Чудно за cartoon network и cartoonito кај мене почнуваат на српски,па се менува аудиото само на англиски.Не е до тоа пријавив и го средија.
Приметив разлика во телевизијата од Kaon ресиверот и Android боксот. На Android боксот ја нема дуплирано Канал 5 и во SD и во HD туку си е само HD. Исто само HD си е и РТС.
На Android боксот исто така сите канали кој се HD при вртење канал им треба некоја минутка да се избистри во HD сликата додека на тој Kaon ресиверот му треба некоја минутка да се појави сликата.
Разликата од Телеком покрај плус минус канали е тоа што пример Cartoon Network и Cartoonito имаат и српски и хрватско аудио сихронизација.
Се надевам Newsmax ќе го стават да не е во пакет со доплата зошто гледам тој основниот пакет јас го немам а е 99 денари. На Телеком тие канали Balkanika, BBC Eaarth, BBC First, .. се вклучени во самата претплата пакет телевизија. Не знам зошто на А1 имаат така направено.
И јас се надевам дека ќе биди во основен пакет новиот канал зошто е замена за Al Jazeera која беше во основниот пакет.
