„ХРИСТОС СЕ РОДИ!“ - мош стварно?? Не бе така се заебавам..

  • Креатор на темата Креатор на темата TheChosen7
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека Исус не е роден на 25 декември или 7 јануари, самата приказна зборува за тоа дека временските услови не прилегаат на тоа време. Датумот 25 декември пак не е воопшто случаен, приказната знаеш како оди: ѕвездата го покажува патот каде што ќе се роди Синот Божји, тројцата мудреци ја следеле ѕвездата итн...

Следниот 25ти декември погледни од прозор и ако имаш среќа да биде ведро, ќе го видиш ова:

1674630548_c68cb7917a_o.jpg


Ќе ја видиш и ѕвездата, и трите мудреци, и ќе видиш што покажуваат... :)
Оваа теорија што ја кажуваш ти(или зад која стоиш ти) е многу добро издржана освен една работа.
Вели дека Исус е во хороскоп риби но ако тој е роден јануар или декемвр тој неможе да биде во хороскоп риби.Оваа зебелешка е мала и не е доволно за цела теорија да падне во вода но сепак дел од неа паѓа.
 
Оваа теорија што ја кажуваш ти(или зад која стоиш ти) е многу добро издржана освен една работа.
Вели дека Исус е во хороскоп риби но ако тој е роден јануар или декемвр тој неможе да биде во хороскоп риби.Оваа зебелешка е мала и не е доволно за цела теорија да падне во вода но сепак дел од неа паѓа.

А кој вели дека е роден во хороскоп како Риби? Незнам кога е роден, мислам дека приказната е метафора и објаснувањето е едно од најиздржаните работи што сум ги слушнал. Останува фактот дека дури и да се родил и приказната вистински да го означува неговото раѓање, имаме отворени штали, ведро небо, многу пријатна атмосфера за декември или јануари.

Теоријата е од омразениот документарец Zeitgeist кој не го сакаат многу на форумов овде, и е едно од најдобрите толкувања кои сум ги слушнал. Ќе избегнам тука да не тргне во друг правец работава оти не ми се дискутира, ако вооопшто има дискусија на овој подфорум. Ќе ти пратам линк.
 
Zeitgeist е типичен пример како на најдобар начин се сервира лага за да биде прифатена, се меша со дел вистина. Исто така се дава и отров, се меша со храна или пијалок. Никогаш не се дава сам или пак никогаш не се дава само лага, никој нема да ја прифати.
Инаку добар дел од уводните и дополнителните објаснувања на авторот на темава се земени од zeitgeist, особено деловите за сириус, трите мудреци и сл. кои ако малку подлабоко ја прочитате библијата а не само еднаш пред 11-12 години верувам би станале појасни.
Да не должам, ако навистина сакате да видите што е што од препоставките на авторот на темата, посветете време да го прочитате следниот линк во целина, па потоа веројатно добар дел работи ќе станат појасни и за ова и за zeitgeist:

http://www.godlikeproductions.com/forum1/message436598/pg1

Јас одвоив време за тоа во минатото и ми беше корисно, се надевам ќе биде и за вас.
 
Едно прашање.. дали е он топик или оф врска неам... али ме интересира
Бадниковото гранче? Се гори на Божиќ? Или требаше вечерва?
 
И уште нешто за брзо објаснување, никаде во библијата не стои дека имало три мудреци (ќе го видите тоа и на линкот кој го дадов погоре), а ако ја читате со отворен разум и со верба ќе сфатите и дека мудреците не биле таму кога се родил, не верувајте секогаш на филмовите и сликите, така да и таквите споредби се невалидни (три звезди кои се споредуваат со трите мудреци). АКо некого го интересира можам и точно да објаснам од каде во библијата може да се заклучи дека мудреците не биле присутни на раѓањето туку дошле подоцна...
 
сеага постоел или не постоел Исус?бил некој си столар или некој водоводџија????дај биди попрецизен(за нас кои го немаме прочитано ни Стариот ни Новиот Завет)..или поентата ти беше да се пофалиш колку си начитан за религиозните,мистичните,надреалните работи:toe:

Мислам дека кажав релативно јасно кој е мојот став околу Исус во другите постови.

Исус како што е опишан во библијата непостоел

Исус како обичен човек најверојатно постоел и бил обичен столар.. доста е веројатно дека имал некои духовни учења. Како и во сите други прилики, црквата доста веројатно превзела некои славни народни прикаски за некојси духовен учител Исус и му налепила на неговото име веќе опишаната приказна од Вавилон

Поентата ми беше да ги разбуричкам малку водите околу толку славното раѓање на Исус коешто у ствари воопшто не се случило во деќември/јануари по никое сценарио.

Инаку информациите во топикот не ми се од зеитгеист.. туку од горенаведената „начитаност“ којашто мора да се потенцира одма во старт... зашто овие измиените мозоци (читај „верници“) библијата ја сваќаат као нешто магично што доколку обичен смртник не ја прочитал тогаш нема теоретска шанса да го спознае бога... еве одма тука имаш пример во топиков дури ми велат да ја прочитам уште два три пати случајно да не сум промашил поентата :pos2:

Убаво им велат во библијата.. може да ја читат колку што сакат пати ама сеуште не ја разбират..

Него ај да не одиме премногу оф топик.. Зеитгеист е добро филмче за старт ама треба повеќе детали. Улогата на Сириус и Орион е многу подлабока.. отколку само што се гледале на небото.

Не ми е јасно едно. Кој е помрднат? Верници што веруваат, па и во митологија или фрикови кои сакаат да ги разубедат да не веруваат.:tapp:

а и не те замарам дали се родил или не. И ти не се мачи да објаснуваш кој во што да верува. доволно фер нели?

Па не е фер. Ме замарат вернициве точно уште кога сум се родил.. Мама и Тато морале да ме крстат во црква и да остават некоја пара на попот зашто едноставно ги излажале како и на сите други дека тоа мора така да биде.. а немало кој да им каже дека не е така (јас уште не сум знаел да зборам иначе убаво би им кажал :) ), после тоа сум морал да плаќам даноци од коишто се финансира црквата и еве сега сакат и на плоштадот да ми бапнат една црква... а да не зборам за тоа дека мораме да војуваме против веронаука во основните училишта... Каква наука бре у верата? Вероизмислица би било подобро име..

Кога верниците убаво ќе си ја разделат црквата од државните институции и јас како граѓанин нема да бидам приморан да имам било какви допирни точки со религијата... е тогаш нема да се замарам со нив повеќе.

Тоа се само јасно видителните негативности што морам да ги трпам во општеството кајшто религијата е споена со државата.. би можел да напишам уште 2-3 подебели листови за сите индиректни негативни последици во мојот секојдневен живот.. Да не правам муабат дека и преку сето ова пак ке се најдат 2-3 залетани типови шо за 2-3 дена ке ми кажат „христос се роди!“ .. и тоа највероватно на СМС порака.. :uvo:
 
Точното време кога нешто се случило не е најважната работа, важен е настанот. Времето/календарот може да биде променето со административни договори (пр. летно-зимско). Но ајде бидејќи сакаме да се разговара рационално да се задржиме на аргументи и факти, да зборуваме вистини па потоа секој нека одлучи по своја слободна волја што ќе сака да прифати. Ќе се обидам да споменам неко пропусти во вашиот пост:

„ХРИСТОС СЕ РОДИ!“



1) Доколку би ја прочитнале самата библија, Христос (право име е уствари ИСУС) воопшто се нема родено на 7ми Јануари
2) Доколку си ги рашириме обзорите малку повеќе ќе видиме дека Христос никогаш не ни постоел.. во најмала рака не така како што е сервирано од страна на црквата. Ако ме прашате мене оригиналниот Исус највероватно бил некојси столар што одвреме на време кажал по две три паметни думи.. тхат`с алл

па ај директно да видиме шо има библијата да каже за раѓањето на Исус.

Самата библија ни вели дека 25ти Декември или 7ми Јануари е многу неверојатен датум за раѓањето на личноста Исус. Палестина/Израел е многу ладен во текот на Деќември/Јануари. Би било премногу ладно за да бидат прашани сите да патуваат во градот на нивнит татковци да се регистираат за данок (како што ни проповеда библијата). Исто при раѓањето имало присутно овчари во полињата, но самата библија ни вели: Лука (2:8-12) „Овчарите не беа во полињата за време на зимата. Тие се во полињата рано во Март се дури до Октомври.“ Значи евентуалното раѓање на Исус според самата библија би било некаде на пролет или некаде на есен.


Луѓе зарем не гледате дека религијата во основни црти.. као да ништо лошо не проповеда.. ама кога ќе навлезете малку подлабоко се гледа и со наочари за швајц апарат дека целата таа структура е изградена на СТРАВ СТРАВ СТРАВ дизајниран за контрола на човештвото. ПРАВИ ВАКА! оти ојде у пеколо .. ПРАВИ ОНАКА! оти ојде у пеколо .. НЕМ ДА ПРАВЕШ ОНАКА! оти ојде у пеколо .. дај му на попо некоја пара оти ојде у пеколо .. нем да да ти текне да кажеш нешто лошо за црквата оти ојде у пеколо... еваа...божеее... ојдех у пеколо ... дај да фатам да одам на црква оти ојдех у пеколо :))) ... и како шо викат старите.. ќе си легне човеко на брашното, изолиран од вистината со неколку слоја на дебел страв.. од коишто после тешко се излева.


За 1) и 2) не давате никакви аргументи,само ваше мислење. Како што реков, 1) и не е суштински.

Понатаму зборувате многу за паганските симболи и за нивната употреба, но нема никаков факт и аргумент кој со кој таму се побива раѓањето на спасителот.

Понатаму велите дека Јануар е многу ладен за да родителите на спасителот се префрлат во Ерусалим. Просечна температура во Јануари во Ерусалим (а Витлеем е во непосредна близина) е 10 степени, најниска околу 4 степени. Секој нека заклучи сам дали е толку ладно. Во библијата во стиховите на евангелистот Лука кои ги наведувате не се споменува зима никаде, а особено цитатот не е како што вие го наведувате. Стои само дека -имало овчари кои ноќевале и го чувале своето стадо-. Ако мислите дека на 10 степени просек или на минимум 4 степени не можат да чуваат овци може да прошетате по повардарие за да ги видите нашите овци на зима.

Ако го знаете и Писмото, ќе сфатите дека не е базирано на страв туку на љубов. Целата поента е дека дури и да сте направиле најстрашни глупости ако се покаете и верувате, жртвата на Спасителот ве ослободува. За тоа треба љубов и простување, не страв. За поповите е друга приказна, не може да се плука на Словото само ако некои кои треба да го пазат не го прават тоа. Дури и во обичен живот, не може да се плука на законот кој е добар ако не ги бива цајканите или судиите.

Ги извадив деловите од вашиот пост само каде што има нешто што би требало да биде аргумент за да го подискутираме, другото е изоставено. Да не должам многу, ќе замолам да ме корегирате ако грешам некаде во ова што го кажувам за да сите можеме да заклучуваме на база на вистини...
 
Како прво , многу е важно времето на некој настан.. посебно ако половина свет е наведен и директно излаган да го празнува на одреден датум.

Како второ не ми дадовте одговор на едноставната пресметка направена на основа на наводната смрт на Исус на Велигден при која имал 33.5 години.

Ако го знаете и Писмото, ќе сфатите дека не е базирано на страв туку на љубов. Целата поента е дека дури и да сте направиле најстрашни глупости ако се покаете и верувате, жртвата на Спасителот ве ослободува.
Тоа е токму проблемот којшто изгледа не го сфаќате. Не можеш да зборуваш за љубов во систем којшто е базиран на принципот: Или си со мене, или си против мене... Што во превод значи или верувај во мене или оди во пеколот. Каква љубов и слободна волја е тоа?? Секоја нормална човечка единка реагира на вакви ултиматуми во страв... љубовта е последна работа што ја чувствува кога му се закануват со котел со жешка вода на цела вечност .. само заради тоа што не верувал во некојси митолошки Исус. Не држи вода ниту со основна логика..

Инаку за повеќе информации и добра анализа на зимата и дали било ладно би ви препорачал да видете овде иако нормално со сето тоа што е таму напишано не се слагам. Како што гледате дури и луѓе коишто детално го следат „светото писмо“ дошле до заклучок дека датата на раѓање е некаде во Септември

http://www.truthortradition.com/modules.php?name=News&file=article&sid=467
 
За првото, пак ќе кажам, за мене не е битен датумот туку настанот. Инаку пола христијански свет го празнува на различни датуми па дури и Грците кои се православни сега го слават на 24ти Декември пак поради човечки административни решенија но тоа не ја намалува големината и вредноста на настанот.
За другото, кажете ми каде во библијата пишува дека имал точно 33.5 години кога бил распнат и имајќи предвид дека Велигден се поместува, а во почетокот бил поврзан со евресјската Пасха која е таа едноставна пресметка со која го заклучувате ова? Ве молам точно и конкретно да ми ја дадете таа пресметка за да можам да коментирам. Инаку ќе биде само паушално нафрлање.
Принципот воопшто не е „со мене или против мене“ но ќе одземе доста време ако почнеме во таа насока и ќе избегаме од темата, може понатаму ако сакате.
Линкот го прочитав и таму дефинитивно нема суштински аргументи кои би ја поддржале хипотезата за датумот. Не е кажано никаде колку точно време откако ангелот Гавриил и се јавил на Марија Богородица таа затруднела, само и е кажано „...Ќе зачнеш и ќе родиш син“, не е кажано „утре,или за една недела или за еден месец“ така да таа аргументација на авторот од линкот е нецелосна. Понатаму, авторот цени дека би било многу ладно на 10 степени да се патува и да се пасат овци, јас на пример не.
А интересно е како го земате како релевантно од се она што е напишано таму само она што одговара на вашето мислење,а се друго отфрлате...
 
Ако и деталната анализа за вас не е доволна на наведениот линк.. пак немам зборови :helou: уживајте во својата представа и интерпретација на „светото писмо“.

Ги земам релевантни податоците за раѓањето чисто од причини да има основ дебатата со кој може да се сложат и тие што ја следат библијата до детали. Според моите минати постови можете да заклучите дека всушност јас воопшто не се слагам со повеќето од библијата.. ама тоа не е тема на овој топик да пишувам зошто и како.
 
Два постулати од „деталната анализа“ како што ја нарекувате веќе коментирав во претходниот пост и како што се гледа и не се така силни (или пак корегирајте ме ако грешам). Ако пак не, испаѓа дека неточно го цитиравте евангелистот Лука, дадовте линк за потврда на теоријата кој не сте спремни да го одбраните, не го прочитавте ни коментиравте линкот кој го пратив, не одговоривте од каде ви е информацијата за 33.5 години ниту каква е таа едноставна пресметка за датумот на раѓање поврзана годините смртта за која ве прашав. Или се на се, никаде не видовме аргументи на вистина или пак одговор на прашања за работи кои само ги нафрлавте. И се тоа околу датумот кој како што реков и не е така важен. Уште повеќе ова би било случај ако аргументираме за настаните, а не за датумот...
Искрен поздрав, се надевам дека сите што ќе читаат, па и вие, ќе можат да извлечат нешто од ова, а јас секако би сакал да научам нешто плус ако е базирано на аргументи и вистини. Во спротивно би било само субјективна дискусија која не би сакал да ја ширам...
 
33.5 па 33.5 .. искрено мрза ме беше да го најдам пак артиклот зашто гледам дека нема ефект.. ама ај.. да не каже некој дека забушавам. 30 + 3.5 = 33.5 . Јасно ми е дека пак ке се извадите дека ви фалат „конкретни докази“ .. ама да бидеме реални .. додека ја читаме библијата нема ништо конкретно да најдеме. Библијата е пуна со конкретни грешки кајшто еден пишува дека биле 600 коњи а друг автор дека биле 8000 (само пример.. најдете си сами на интернет има цели сајтови посветени само за нумеричките и фактуални грешки во библијата.. затоа што малку е офтопик да навлегувам во детали)... нека луѓето заклучат сами.

http://www.carm.org/questions/about-jesus/how-old-was-jesus-when-he-was-crucified
 
Што ќе се случи откако ќе ги увидиме "грешките" во Библијата? Откако ќе прочитаме од некои сајтови одредени лични мислења дека немал 33 туку 33.5 години...што со тоа?

Инаку еве и други написи во контекст на илјадниците нови движења, учења и "цркви", меѓу нив и оние кои велат сатаната е добра, Бог е лош
http://www.daltonator.net/durandal/religion/satan.shtml
http://en.wikipedia.org/wiki/The_Satanic_Bible
само дел од текстот на некоиси хх
It doesn't take a mathematician to add up and compare God and Satan's respective body counts. God has, after all, killed billions of people in a great flood. Satan never did anything like that. What was the only thing Satan did "wrong"? He rebelled against God, but wouldn't you? Look at what kind of a God he is! He needlessly murders people in nearly every book and passage of the Old Testament! He created an entire race of people for the sole purpose of catoring to his own ego, and then gets mad when we don't live up to our appointed role in life or question one of his decisions! He is a ruthless, dictatorial, narcissistic, sociopathic mass murderer. If I go to Hell for not worshipping him, so much the better. I'd rather spend eternity with Satan, someone who hasn't treated the human race like disposable garbage, someone who has given knowledge to humanity rather than trying to suppress it.
Што понатаму?


Нека е Бог со вас, Христос се роди Честит и вечен Божиќ
 
Христос се роди и честит Божик на сите македонци!!!!!!
 
А во Охрид во Плаошник го има кукастиот крст кој е од Хинду религијата, триаголникот со око го имам исто така сретнато по црквите, сонцето и месечината итн...

Немаш појма колку си хардкор ретардирано неписмен и си тежок сељак Кукаст КРСТ е христијански симбол а обратно е хитлеровиот. Неписмено хардкор сељачко створење не е све математика има работи што треба логика да ги разбереш а ти си еден малоумен дечко што појма нема од религија и уште јадеш гомна за нешто што си прочитал еден текст и мислиш кузнае што знаеш. Ај сеа оди пријавиме за постов.

33.5 па 33.5 .. искрено мрза ме беше да го најдам пак артиклот зашто гледам дека нема ефект.. ама ај.. да не каже некој дека забушавам. 30 + 3.5 = 33.5 . Јасно ми е дека пак ке се извадите дека ви фалат „конкретни докази“ .. ама да бидеме реални .. додека ја читаме библијата нема ништо конкретно да најдеме. Библијата е пуна со конкретни грешки кајшто еден пишува дека биле 600 коњи а друг автор дека биле 8000 (само пример.. најдете си сами на интернет има цели сајтови посветени само за нумеричките и фактуални грешки во библијата.. затоа што малку е офтопик да навлегувам во детали)... нека луѓето заклучат сами.

http://www.carm.org/questions/about-jesus/how-old-was-jesus-when-he-was-crucified

Библијата нема ни една грешка, напротив треба неколку пати да се прочита за да ги видиш сите работи а по секое ново читање ново нешто ќе откриеш ама ти си малоумен па си ретард и незнаеш што читаш. И кој курац 600 коњи 8000 коњи што се битни деталите бе ? ВОЛ ЕДЕН, Во откровението пишува дека по второто доаѓање ке умрат 7000 луѓе и мислиш точно е тоа со бројка бе мајмун еден? АБЕ НИШТО НЕ РАЗБИРАШ дека си ретардиран и не читај библија оди скокни негде вол еден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom