Хуго Чавез и Развојот на Венецуела?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Баш ме интересира што мислење имате за според мене едно од најаките батина моментно на светската политичка сцена Хуго Чавез...
За неговото владеење..и за развојот на Венезуела?
 
Не е баш најјакиот, му претстои голема битка во ноември која може да ја загуби и да го нема. Од кајгана насловна:


Хуго Чавез се соочува со политичка криза

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, се соочува со политичка криза. Локалните избори во 24-те држави на Венецуела се закажани за ноември годинава, но според сите анкети, опозицијата на Чавез се очекува да победи.

Според уставот на Венецуела, Чавез мора да го напушти местото претседател откако ќе му истече мандатот во 2013 година. Чавез се обиде да ги смени клаузулите во уставот за да владее доживотно и истовремено драматично да ги зголеми своите ингеренции како претседател на референдумот минатиот декември, но тогаш не ја доби довербата на граѓаните. Тогаш, дури и некој од неговите најблиски соработници како генерал Раул Салазар, се оградија од намерите на Чавез.

Оттогаш, билбордите во главниот град Каракас се исполнети со одговорот на Чавез на неуспехот на референдумот - Сега-засега’’. Имено, сега-засега Чавез го признава поразот, но планира да победи воидната битка на изборите во ноември. Но тоа нема да биде ни малку лесна битка со зајакнатата опозиција.

Доколку опозицијата победи во повеќето од 24-те држави на Венецуела, ерата на Чавез реално е да се очекува да го достигне својот крај. Единствениот начин да успее да го промени Уставот и да продолжи да владее е ако сиромашните гласачи излезат масовно на ноемвриските избори. Индикативно за неговите намери е дека Чавез веќе почна да доделува бесплатно здравствено осигурување за најсиромашните и за бездомниците во Каракас.
 
Баш ме интересира што мислење имате за според мене едно од најаките батина моментно на светската политичка сцена Хуго Чавез...
За неговото владеење..и за развојот на Венезуела?

Слушнав дека сакал да ја обедини цела Јужна Америка за да одат против САД, ама не ми се верува дека ќе успее Американците ќе го изедат...:toe:
 
Слушнав дека сакал да ја обедини цела Јужна Америка за да одат против САД, ама не ми се верува дека ќе успее Американците ќе го изедат...:toe:
Јас па обратно слушнав, дека САД сака да ја нападни Венецуела и да го смени Чавез.
 
Опозицијата во илегала, се крие откако Чавез почна да апси секаква закана на својата власт. Овој ќе испадне потерсене и од Кастро.

Venezuelan Opposition in Hiding, Behind Bars as Chavez Widens Crackdown


http://www.foxnews.com/story/0,2933,515796,00.html
 
Ми ако не ја обедини цела Латинска, или пак ако не го скинат САД најверојатно ќе му сеат една нова Централно-Американска Федерација, што ќе му е трн во око.
 
Во Венецуела каде што нафтената индустрија во текот на минатите децении произведе блескава елита на екстра-богати, четвртина од децата под 15 години беа гладни, а 60% од лицата над 59 години воопшто немаа приходи. Помалку од петтина од населението имаа социјално осигурување.
Откако стапи на власт Чавез пред 11 години медицината почна да станува достапна реалност за сиромашните во богатото но расцепено и нефункционално општество. Откако ја освои власта преку Демократски избори, започна да го преобразува здравствениот и социјалниот сектор што толку лошо ја опкружуваше масата од Населението. Но малку по малку Венецуела напредува.
Кога дојде на власт Чавез 1999 година ги прекина дипломатските односи со САД и не дозволи Венецуела да биде уште една земја искористена од Америка.
 
Кога дојде на власт Чавез 1999 година ги прекина дипломатските односи со САД и не дозволи Венецуела да биде уште една земја искористена од Америка.

Интересно, Америка и е најголем економски партнер.
Прилично големи комсоц глупости шириш.
Венецуела е уште еден пример ко Куба, С.Кореја, Либија или некој бивш диктаторски режим, кој би бил за памет на сите земји да не тргнат по нивниот пат.
 
Само еден збор го опишува овој човек - НЕНОРМАЛЕН !!! Некој да збори 8 часа без прекин и да нареди сите телевизии да го пренесуваат, да национализира интернационални компании, да затвара и ликцидира неистомисленици... навистина треба да е ненормален. Се трудам да погодам кога американците ќе го соборат од власт, преку опозицијата во Венецуела. Дали за 2,3 или 4 години.
 
Се трудам да погодам кога американците ќе го соборат од власт, преку опозицијата во Венецуела. Дали за 2,3 или 4 години.
За тоа брат малку потешко бидејќи Русите во Венецуела си имаат своја воена база.
 
За тоа брат малку потешко бидејќи Русите во Венецуела си имаат своја воена база.

Немој бе брат со тие Руси те молам. Никој повеќе не ги смета за никаква воена,политичка ни економска сила во светот. Иако Путин ги оправи малце, далеку се тие од периодот на Студената војна. Русија никогаш не била послаба. Гледаш Америка им поставува услови ако сакаат да влезат во СТО, си играат кур-ташак со нив како Грција со нас. Немојте со Русите, ситна риба е тоа, поситна никогаш не била.
 
САД се само еден вид на пуватори и во секоја манџа јавно се мешаат додека пак Русија тивко го контролира светот. Русија не само што може да се врати на прагот на земја бр. 1 во светот туку штотуку не е влезена во вратата... според најновите соопштенија, докази, искази и факти.

А кога САД ќе ја нападнат Венецуела брат да ми се јавиш.
 
Јас како што знам Американците ни го скроија рамковниот и ни го стокмија воениот конфликт 2001-та, вас да не ве плаќаат што толку ги браните Јенките?
 
Венецуела доживае најголем раст на националната економија од сите земји на северна ,средна и јужна Америка.

Фактите се следниве:

БДП:

„BIP je Einwohner (US$)
2006: 6.834; 2007: 8.282; 2008*: 11.388; 2009*: 12.354„


Невработеност:

„Arbeitslosigkeit (%)
2006: 9,5; 2007: 9,4; 2008: 7,1; Februar 2009: 7,4„


Не знам зошто би дискутирал за карактерот на човекот и неговиот начин на владење ако денесува резултати и благодет на својата земја.
Ако нешто треба да се дискутира,според мене, е како овие луѓе ги остварија овие резултати.
 
Добар политичар и демократска земја е таа која своите природни богатства ќе ги продаде на големите мултинационални компании.
Ние Македонците па и името си го даваме само да сме дел од таа демократија.

Хуго е ненормален ама ништо поненормален од тие што ја бомрбардираа Србија и Ирак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom