За тоj што се именува како атеист :
"И така, првиот проблем: „Религија и атеизам". Се случува, на мошне важни конференции и слични манифестации, да се среќаваш со луѓе коишто се навистина образовани, навистина учени, коишто не се површни, и се случува постојано да се судираш со едно и исто прашање. Кој е Бог? Постои ли? Дури и прашањето: Зошто е потребен? Или: Ако постои Бог, зошто не настапи од говорницата на Обединетите Нации и не се објави? Ете, дури и такви прашања можат да се слушнат. Што може да се каже на ова?
Ова прашање, како што ми изгледа, се решава од позиција на централната современа философска мисла, којашто најлесно може да се искаже преку поимот егсистенцијалност. Во што се состои основната содржина на постоењето на човекот, на смислата на човековиот живот? Да, се разбира, пред сè во – животот. А и како би било поинаку? Каква смисла јас доживувам кога спијам? Смислата на животот може да биде исклучиво во спознанието, во „вкусувањето“ на плодовите на својот живот и на својата активност. И досега никој не можел да смета, и во вечни векови нема да може да смета и да тврди дека смислата на човековиот живот е во – смртта. Тука лежи непремостивиот јаз меѓу религијата и атеизмот. Христијанството тврди: човеку, овој земен живот е само почеток, услов и средство за подготовка за вечноста; подготвувај се, тебе те очекува вечноста. Христијанството вели: еве што е потребно да сториш, еве каков треба да бидеш за да влезеш во вечноста. А што тврди атеизмот? Нема Бог, нема души, нема вечност, и затоа верувај, човеку, дека те очекува вечна смрт! Каков ужас, каков песимиза, каков очај – морници низ грбот минуваат од овие страшни зборови: човеку, тебе те очекува вечна смрт... Не, избавете ме од таквата вера!
Кога човек ќе се изгуби во шума, го бара патот да излезе од неа, бара начин да се врати дома, и штом ќе сретне некого, го прашува: „Има ли излез оттука?“ Ако тој му одговори: „Не, и не барај, подготви се да останеш тука.“ – дали ќе му поверува? Се сомневам. Нема ли да продолжи да бара понатаму? И ќе сретне друг човек кој ќе му каже: „Да, има излез, и ќе ти ги кажам знаците по кои ќе можеш да излезеш оттука.“ Нема ли да му поверува на овој човек? Истото се случува и во сферата на изборот на светогледот, кога човекот ќе се најде пред лицето на религијата и на атеизмот. Сè додека во човекот има искра на барањето вистина, искра на барањето смисла на животот, тој не може, психолошки не може да прифати концепции коишто тврдат дека него, како лчичност, и – следствено – сите други луѓе ги очекува вечна смрт, за чие достигнување е потребно создавање што е можно подоби економски, социјални, политички и културни услови за живот. А понатаму сè ќе биде О.К., утре вие ќе умрете и ќе ве однесеме на гробиште. Колку „восхитувачки“!
Ви укажав само на едната страна, психолошки мошне суштинска, којашто, според мене, му е доволна на секој човек со жива душа за да разбере дека само религиозниот светоглед, кој за своја основа го прифаќа Оној Кого ние го нарекуваме Бог, дозволува да се зборува за смислата на животот."
ако сакаш повеке да прочиташ оди на
http://preminportal.com.mk/content/view/613/54/