Извинете за паниката
25 години по дијагностицирањето на СИДА-та, Светската здравствена организација призна дека нема глобална закана за хетеросексуална епидемија на СИДА а дека надвор од Африка, никогаш и немало.
Ова е прво службено признание дека стратегијата за глобална заштита, промовирана од најголемите организации за борба против СИДА-та во изминативе децении е погрешно насочена.
Доктор Кевин Де Кок, првиот човек на одделот за ХИВ и СИДА на СЗО, објаснува дека е променет начинот на кој треба да се перципира вирусот. Додека во минатото тој бил закана за целата човечка популација, денес тој не преставува опасност за луѓето надвор од суб-сахарска Африка, и е ограничен на високо ризичните групи вклучувајќи мажи кои имаат секс со мажи, интравенозни корисници на дрога, секс работници и нивните клиенти.
"Малку е веројатно да се појави хетеросексуална епидемија во останатите земји. Пред 10 години голем број луѓе зборуваа за епидемија на СИДА во Азија а Кина беше посебно голема грижа заради големината на нејзината популација. Сега тоа е малку веројатно. Сепак мораме да останеме внимателни," објаснува др. Де Кок.
Сепак тој потсетува дека годишно СИДА-та убива повеќе возрасни од сите воени конфликти заедно.
Во минатото ОН, СЗО и Светскиот Фонд беа критикувани и напаѓани дека го зголемуваат бројот на заразени со вирусот и на тој начин ги “крадат” фондовите од другите здравствени потреби како што е маларија, како и тоа дека парите се трошат на погрешни третмани и програми.
Критичарите на глобалната стратегија за борба против СИДА-та, се жалат дека се трошат огромни суми на информирање за вирусот на луѓе кои воопшто не се наоѓаат во ризик.
"Нема да завршиш многу работа околу СИДА-та, ако трошиш енормни суми на едукација за вирусот, во училиштата во Лондон. Тие пари треба да одат онаму каде што се случува епидемијата. И вистина е дека државите не секогаш се добри во тоа," признава Де Кок.
линк
Еве ги последните активности во Македонија:
Поделени еден милион кондоми Со програмата за едукација од 2004 година досега биле поделени повеќе од еден милион кондоми, а биле обучени за ХИВ/СИДА и 1.800 мажи што имаат секс со мажи. Оспособени биле и 1.387 лица со цел да ја шират едукацијата. Директно информирани за опасностите од оваа болест биле 27.000 млади, 245 сексуални работнички и 5.008 нивни клиенти, како и повеќе од 4.000 лица што инјектираат дроги. Ним им била поделена стерилна опрема за инјектирање. За опасноста од ХИВ/СИДА се информираат постарите од 15 години, односно средношколците, а не и основците бидејќи така е предвидено со програмата - рече Арников. Со парите што ги добија, организациите ќе ги продолжат проектите за превенција од „чумата на векот“.
Извор: Дневник