Да напишам и јас нешто корисно за ХИВ и СИДА.
Кратенката ХИВ значи Хуман Имунодефициентен вирус.Хуман значи дека се пренесува директно од човек на човек, значи не може да се пренесе од комарец на човек или слично, само од човек на човек.Имуно значи дека е нападнат имонолошкиот систем на човекот, дефициентен значи недостаток, а вирус знаеме што значи веќе.
ХИВ заразени луѓе ги викаме ХИВ позитивни.По ризичното однесување на човекот, значи по незаштитен секс, или убод од нестерилизирана игра, шприц и.т.н не можеме одма да се тестираме дали имаме ХИВ бидејќи сеуште не се создадени антителата од страна на ХИВ.После 3 месеци или 6 можеме да направиме тест по едно ризично однесување.Кога човек е ХИВ позитивен опаѓа имунолошкиот систем на човекот и тој период трае околу 8 години, а може и повеќе доколку се прима соодветна терапија.Додека човекот е ХИВ позитивен тој нема никакви симптоми, тој се осеќа сосема здрав како и неговиот изглед.Кога поминува ХИВ периодот крајниот стадиум на ХИВ е СИДА, тоа е последната фаза од развитокот на вирусот.Кога стадимот СИДА стапува на сила тогаш организамот има симптими али на други болести, не на ХИВ, тогаш човекот нема одбрамбен систем и било која болест да го нападне ќе биде катастрофален за човекот.СИДА значи синдром на стекната имунодефициненција.
ХИВ може да се пренесе преку крв, незаштитен секс(Сперма, предсемена течност, вагинален секрет), и од мајка на дете.
Од мајка на дете може да се пренесе во текот на бременоста, при породувањето, и при доењето преку мајчиното млеко.
Преку крв може да се пренесе вирусот со директен допир на крв и отворена рана на кожата, преку нестерилизирани шприцеви, игрли, пирсови...
Преку сексот може да се зарази човек доколку дојдат во контакт сперма со вагинален секрет, доколку сексот е вагинален, преку аналниот секс, може да се зарази човек од микрокрварењата на анусот во допир со пенисот, истото важи и за оралниот секс.
Ако има прашања повелете.