веќе 2 години и 2 месеци како ми е изѕидана куќава и не сум приметил никакво впивање и пукање, тронење на блокот. Дури и по двор на земја што ми стојат некои парчиња што сум преградувал привремено некои бавчи, мокри се од дождот, но на сонце се исушат и немаат гајле.
За фасада ми кажаа дека треба да ставам минерална фасада која е паропропусна. Ако ставам пластична, акрилна, ќе биде загушен ѕидот, исто ако ставам стиропор на овој блок му даваш контра дејство на блокот.
И за внатрешните ѕидови ми кажаа да барам внатрешен абрип кој е паропропусен, веројатно исто минерален.
Јас веќе кажав дека не ми е затворена целата куќа со пвц, но сега за сега ако пример додека гори огин е 25 степени до 22часот навечер, сабајле кога ќе станам, температурата е 18-19степени и не е воопшто ладно. Летово 25 степени беше внатре без клими без ништо, да беа трослојни стаклата можеби ќе беше уште пониска температурата.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И мене ми и изгледа како многу интересна варијанта за градење но имам слушнато прилично негативни работи, кои најчесто не ги споменуваат во проспектите и во рекламниот материјал.

Прво, дека Ytong-от барем за тоа што го нуди е прилично скап и има прилично големи пропусти односно проблеми, барем по различни коментари што ги имам слушано.

1м3 мислам дека бил околку 6000 денари, односно еден блок 0,625*0,2*0,3 бил околку 250ден а за 1м2 ти требаат 8 блокови односно 2000 денари, без лепак и без фасада.
Друже дали имаш пресметано колку те кошта еден блок? И колку м2 зидаш со една вреќа од лепакот? Дали овие бројки се реални?

Второ, иако самиот блок имал добри термоизолациони својства, можеби за нијанса подобри од термоизолационите својства на порозните глинени блокови од типот на Wienerberger Porotherm, Zorka Opeka Klimablock, Nexe Termoblok и сл. самата воздушеста структура била проблематична. Иако генерално самиот блок не можел да упие голема количина вода, можел да упие вода до 5-15мм по површината и доколку температурата е под 0 оваа вода/влага можела да замрзе и да го разронува/јаде блокот. Заради тоа фасада морало да се мести. Е сега тука имам слуштано за уште еден проблем, и тоа прилично скап проблем. Заради погоре споменатите карактеристики, морало да се мести фасада која не пропушта вода, но истовремено е парапропусна за да не се изгуби главната предност на Ytong-от, односно можноста зидот да дише. Значи морало да се оди на силикатен завршен малтер за кој имам слушнато дека бил поприлично скап (10 до 15 пати поскап во однос на минералните завршни малтери).

Другиот проблем за кој имам слушнато е дека е Ytong-от имал многу слаба способност за термоакумулација. Значи зидовите не примаат/акумилираат топлина, просторот брзо се загревал но и брзо се ладел.

Ме интересира дали предходно имаше некакви консултации со представници од Ytong/Xella и дали ти коментираа за овие потенцијални проблеми.
За тоа дека е потребен посебен малтер, потребен е. Гледав на Јутуб, тоа е некој специјален Итонг малтер.

За тоа дека се рони ако стои долго на вода, мислам дека е вистина, но тука станува збор ако постојано е во контакт со вода. А ако доаѓа во контакт со вода само кога врне, не би требало.

Така да, како и да гледаш, циглата и каменот ти се најдобри материјали за градење:)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Итонгот подржува секаков малтер и обичен да ставиш нема да погрешиш, мислам на вар, песок, цемент или усјемал.
Препорачано е минерален малтер/абрип за од надвор, со сите претходни работи лепак/мрежа/лепак/подлога.
Внатре можеш да премачкаш на гол ѕид со новиот производ итонг пластер па после итонг глет. Можеш внатре со обичен малтер, можеш разни варијанти на гипсана или варова основа, имаш и од Пофикс и од Рехау и од секакви видови готови малтери, кој вели дека МОРА само еден вид на малтер.
Јас знам како е да седиш во куќа со 25цм ѕид со обичен малтер од надвор, па како е со таков ѕид + стиропор па како е во ваква, секој со свој памет, јас пак би ја избрал оваа варијанта. Погледајте малку клипчиња од ксела србија/хрватска од задоволни корисници на итонг куќи откако се вселиле во истите, какви разлики кажуваат во трошоци за загревање/ладење, цели населби во Обреновац(погоден од ланските поплави) градат со итонг, сигурно не се будали.
 
Attachments

Последно уредено:

Мене ме интересира колку е животниот век на една куќа од Итонг?

Иначе ги имам гледано видеата на Јутуб. Луѓето се презадоволни:)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Едно заборавив да одговорам погоре, со една вреќа ѕидаш еден кубик, значи околу 27 блока. Српските се 625*200*ширина, бугарските 600*250*одредена ширина. За животниот век веќе пишав побарај по интернет.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво.
Дали знае некој финална цена за принцип клуч на рака со веке постоечка плоча, одвод, довод, струја од програмата на ytong за површина од 90м2 на едно ниво?
Благодарам
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Здраво.
Дали знае некој финална цена за принцип клуч на рака со веке постоечка плоча, одвод, довод, струја од програмата на ytong за површина од 90м2 на едно ниво?
Благодарам
Ако сам си ги купуваш материјалите има шанси да те фати по 250 евра од квадрат. Но ако платиш фирма да ти работи со Итонг по принципот клуч на рака цената ќе ти биде 300 - 350 евра од квадрат. За ова може повеќе да ти каже и @icemaher .

Јас лично не би градел куќа од Итонг, така да размисли си. Подобро гради со Исоспан:)
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Ако сам си ги купуваш материјалите има шанси да те фати по 250 евра од квадрат. Но ако платиш фирма да ти работи со Итонг по принципот клуч на рака цената ќе ти биде 300 - 350 евра од квадрат. За ова може повеќе да ти каже и @icemaher .

Јас лично не би градел куќа од Итонг, така да размисли си. Подобро гради со Исоспан:)
Го разгледав Исоспан на youtube интересно изгледа меѓутоа повеќе тежи на м2 за разлика итонг...сакам да добијам најмала тежина заради статиката и затоа највеќе го гледам итонг како конечно решение.
Сите рекламни материјали солидно изгледаат но луге со итонг искуство сеуште немам сретнато.
Цената за итонг е солидна по м2...друга алтернатива немам...хот&хот не ми изгледа веродостојно, а е 50е поефтино зашто нема грам арматура што би се покажало највероватно во период што следи преку 20-30 години...уффф мн нејасни работи имам а треба да донесам животно конечно решение.... :) :) :)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Цени за блокови имаше на сајтот на http://mega-ku.mk/, кој гледам моментално не работи. Јас тогаш кога ги земав 30цм беа 216ден комад, Ytong ExtrA+ класа која ги задоволува А+ стандардите за нискоенергетски куќи, сега е сигурно 270ден.
Имаш сајт на македонски xella.mk, разгледај, прашај ги преку мејл што те интересира, можеби ќе ти препорачаат фирма која што работи исклучиво со нив па можеби и клуч на рака, знам кумановска фирма Муња која работеше во Сити мол, но дали работат комплетно не знам.
Мене ми беше доволен доказ што низ цела Европа па и низ светот се користат, па ако беа канцерогени, радиоактивни не ќе ги произведуваа сите држави, така да Сунѓеру Боб да не претеруваш малку во секоја тема едно исто да збориш?
Да имав шанса ќе ставев и 37,5цм блок, сето тоа е подобра изолација, ма да и 30цм е сосема доволно за кај нас.
Ако имаш можност распрашај се и изгради си бела таваница, ќе најдеш клипчиња на ytong srbija, јака работа е, ем добиваш рамен ем изолиран таван, ем малку тежина има.
 
Итонгот има многу предности (лесен е, термоизолатор е, брзо се гради со него...), но ја има најголемата мана од сите градежни материјали......., многу луѓе викаат дека е канцероген. Така да @icemaher јас не викам дека е лошо со него да се гради, но јас лично не би ризикувал и не би градел куќа со него. Чим некои го означуваат како канцероген, значи има некоја причина зошто воопшто дошло до тоа.

Иначе @ВладимирК јас попрво би градел монтажна куќа одколку Итонг градба. Исто како што би градел со Исоспан, а не со Итонг. И дали си размислувал за обична градба (бетонска конструкција, цигли, стиропор фасада или сендвич ѕидови)?:)
 
Сум размислувал мн на таа тема за разлика во градбите и мислам дека ке се одлучам на монтажна со дрвена конструкција осб табла и гипс со тервол и стиропор 8ца...највеке дека е најлесна по м2 а цената е тука некаде[DOUBLEPOST=1435826844][/DOUBLEPOST]
Цени за блокови имаше на сајтот на http://mega-ku.mk/, кој гледам моментално не работи. Јас тогаш кога ги земав 30цм беа 216ден комад, Ytong ExtrA+ класа која ги задоволува А+ стандардите за нискоенергетски куќи, сега е сигурно 270ден.
Имаш сајт на македонски xella.mk, разгледај, прашај ги преку мејл што те интересира, можеби ќе ти препорачаат фирма која што работи исклучиво со нив па можеби и клуч на рака, знам кумановска фирма Муња која работеше во Сити мол, но дали работат комплетно не знам.
Мене ми беше доволен доказ што низ цела Европа па и низ светот се користат, па ако беа канцерогени, радиоактивни не ќе ги произведуваа сите држави, така да Сунѓеру Боб да не претеруваш малку во секоја тема едно исто да збориш?
Да имав шанса ќе ставев и 37,5цм блок, сето тоа е подобра изолација, ма да и 30цм е сосема доволно за кај нас.
Ако имаш можност распрашај се и изгради си бела таваница, ќе најдеш клипчиња на ytong srbija, јака работа е, ем добиваш рамен ем изолиран таван, ем малку тежина има.
Цени за блокови имаше на сајтот на http://mega-ku.mk/, кој гледам моментално не работи. Јас тогаш кога ги земав 30цм беа 216ден комад, Ytong ExtrA+ класа која ги задоволува А+ стандардите за нискоенергетски куќи, сега е сигурно 270ден.
Имаш сајт на македонски xella.mk, разгледај, прашај ги преку мејл што те интересира, можеби ќе ти препорачаат фирма која што работи исклучиво со нив па можеби и клуч на рака, знам кумановска фирма Муња која работеше во Сити мол, но дали работат комплетно не знам.
Мене ми беше доволен доказ што низ цела Европа па и низ светот се користат, па ако беа канцерогени, радиоактивни не ќе ги произведуваа сите држави, така да Сунѓеру Боб да не претеруваш малку во секоја тема едно исто да збориш?
Да имав шанса ќе ставев и 37,5цм блок, сето тоа е подобра изолација, ма да и 30цм е сосема доволно за кај нас.
Ако имаш можност распрашај се и изгради си бела таваница, ќе најдеш клипчиња на ytong srbija, јака работа е, ем добиваш рамен ем изолиран таван, ем малку тежина има.
Највероватно ке одам со варијанта на монтажна градба заради статиката а плус во иднина ке можам повеке да играм со просторот во реновирање т.е проширување , буткање зидови или слично....со итонг сум повеке ограничен и мора со време да спремам терен за различни ситуации со тоа што предвремено морам да ставам носечки зидови, а пак тоа ке ми го намали просторот....
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сум размислувал мн на таа тема за разлика во градбите и мислам дека ке се одлучам на монтажна со дрвена конструкција осб табла и гипс со тервол и стиропор 8ца...највеке дека е најлесна по м2 а цената е тука некаде[DOUBLEPOST=1435826844][/DOUBLEPOST]

Највероватно ке одам со варијанта на монтажна градба заради статиката а плус во иднина ке можам повеке да играм со просторот во реновирање т.е проширување , буткање зидови или слично....со итонг сум повеке ограничен и мора со време да спремам терен за различни ситуации со тоа што предвремено морам да ставам носечки зидови, а пак тоа ке ми го намали просторот....
Монтажната куќа е убава работа, но незнам што си запнал со таа статика:D И тврда градба (читај бетон - цигла) да изградиш, ќе биде уште подобро.

Иначе кај која фирма ќе се обратиш за монтажната куќа?:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom