Final Destination 5 (2011)
Како голем хорор фан, понекогаш ми доаѓа некој мазохистички нагон да погледнам некој хорор за кој знам дека е лош (од истата причина ги гледав и претходните продолженија, Пирана римејкон и продолжението што треба да искочи сега ќе го гледам, итн.

).
После 4 минутната шпица во која едно 10-15 пати глеав како се крши стакло (пошто филмов е нели у 3Д

), се запознаваш со главните протагонисти - дебилни тинејџери од кои едниот изгледа како Том Круз wannabe, и за 1-2 минути се уверуваш во нивните актерски "способности", плус предвидливата преџвакана приказна по 5ти пат, прстот одма ти иде накај Стоп после некои 10-15 минути...ама баш тогаш наиде онаа голема несреќа на почетокот и таа сцена е така добро направена, онака тензично, и само ме излажа да го догледам до крај (пошто е едниственото добро нешто во филмот) и да потрошам саат и пол на глупости (не дека тоа време попаметно ќе го искористев

).
Она оценана на ИМДБ за филмов треба да се преполови.
Па ми текна на типов од кецот -
Devon Sawa, ја сними хорор комедијана
Idle Hands со Сет Грин, Џесика Алба (ех каква е во филмов

, денеска ја изгуби сексапилноста), Фајнал Дестинејшн кецот, спотот на Еминем за Стен (мај ти'с гон колд ај вондер вааааааај.....

) баш она се стекна со популарност...и се изгуби. Глеам на ИМДБ снима некои шкљ филмови, а да се појавеше денеска, едно 10 години покасно, најверојатно ќе се опареше како Шаја ЛеБУвон или оние од Твајлајт ѓубрено и ќе се пикаше во секој втор/трет филм.