Има некоја логика во користење на содата за некои болести или нарушувања. Можеби ова подолу не е поврзано директно со сидата, но со други состојби, симптоми...иако не треба да се претера (кај здрави луѓе) ниту со задржување подолго време на многу базна реакција на организмот. Идеално би било пеха реакцијата да е нешто малку повисока од неутралната, околу 7-7.5,
Нашето тело има Ph нешто малку над 7 (7=неутрална реакција која ја има на пример чистата вода), содата има базна реакција односно околу 8.5, а се претпоставува дека повеќето вакви нарушувања (тумори, артритис, остеопороза, намалување на имунитет и отвореност кон инфекции) се резултат на нарушување на неутралната пеха вредност на нашето тело односно закиселување на Ph на нашето тело. Одредени материи ја покачуваат киселоста на организмот директно или индиректно (газираното т.е. аспартамот и кафеинот кои штетно делуваат преку врзување на калциумит кој не може да се искористи од телото).
Лимоновиот сок од друга страна иако е кисел на вкус и Ph мерење, при дигестија ствара базна резидуа (alkaline ash food).
Некои болести и состојби за кои се смета дека потекнуваат од средна киселост на организмот
кардиоваскуларни пореметувања (вклучително стеснување на крвните садови и редукција на кислородот), добивање во тежина и развој на дијабетес, проблеми со бубрезите вклучително камен во бубрези, пореметување на имунитет, забрзано оштетување од слободните радикали кои најчесто водат кон канцерогени мутации, прерано стареење, остеопороза, слаби кршливи коски, болки во мускулите и зглобовите и концентрација на млечна киселина, хронична слабост, слаба дигестија и елиминација на материите како и развој на габи.
Заради тоа и најверојатно се користи сода бикарбона во справување со вакви и слични терминални болести пошто друго чаре освен вакви "лекови" и молење на Бога нема.
Доколку ве интересира повеќе за базната/киселата реакција и нашиот организам...
Acid Base Dietary Balance and its Influence on Our Health and Wellbeing
Acid / Alkaline Food Chart
Се надевам докторите немаат забелешка на оваа тема