Курт Кобејн
Вистинскиот
Раскажи повеќе за себичноста кај луѓето. Раскажи и за твојата и сечија себичност, затоа што и ти си себичен во јадењето што го јадеш, себичен во трошење интернет, трошење време за себе, себичен при влегување во врска, затоа што имаш константна потреба од билдање на твоето его преку докажување на сите полиња. Не гледам ништо лошо во тоа да се донира јавно, а ако тоа треба да се етикетира како себичност, сигурен сум дека таа себичност кога ќе ја ставиш на кантар е поважна од секојдневните себичности кои ни се потребни за да го преживееме денот.
Од друга страна, многу лошо си ја започнал темата, т.е. со многу нелогичен пример каде се придава важност на истакнувањето на големината на еден човек на сметка на маленкоста на другиот. Ако некогаш донираш или помогнеш (или барем малку повеќе размислиш за тоа дека донирањето за тој на кого му е потребно може да биде само позитивно, а не негативно), тогаш дојди да аргументираш на темава. Она што те боли е тоа што сфаќаш дека луѓето во светот секогаш прават нешто, сосема спротивно од седењето пред компјутер и хејтот на форум.
И на крајот, дали анонимното донирање тебе те прави херој, како што јавното го прави друг хипокрит?
Неможеш да бидеш себичен во нешто во кое што немаш интеракција со друг. Моето безделничење не повредува никого, за јадењето што го јадам не умрело ни страдало ни едно животно, во врската даваш колку што земаш, инаку нема да функционира. Донирањето за кое зборам е јавно купување на гласови, рејтинг, лајкови и тоа за многу мали пари. Зборам за онаа психичка болка што ќе го мачи тој човек кога ќе легне да спие мислејќи зошто живее ако неможе на сопствените деца да им приушти ни јадење, камо ли нешто подобро, кога ќе сфати дека го допрел дното на животот кога стигнал на телевизија да го даваат колку е неуспешен. Ги нема тие пари и тие продукти што ќе му го надополнат тоа. Психичката болка е најтешка. Во поцивилизираните земји многу повеќе луѓе умираат од самоубиство што е предизвикано од психолошки колапс на човекот, одколку што умираат од прегладнетост.
Плус хипокрит е доста погрешен збор да се опише тоа што јас го кажав за нив.