A
AnFem
Гостин
Прво, ќе тргнам од себе. Помагам затоа што се хранам од туѓата среќа. Значи и покрај тоа што го правам тоа за другите, го правам и за себе... И не сакам никој да знае! Дури ни оној на кој сум му помогнала. Многу често ова е невозможно, но постојат и исклучоци. Не сакам некој да се чувствува дека ми е должен, а уште помалку сакам кога ќе ме види, да се потсети дека некогаш бил „немоќен“.
Секоја чест на хуманитарните организации, кои не го користат алтруизмот како маска за да перат пари и кои навистина сакаат да помогнат, но мене ме иритира саморекламирањето. Како што реков во друга тема, за твоите дела треба други да говорат.