Христијаните го прославуваат Богојавление - Водици

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Православните христијани денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление - Водици.
hristijanite-go-proslavuvaat-bogojavlenie-vodici-70888.jpg

Овој празник се слави уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан, од страна на Јован, кој од тогаш се нарекува Јован Крстител.
Се смета дека со фрлањето на крстот во реките, езерата, и другите водотеци, водите се осветуваат.
Според програмата, Богојавленската литургија ќе почне во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, а во 11 часот поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците ќе се упати кон мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе ги освети водите на Вардар.
Фрлањето на крстот ќе биде напладне, а по него ќе скокнат 127 пријавени верници. Оваа алтернативна локација е избрана како најбезбедно привремено решение поради градежните активности што се вршат од двете страни на Камениот мост.
Обичајот вели дека оној што ќе го фати крстот, во текот на целата година ќе го следи среќа и бериќет.
Крстови ќе се фрлаат во многу населени места ширум земјата, а најголема посетеност се очекува да има во Охрид, каде што веќе се пристигнати голем број туристи од земјава и регионот.
Денешниот ден, Богојавление – Водици, согласно Законот за празници на Република Македонија, е неработен ден за верниците од православна вероисповед.

ZA mnogu godini da ni e Praznikot :)
 
Честит и вековит да ни е празников.
За многу години !!!

178147280.gif
 
Светиот крст по петти пат во рацете на Митко Топенчаров
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif

frlanje%20vn.jpg
Митко Топенчаров, по петти пат годинава беше најсреќниот и најбрзиот кој меѓу 1300- те капачи го фати светиот крст кој во осветените води на Охридското Езеро го фрли Владиката Дебарско - кичевски г. Тимотеј.

На овогодинешнатата манифестација присуствуваат над 20 илјади посетители, меѓу кои и бројни гости од другите градови од земјава и соседните земји.

Меѓу оние кои скокаа по крстот годинава беа и еден Англичанец, новинар на Би -Би-Си, Украинец и еден државјанин на Република Чешка. Заедно со момчињата се капеа и осумдесетина девојки.

На пладне, во месноста Сараиште ќе се одржи и најавеното групно крштевање.
 
За многу години нека е празников ... ама голема брука за фрлањето во Охрид наместо сите 1300 да имаат право и можност да го фатат Тимотеј го мести за 100 Варошани .

Оправдани свиркања на крајот и нека не продолжува оваа традиција во Охрид оти :sick:
Срамота !!!
 
Да појаснеше некој од каде произлегува оваа традиција, ако знае.
Оти нели, во Книгата, нема запис. Уствари, има за крштевањето на Исус, од страна на Јован Крстител, како приказна.

Нека ви е за многу години, патем.
 
Ама ова е веќе мафија. На ништо не личи ова. Од 1200 души секоја година истиот 5 пати ќе го фаќа жими.......Дај нека забранат подобро и нека не се брукаат повеќе.
 
За многу години нека е празников ... ама голема брука за фрлањето во Охрид наместо сите 1300 да имаат право и можност да го фатат Тимотеј го мести за 100 Варошани .

Оправдани свиркања на крајот и нека не продолжува оваа традиција во Охрид оти :sick:
Срамота !!!

ce mu se isusit nekoj den rakata na popot Timotej gleda gospod :)
ali da go ostavime toa da go slavime bogojavlenieto na gospod :)
 
Полат и компанија станаа ,нема шала со охриѓани :icon_lol:
 
Православните Христијани денес го слават, не сите, поправете го насловот...
 
За што ги ставале јажињава на Вардар во Скопје и тоа 3 ако не се лажам кога Вардар ни до коленици не им беше.. трчаа :D
 
Попот што го кажа името на момчето кое го фати крстот во Вардар, во моментот чита листа со имиња на фирми спонзори...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom