@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Ако не живеев, барем да умрам како Македонец
Стојан Георгиев од Петрич со солзи раскажува за премрежињата што ги преживеал за Македонија. Пеце Бенишев од Леринско го одржува жив огнот на македонштината што Грција со сите сили се обидува да го згасне. Стариот мајстор Трајко од Пустец го врежува македонското сонце на своите ремек-дела од камен. Секој од нив има посебна судбина. Нивните три судбини заедно ја раскажуваат големата македонска приказна
Спорот со името меѓу Македонија и Грција не е проблем само во кабинетите на политичарите во Брисел, Букурешт и во Њујорк. Фати 19-та година како проблемот со името и идентитетот се прекршува врз грбот на Македонците во Бугарија и во Грција. Тие луѓе, кои лежеле по затвори, кои биле бркани од работа затоа што јавно ги кажуваат националните чувства, на кои им биле одземени пасошите, чии семејства и денес страдаат поради нивната упорност да се спротивстават на асимилацијата и на туѓата пропаганда многу повеќе знаат што значи зборот Македонија од тие што се препукуваат за неа на предизборните митинзи во Скопје, Атина или во Софија.
Стојан Георгиев од Петрич одлежа осум години во бугарските затвори затоа што јавно кажува дека е Македонец. Пеце Бенишев од Леринско оди од битка во битка против Грција во судовите во Атина и во Стразбур за да добие право да се вика така како што се вика. Мајстор Трајко од Пустец, Мала Преспа, на чешмите што ги прави од камен втиснува жолто сонце - тоа е неговиот начин да ја одржи врската со Македонија.
Стојан, Пеце и Трајко ги раскажуваат своите приказни како парадигма на животот на Македонците преку граница. Сите притисоци врз нив, замките што низ годините им ги поставуваат државните системи на соседните држави и дводецениското вртење во круг во спорот за името не ја згаснаа надежта дека некогаш ќе се изборат за своите права. Овие луѓе секој посебно, но со иста мисла во срцата, одат по светот и ја раскажуваат македонската вистина. Така ги бранат и името, и јазикот, и идентитетот. Очекуваат дека Македонија ќе влезе во ЕУ и оттаму како рамноправна држава ќе може да ги штити правата на македонското малцинство во соседните држави.
Пеце против Петрос
Петрос Васиљадис наспроти Пеце Бенишев - едниот е Грк, другиот е Македонец. Две имиња и презимиња, но Петрос и Пеце не се двајца луѓе. Тоа е еден ист човек, поделен на две од грчкиот државен систем, кој им стави грчки имиња на Македонците и со сите механизми на власта ги спречува да се изјаснат како Македонци што зборуваат македонски јазик и имаат држава Република Македонија.
Бенишев три години бара Грција да му го врати македонското име. Процесот сега е во главниот административен суд во Атина. Судиите за шест месеци треба да решат дали ќе му го одобрат барањето. Ако судот се изјасни негативно, следна адреса е судот за човекови права во Стразбур.
- Тешко е да си Македонец во Грција. Живееме во многу националистичко општество, кое со сите сили работи на тоа да се заборави македонското прашање. Сепак, гори еден пламен, кој грчките власти не успеаја да го изгаснат. Се надеваме дека од борбата што ја водиме ќе излеземе како победници - вели Бенишев.
Презимето на неговото семејство било сменето во 1936 година, осум години откако Грција почна да ги менува македонските имиња и топоними. Тогаш и Горно Врбени, селото на Пеце, преку ноќ стана Ксино Меро (Кисела Вода). Думкалови станаа Думкос, Тачеви сега се Јоанидис, а Попови се презиваат Папас.
Апсурдите се редат, раскажуваат жителите на Леринско. Од двајца братучеди, едниот се изјаснува како Македонец, другиот како Грк. Слободан Манѕов (на грчки Лефтерис Манѕас) има две ќерки. Постарата учи македонски јазик и сака да го зборува. Помалата, која повеќе се дружи со Грци отколку со Македонци, одбива да зборува македонски оти наставниците и рекле дека тоа е „ѓупски јазик“.
- Старите сé уште се плашат, а младите се срамат да зборуваат на мајчин јазик. Стравот ќе помине, но што правиме со срамот? Тоа е многу пострашно - вели Слободан.
Горно Врбени има околу 1.500 жители. Сите се Македонци. Но во единственото училиште во селото никогаш не се прозборе ниту се напиша еден збор на македонски. Нема кој од селаните не ја знае приказната за училиштето. Велат, го изградија наши мајстори, од славното битолско село Смилево, во 1903 година. Изградбата завршила во 1908-та, пред на тие простори да дојдат Грците. Било запалено, па реновирано во 1912 година. Учениците учат на грчки.
-Врз нас нема отворени притисоци, но цел државен апарат е впрегнат за да се спречи тука да се развива македонштината. Ако Грција поинаку ги употребеше тие пари што ги даде за пропаганда во училиштата и медиумите за да ги асимилира Македонците, сега немаше да биде погодена од економската криза - коментираат жителите на Горно Врбени.
Строгиот грчки режим особено се засили во периодот од 1936 до 1940 година. Старците уште се плашат јавно да зборуваат за тортурите вршени врз нив. Дури и тие што биле осудени на смрт, а некако успеале да ги преживеат затворите, на прашањата за минатите времиња одговараат со три збора: „Не се сеќавам“.
- Жива е пропагандата, но живи се и приказните на бабите и дедовците што се пренесуваат од колено на колено. Ако успееме да го внесеме македонскиот јазик во системот на образование во Грција, тука ќе се појават многу Македонци што сега ги кријат националните чувства. За нас најдобро е Македонија да зајакне економски, да влезе во ЕУ, за да може таму да се бори за правата на македонското малцинство во Северна Грција. Тоа е клучот да се преобрати населението - вели Бенишев.
Партијата на Македонците во Грција, Виножито, точно 20 години води спор против Грција, која одбива да го регистрира здружението на граѓани „Дом на македонската култура“. Процесот е почнат во далечната 1989 година. Епилог нема.
- Тоа покажува колку грчката администрација е упорна и истрајна во намерата да ги сотре Македонците од Лерин. Притисоците од минатите времиња не се намалија. Само ја сменија формата. Грција успеа многу да направи, но не успеа сто отсто да ги асимилира Македонците - вели Бенишев.
Во официјалните државни документи, Македонците се Грци. Кога се прави попис на населението, воопшто не се прашува за националноста или за јазикот. Има графа само за државјанство. Тоа, секако, е грчко.
Партијата „Виножито“ е регистрирана во главниот суд во 1995 година, само заради тоа што беше член на група со исто име во Европскиот парламент (групата сега се вика Европска слободна алијанса - ЕФА). Притоа судот во Атина направи преседан. По реакција на европските институции, судиите се состанаа двапати во иста недела. За седум дена ја одбија, па ја одобрија регистрацијата на Виножито.
Европа ги затвора очите пред кршењето на правата на македонското малцинство во Грција.