Боби и Кире, се слушнав со брат ми, го прашав и ми кажа дека е слободен утре и дека ако имате потреба од згодно машко друштво, би можел да ви дојде. Би ви се нашол и после акцијата за пренесување на работите, добро е да имате уште една сигурна машка рака. После 14h може, па пишете ми дали како што.
Инаку не е воопшто страшно тоа што не сте собрале денес ништо, затоа што луѓето доцна се информираа и на сите им треба време да одвојат работи, да ги исперат и средат за носење, а најчесто секој тоа го прави во последен момент. Затоа и јас мислам дека утре ќе имате еден куп работа!
Сликата што ја стави ЅОНЕ од плоштад ептен ме разнежни ... убаво поставена и накитена масичка ... секој хуман човек би се навратил да остави свој прилог!
Среќно дечки и облечете се поубаво, чувајте си го здравјето пред се`! Не е лош предлогот да се менувате ако сте повеќе луѓе на едно место. Едни да седат другите да влезат некаде на кратко, па да излезат, а другите да влезат ... морате нешто такво да правите, дека сепак не се работи за еден час, во ред? Да не испадне дека ви солам памет, само се грижам.:smir: