ХИВ/СИДА

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Да, кондомите не се 100% заштита зошто или кондомот може да се скине или да пукне. Но, не е точно дека вирусот може да помине преку латексот.

Нема точно дефинирано количина, колко што знам.

Но, важно е крвта да дојде во контакт со заразена крв при што вирусот по преминал од едното во другото лице.

Вчера на журка во гужвата нешто гадно ме боцна на левата рака, рана неможев да најдам ни тогаш ни сега освен некои мозулчина....и знаеш малце под стрес... :)
 
Сигурен си дека добар имунитет може да му се спротивстави на ХИВ вирусот?

Добар имунитет може само да го забави развојот на болеста.

Глупости. ХИВ е Human Immunodeficiency Virus. Значи, го ослабнува имунитетот.

:pos:

Заклучоков ти владее. Не е ова грип па имунитет ќе набацаш и нема да те „легне“.
Добро. Дали ова значи дека не сте го изгледале во целост клипот што го постирав и, дали можам да претпоставам дека немате појма кој е „младичот“ што говори во истиот клип? :)
 
Човек излечен од СИДА

За првпат, еден пациент заразен со ХИВ вирусот е прогласен за излечен. Околностите под кои Тимоти Реј Браун го преживеал тешкиот третман се малку необични, меѓутоа со овој случај се отвораат нови можности за лекување на неизлечивата болест.

Браун, кој има 41 година, пред само три години стравувал за својот живот поради дијагнозата - леукемија. Поради тоа, бил подложен на хемотерапија, која сосема му го уништила имунолошкиот систем.

Заразата со ХИВ била ставена во втор план, затоа што истата веќе подолго време се смета за болест која може да се контролира со правилна терапија. Начинот на кој е искоренет вирусот може да се каже дека е нус појава на третманот со пресадување матични клетки, што Браун го доби во една болница во Берлин.

Донорот на коскената срж имал специфична генетска мутација ( https://secure.wikimedia.org/wikipedia/en/wiki/CCR5#CCR5-.CE.9432 ), што го прави речиси имун на ХИВ. Откако пациентот ја преживеал операцијата што не ја преживуваат речиси третина од сите пациенти, здравата коскена срж што ја добил му го обновила имунолошкиот систем. Браун бил надгледуван некое време, за докторите да бидат сигурни во наодот кој гласи - Тимоти Реј Браун е излечен од ХИВ.

http://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMoa0802905
 
Евтаназијата, ХИВ и технологијата во функција на медицината

Мошне актуелно: легализација на еутаназијата: пример од Швајцарија (2006.-та), а Националното здружение на лекари на Квебек започнува широка расправа на оваа тема.

Интересно сознание за ХИВ-от односно СИДА-та;

Од примената на модерната технологија во медицината: магнетна стимулација на раката.

Се поактуелна: евтаназијата

Една болница во швајцарскиот град Лозана во 2006-та донесе одлука на пациентите кои боледуваат од неизлечиви болести да им дозволи сами да одлучат за својот живот. Тоа значи дека на пациентите им се дозволува таканаречено самоубиство со асистенција, доколку тоа тие го побараат.

Противниците предупредија дека треба да се почитуваат одлуките на пациентите и оти легализирањето на самоубиството со асистенција не смее да стане рутинска процедура.

„Евтаназијата е веќе реалност во нашите болници“ изјави неодамна претседателот на Националното здружение на лекари специјалисти на канадскиот град Квебек, Гаетан Барет, пред комисијата на Националното медицинско собрание (MNA), кое подготви документи за јавната расправа за легализација на евтаназијата во Канада.

Според него, лекарите знаат кога е „смртта неизбежна и сигурна“, но и знаат оти можат да бидат обвинети за убиство ако на болно лице му дадат средство „палијативен седатив“, ако постои и барем мала можност за опоравување.

-Лекарите се подготвени да ја разгледаат можноста за официјална легализација на евтаназијата,- потенцира Барет, додавајќи дека притоа мора да бидат воспоставени граници, зашто „нема сите пациенти да сакаат евтаназија, ниту сите лекари ќе сакаат да ја направат“. Оние пациенти кои се луцидни ќе мораат да одлучат за себе, а ако не се во таа состојба, за нив ќе мора да одлучат нивните најблиски.

-Само пациентот може да одлучи што сака. Потребни ни се закони во согласност со желбите на јавноста,- потенцира канадскиот лекар;

ХИВ опасен? Не, ако е без деловите што предизвикуваат СИДА

Резултатите од најновите истражувања на ХИВ вирусот, што ги спроведоа американски научници, покажале дека постои можност тој да се користи во лекување на ракот.

Научниците од Универзитетот Колумбија успеале да го "програмираат" вирусот, односно тој да ги сузбива канцерогените станици "испорачувајќи" им антитела.

Елизабет Витерс-Вард од Институтот за СИДА во Лос Анџелес смета дека вирусот ХИВ е најдобар пренесувач на антитела во генската терапија што се користи во борбата против ракот, а се однесува на терапија спроведена на глувци.

"Надворешниот дел од вирусот се состои од протеини. Во зависност од видот на тој протеин, вирусот пронаоѓа одреден вид на станица на домаќинот и влегува во неа. Го модифициравме тој дел и протеинот секогаш се врзува на антителата кои одат на одредени станици на домаќинот, во овој случај на станиците на ракот", изјави таа.

Заболените од ракот не мора да стравуваат дека ќе заболат и од СИДА, бидејќи од вирусот ХИВ претходно се извадени сите делови кои ја предизвикуваат, наведуваат научниците.

Што се добива со магнетна стимулација на раката?

Посебен вид на магнетна стимулација може да ја подобри работата на раката на човекот, чија функција е нарушена по претрпен мозочен удар. Таа се изведува без анестезија и обично се користи за лекување на депресија или при нарушени моторни функции.

Научниците од Универзитетот во јапонскиот град Сапоро го проучувале влијанието на магнетната стимулација на пациентите на кои им е оштетен моторниот кортекс во мозокот, односно делот задожен за движење на раката по мозочен удар.

Во студијата се наведува дека пациентите веќе имале физикална терапија, но со магнетната стимулација значително е подобрена работата на оштетената рака. Резултатите покажале дека повеќето од пациентите можеле да ја движат раката по 30-минутна магнетна стимулација.
 
СИДА

СИДА
Општи информации - СИДА-та е болест предизвикана од вирусот ХИВ кој го уништува одбранбениот систем на организмот и го прави неспособен да се бори против обични банални инфекции. Луѓе со ХИВ може да изгледаат и да се чувствуват совршено добро многу години по заразувањето. Голем број од нив не знаат дека се заразени и дека при ризично однесување можат да ја пренесат заразата на други. Во просек 50% од заразените за период од 10 години ќе развијат болест-СИДА која се манифестира со различни форми на рак, сериозни инфекции на белите дробови, дигестивниот систем, централниот нервен систем, кожата и др.

Начини на пренесување - засега познатите начини на пренесување на ХИВ инфекцијата се:

  • сексуален пат (анален, вагинален)
  • со заедничка употреба на игли и шприцеви
  • од мајка на нејзиното дете

ХИВ не се пренесува преку секојдневните социјални контакти.

Причинител - е вирус наречен ХИВ. Него го има во сите телесни секрети и екскрети на заразеното лице. Во доволна концентрација за пренесување го има во крвта, семената течност, вагината и цервикалниот секрет. Вирусот е присутен и во плунката и во солзите но не во доволна концентрација за пренесување.

Лекување - засега постојат лекови кои го ублажуваат и забавуваат текот на болеста но се уште не постои лек или вакцина за целосно излекување од оваа болест.

Превенција - практикување на безбеден секс со правилна употреба на кондоми го минимизира ризикот од ХИВ инфекција преку сексуален однос. Не секој сексуален однос е со подеднаков ризик за ХИВ инфекција:

  • Аналниот секс се смета за високо ризичен;
  • Вагиналниот секс носи ризици за пренесување на ХИВ преку семената течност или гениталниот флуид;
  • Оралниот секс е ризичен бидејќи ХИВ може да премине од вагиналниот флуид или семената течност во устата во која можеби има рагади или ранички.

За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши, тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.).
 
Не може.
Зошто? Затоа што како прво количината на крв што ја зема комарецот на е е доволна за се пренесе ХИВ вирусот.
како второ тој во него има посебни ензими кои на дозволуваат ХИВ вирусот да живее во него.

dali tie prirodni enzimi mozat na nekoj nacin da se iskoristat i da bidat od polza za lugjeto? izvinete sto ne pisuvam na kirilica...
 
19.05hiv1.jpg

Тимоти Реј Браун (45) во интервју за една американска телевизија изјави дека е целосно излечен од ХИВ, кој му бил диагностициран во 1995 година.

Магазинот „Blood“ уште минатиот декември ја објави приказната за Тимоти, човек кој е излечен од оваа опасна болест, откако секојдневно цели 15 години пиел лекови за СИДА. Тимоти кој сега живее во Сан Франциско, за време на објавувањето на приказната живеел во Берлин па затоа е наречен „Берлински пациент“.

Откако открил дека е ХИВ позитивен, лекарите му диагностицирале и леукемија, поради што одел на зрачење и хемотерапија, а во 2007 година му била направена и трансплантација на матични клетки, но леукемијата се вратила, па морал повторно на операција каде му биле пресадени клетки од истиот донатор.

Наводно е утврдено дека донаторот бил имун на ХИВ, што е голема случајност, бидејќи само 1% од Европјаните се отпорни на вирусот кој до сега беше неизлечив.

Лековите престанал да ги пие на денот на операцијата, а лекарите утврдиле дека трагови од ХИВ повеќе нема.

„Значи јас гледам во првиот човек во историјата кој е излечен од СИДА?“, праша репортерот на телевизијата, на што Реј одговори „Да“.

Меѓутоа лекарите предупредуваат дека лицата кои боледуваат од оваа болест да не се возбудуваат премногу, бидејќи случајот е единствен и не се знае како ќе се развива понатаму.
 
^Ова ти е вест од лани. Башка 5 поста погоре ја имаш истата приказна постирана од друг форумџија.....
 
Пред некој ден имав интересен муабет со еден постар пријател. Иначе една од темите беше баш за сидата, ракот и сл. Знаете ли како ги лечи еден доктор од Италија таквите пациенти. Со сода бикарбона. Хахаха нели звучи банално и премногу просто. Зошто мислите дека не го прават тоа во сите установи од таков карактер. Бидејќи е глупост, бидејќи не е точно. НЕ, бидејќи како ќе ја патентираат сода бикарбоната. Истото е и за витамин Б17. Забранет е во повеќето земји, бидејќи и тој помага за тешки болести, и истотака нема шанси да го патентираат бидејќи го има и во природна форма.
 
Има некоја логика во користење на содата за некои болести или нарушувања. Можеби ова подолу не е поврзано директно со сидата, но со други состојби, симптоми...иако не треба да се претера (кај здрави луѓе) ниту со задржување подолго време на многу базна реакција на организмот. Идеално би било пеха реакцијата да е нешто малку повисока од неутралната, околу 7-7.5,
Нашето тело има Ph нешто малку над 7 (7=неутрална реакција која ја има на пример чистата вода), содата има базна реакција односно околу 8.5, а се претпоставува дека повеќето вакви нарушувања (тумори, артритис, остеопороза, намалување на имунитет и отвореност кон инфекции) се резултат на нарушување на неутралната пеха вредност на нашето тело односно закиселување на Ph на нашето тело. Одредени материи ја покачуваат киселоста на организмот директно или индиректно (газираното т.е. аспартамот и кафеинот кои штетно делуваат преку врзување на калциумит кој не може да се искористи од телото).
Лимоновиот сок од друга страна иако е кисел на вкус и Ph мерење, при дигестија ствара базна резидуа (alkaline ash food).
Некои болести и состојби за кои се смета дека потекнуваат од средна киселост на организмот
кардиоваскуларни пореметувања (вклучително стеснување на крвните садови и редукција на кислородот), добивање во тежина и развој на дијабетес, проблеми со бубрезите вклучително камен во бубрези, пореметување на имунитет, забрзано оштетување од слободните радикали кои најчесто водат кон канцерогени мутации, прерано стареење, остеопороза, слаби кршливи коски, болки во мускулите и зглобовите и концентрација на млечна киселина, хронична слабост, слаба дигестија и елиминација на материите како и развој на габи.

Заради тоа и најверојатно се користи сода бикарбона во справување со вакви и слични терминални болести пошто друго чаре освен вакви "лекови" и молење на Бога нема.
Доколку ве интересира повеќе за базната/киселата реакција и нашиот организам...
Acid Base Dietary Balance and its Influence on Our Health and Wellbeing

Acid / Alkaline Food Chart

Се надевам докторите немаат забелешка на оваа тема
 
Содата има многу несакани ефекти, и ради то е исфрлена, денес има многу побезбедни алтернативи.
Но каква врска имаат сите тие кога местото на деградација и делување им е во желудникот?
периферната киселост е само индикација на пореметување, и следната терапија не се однесува кон тоа, туку кон конкретното ткиво....
 
Не разбирам ова со желудникот ама не е проблем.
Верувам дека знаеш многу повеќе за оваа проблематика...но за потсетување, иако е веќе многу вон конкретната тема за сидата па човековото пеха ќе го споменам само уште во овој пост
acid-ash diet
A diet consisting largely of meat or fish, eggs, and cereals with a minimal quantity of milk, fruit, and vegetables, that when catabolized leaves an acid residue to be excreted in the urine.
acid-ash diet a special diet prescribed to increase the acidity of the urine so that alkaline salts will remain in solution. The diet may be given to aid in the elimination of fluid in certain kinds of edema, in the treatment of some types of urinary tract infection, and to inhibit the formation of alkaline urinary calculi. Meat, fish, eggs, and cereals are emphasized, with little fruit and vegetables and no milk or cheese.
alkali-ash diet a therapeutic diet prescribed to increase the alkalinity of the urine and dissolve uric acid and cystine urinary calculi. This type of diet changes the urinary pH so that certain salts are kept in solution and excreted in the urine. Emphasis is placed on fruits, vegetables, and milk. Meat, eggs, bread, and cereals are restricted.
Кај клеточниот метаболизам се создаваат мноштво отпадни материи богати со азот и други материи што се раствроливи во вода, кои треба да се исфрлат од крвта.
Сода бикарбона како ергогено соединение кај спортистите и потенцијално ергогено средство кај пливачите
Не ми се познати податоците за несаканите ефекти на содата. може нешто текст, линк...

За сидата
Нова терапија за заболените од СИДА
Вакцината за мајмуни може да не заштити и од ХИВ вирусот
Гелот против ХИВ вирусот е сто проценти успешен на мајмуни
 
Може ли некој да ме упати каде на направам тест за сексуално преносливи болести ?? Имав интимен однос со непозната личност. Не верувам дека таа личност е заразена, но сепак имам некој страв. Колку би ме коштал тој тест и дали е некоја подолга проудецра ??????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom