Хуманитарни акции, срце или его?

Раскажи повеќе за себичноста кај луѓето. Раскажи и за твојата и сечија себичност, затоа што и ти си себичен во јадењето што го јадеш, себичен во трошење интернет, трошење време за себе, себичен при влегување во врска, затоа што имаш константна потреба од билдање на твоето его преку докажување на сите полиња. Не гледам ништо лошо во тоа да се донира јавно, а ако тоа треба да се етикетира како себичност, сигурен сум дека таа себичност кога ќе ја ставиш на кантар е поважна од секојдневните себичности кои ни се потребни за да го преживееме денот.
Од друга страна, многу лошо си ја започнал темата, т.е. со многу нелогичен пример каде се придава важност на истакнувањето на големината на еден човек на сметка на маленкоста на другиот. Ако некогаш донираш или помогнеш (или барем малку повеќе размислиш за тоа дека донирањето за тој на кого му е потребно може да биде само позитивно, а не негативно), тогаш дојди да аргументираш на темава. Она што те боли е тоа што сфаќаш дека луѓето во светот секогаш прават нешто, сосема спротивно од седењето пред компјутер и хејтот на форум.
И на крајот, дали анонимното донирање тебе те прави херој, како што јавното го прави друг хипокрит?

Неможеш да бидеш себичен во нешто во кое што немаш интеракција со друг. Моето безделничење не повредува никого, за јадењето што го јадам не умрело ни страдало ни едно животно, во врската даваш колку што земаш, инаку нема да функционира. Донирањето за кое зборам е јавно купување на гласови, рејтинг, лајкови и тоа за многу мали пари. Зборам за онаа психичка болка што ќе го мачи тој човек кога ќе легне да спие мислејќи зошто живее ако неможе на сопствените деца да им приушти ни јадење, камо ли нешто подобро, кога ќе сфати дека го допрел дното на животот кога стигнал на телевизија да го даваат колку е неуспешен. Ги нема тие пари и тие продукти што ќе му го надополнат тоа. Психичката болка е најтешка. Во поцивилизираните земји многу повеќе луѓе умираат од самоубиство што е предизвикано од психолошки колапс на човекот, одколку што умираат од прегладнетост.
Плус хипокрит е доста погрешен збор да се опише тоа што јас го кажав за нив.
 
Секое донирање за подобрување на нечиј живот е корисно и потребно. Дали некој истото ќе го гледа како билдање его, дали тоа го прави со љубов и посветеност и не е така битно.

Целта е иста. Да му се помогне на некој, да се израдува некој.
Оди човек, донира јадење, се топори пред камера, целта остварена, јадење за фамилија која нема.
Оди човек, донира јадење, не се топори пред камера, целта остварена, јадење за фамилија која нема.
Седи човек, набљудува дали првиот се топори пред камера, а вториот не, размислува за реакцијата на двајцата, кој зошто и како постапил, целна неостварена, јадење за фамилијата нема.

Со јавноста се испраќа порака за тоа како треба да се постапува и да им се помага на луѓето. Во глобала тоа е целта на јавноста, да информира за стореното.
Нели подобро е за вакво нешто да не информираат отколку да го гледаме Латас кај шо јавно дроби несврзани работи. И едното е јавно и другото, од едното можеш да имаш корист и да размислиш за нешто, од другото затни ушите.
 
Психичката болка кај тие деца што утре у школо ќе ги зезаат зошто ги имало на телевизија дека немаат што да јадат не е иста, исто и кај татко им што не успеал да им обезбеди храна.
 
Донирањето за кое зборам е јавно купување на гласови, рејтинг, лајкови и тоа за многу мали пари.

Не мислев на ова кога го пишував постот. Мислев за обичните луѓе како нас, а не за политичарите и други фаци кои тоа го прават за поголем рејтинг пред избори. Погрешно сум те разбрал.
 
Психичката болка кај тие деца што утре у школо ќе ги зезаат зошто ги имало на телевизија дека немаат што да јадат не е иста, исто и кај татко им што не успеал да им обезбеди храна.

Oва озбилно :) ? Ај не заебавај.
Така ако гледаш психичката болка за тоа што тие деца на чколија на јадат ништо, а другарчињата нивни тостови, психичката болка за тоа дека тие одат со скинати опинци, а другарчињата нивни со најк патичиња, психичката болка што тие одат парталави, а овие одат со костумчиња....и ако правиш список одиш до бесконечност.

Од друга страна со донираното, нови патичиња, ново кошулче, некое вишок денарче за ужина, не е на лошо.
 
Не постои несебична донација или помош.
Секогаш има Его позадина и секогаш ќе има се додека постои Его.
Многу малку луѓе во историјата на човештвото успеале да го зауздаат, ако воопшто го направиле тоа како што тврдат и можеби сеуште има такви, не би можелда знам, затоа што е дел од човечката природа и верувам дека ќе остане како такво за вечни векови, Амен.
 
Со ова стварно ме замисли. Ама сепак изборот би бил помеѓу себично и посебично.
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 19:42 ---
Oва озбилно :) ? Ај не заебавај.
Така ако гледаш психичката болка за тоа што тие деца на чколија на јадат ништо, а другарчињата нивни тостови, психичката болка за тоа дека тие одат со скинати опинци, а другарчињата нивни со најк патичиња, психичката болка што тие одат парталави, а овие одат со костумчиња....и ако правиш список одиш до бесконечност.

Од друга страна со донираното, нови патичиња, ново кошулче, некое вишок денарче за ужина, не е на лошо.

Незнам, јас барем мислам дека никоја донација неможе толку да ти надокнади, колку што ќе те повреди тоа што ќе те гледаат другите со жалење. Сепак се тоа деца и се многу осетливи на такви работи. Можда не сум у право, али секој има право на свое мислење нели? :)
 
Со ова стварно ме замисли. Ама сепак изборот би бил помеѓу себично и посебично.

Себично би дошло нешто како нормална функција а по себично случај кога анималниот нагон го превзел тронот и го најчесто го има главниот збор во куќата (личноста)...нешто слично на тие што се курчат на туѓи несреќи пред камера или случај: "црквата/иконата/манастирот беа изградени од фамилија таа и таа во таа и таа година". :cautious:
 
Себично би дошло нешто како нормална функција а по себично случај кога анималниот нагон го превзел тронот и го најчесто го има главниот збор во куќата (личноста) :cautious:
:D Ја поише го замислував како:
Себично - Добар сум
Посебично- ВИДЕТЕ МЕ СИТЕ ДОБАР СУМ!
ама може и така :D
 
:D Ја поише го замислував како:
Себично - Добар сум
Посебично- ВИДЕТЕ МЕ СИТЕ ДОБАР СУМ!
ама може и така :D

Епа така, и јас така си го замислувам, додадов пример во постот погоре :icon_mrgr:
 
Видео од хуманитарна акција која е ставено на youtube и со брзина на светлината се шернува на фб/твитер не го гледам како билдање на его, ниту пак како види ме колку сум добар. Го гледам како отварање на очи, мотивирање на другите и будење на заспаната свест кај сите нас во ова општество.

Видео кое се става на јутуб,се става ради популарност и заработка.нормално кај нас у мк тешко дека би имале некоја заработка со 5 subscribers и 5000 views. али во странство еве како тоа изглеа.ликот го знаат многумина,и стана ептен популарен од кога почна да помага на бездомниците низ америка.но еве ја и другата страна на приказната и неговата заработка.

http://prntscr.com/2mi0xw
 
Повеќе накај его врти. Малку, по пат и добрина.
 
Кога ќе се каже дека некој помогнал на каков било начин, имаат браво од мене.
Ама кога ќе видам глупаци каде што ставаат слика на фејсбук како донираат крв, и пишале бидете хумани и вие, ми иди да ги плукнам влице, бидејќи не го прават оти сакаат да помогнат, или е за да се истакнат или за да не одат на училиште.
 
Јас кога помагам не кажувам на никој оти имам мајка клетоштија оти ке ми труби цел ден на гла колку сум била глупа.....таја работела за мене се мачела а не за некој друг и такви сличности
 
Секоја хуманитарна акција дали јавна или тајна е позитивна,така да единствена себичност во сета таа приказна е да не помагаш а не да помагаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom